Во денешен „Дневник“ изјава на тренерот Тодоров:
„Во првата четвртина највисокиот играч на Левски, Бојко Младенов, доминираше во рекетот и таму откри слабост на МЗТ.
- Дефинитивно ни фали квалитетен центар за да доминираме под обрачите. Работиме на тоа. Во македонската лига нема да имаме големи проблеми со висината, во противничките екипи ќе ги нема Пековиќ, Мараш или Радуљица, играчи од српските екипи со кои се сретнавме викендов.“
Наместо да одговори зошто не е ангажиран центар, Тодоров дава изјава која најверојатно во првите кола од шампионатот ќе се покаже како тешко небулозна.