Падот на Цариград во 1453 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Падот на Константинопол (1453) настан што го промени текот на историјата

Денот на паѓањето на Константинопол е еден од најважните датуми во историјата на човештвото. Тој ден се смени речиси целата историја и влијаеше на многу настани со векови подоцна, а повторното освојување на градот од христијаните преставувало фасцинација за многумина во Европа многу години по падот на градот во рацете на Османлиите. Од друга страна пак падот на градот од страна на муслимате се сметало за остварување на пророштвото на Мухамед,а сето тоа претставувало дополнителен обединувачки фактор за исламскиот свет.

повеќе од WIKIPEDIA на Македонски јазик:
Во ноќта на 28 мај и 29 мај 1453 година Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Константинопол започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отомански обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски цар.
Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога Константинопол паднал во рацете на Турците, откако се расчистило небото од чадот од турските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Источното Римско царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на Гутемберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Византија) и со тоа ќе се обележи започнувањето на модерното доба.

Константинопол во Византиско време.​

270px-Eastern_Mediterranean_1450_.svg.png

Состојба во која се наоѓала империјата

Во текот на околу 1.100 години од постоењето на Византија, Константинопол под опсада се нашол повеќе пати и само еднаш бил освоен - во 1204 година во текот наЧетвртата крстоносна војна.[13] По првото освојување на градот Византија се распаднала на повеќе помали земји наследнички (односно на: Царството Никеја, Деспотатот Епир и Царството Требизон). Овие држави се бореле како сојузници против латините, но истовремено си претставувале ривали кои претендирале на тронот на Византија.
Царството Никеја на многу лесен начин успеало повторно да го освои Константинопол во 1261 година. Во вековите кои следеле, во голема мерка ослабената Византија се соочувала со напади од латините, од србите, од бугарите и најважно од турците османлии. Во 1453 Царството се состоело од Константинопол и неговата околина и од само уште еден дел од полуостровот Пелопонез (кој во тоа време се нарекувал Мистра). Царството Требизон формирано по Четвртата крстоносна војна, како потполно незавизна држава, успеало да опстои до 1461 година на бреговите на Црното море.
За поголемиот дел на жителите на Царството сѐ уште биле свежи сеќавањата на погубните резултати од Четвртата крстоносна војна и за пљачкосувањата кои во тој период биле направени. За нив католичкиот свет не можело повеќе да се смета за христијански. Потребната воена помош од Западот секогаш била нудена по цена на унијатење на црквите. Тоа за мнозинството во Византија се сметало за прескапа помош.
Разединет и слаб, градот кој пред неколку векови изобилувал со златни статуи и украси по црквите сега претставувал само бледа копија на убавината и раскошот кои пред неколку векови ги поседувал. Зградите кои биле уништени од последниот земјотрес не биле обновени, а трговијата во царското пристаниште со текот на времето значително се намалила.

Подготовки

Унгарски топ, наречен според инженерот Orban од Унгарија кој успеал да им го турците непосредно пред започнувањето на опсадата на Константинопол. Прикажаниот примерок му припаѓа на Британскиот воен музеј.

Портрет на султанот Мехмед II

Кога султанот Мехмед II го наследил својот татко Мурат II на престолот на Отоманската империја се верувало дека тој нема да биде способен владетел и дека нема да претставува голема закана за христијаните на Балканот и на Егејското море.[18] Ваквото мислење било поткрепено од пријателскиот прием кој тој им го укажувал на пратениците кои ги примал во својот двор. Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решава да изгради нова тврдина на европската страна на Босфор со што се зајакнува турското влијание во теснецот. Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратува можноста да добива помош од колиниите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црното море. Новата твдрина била наречена Римска тврдина (турски: Rumeli Hisarı).
Византискиот император Константин XI апелирал до Западна Европа за помош, но неговите барања не наишле на очекуваното внимание. Уште од времето на Големата шизма од 1054, римокатоличкиот Запад се обидувал да стекне доминација на Истокот. Затоа унијатството било отворена тема со која се условувала помошта уште од XIII век. Императорот Јован VIII Палеолог во 1439 година во Фиренца успеал да договори унијатење на источната со западната црква, но како резултат на големи негодувања во Константинопол предизвикани од настаните од периодот на падот на Константинопол во 1204 година овој договор не бил прифатен...... За повеќе на WIKIPEDIA http://mk.wikipedia.org/wiki/Падот_на_Константинопол_(1453)

Како вие гледате на падот на Константинопол, како влиеше врз текот на историјата и текот на историјата дали ќе беше подруг доколку не се случеше тој настан?
 
Зависта и злобата на западниот свет го уништила Југоисточниот дел од Европа и Мала Азија... Тоа се повторува до ден-денес, одново и одново... И во 19 и 20 век на Западна Европа повеќе сакале да имаат една Турција која ќе го држи Балканот, отколку една независна Македонија во најубавиот дел од Балканот.

Султанот Абдул-Хамид II (1876-1909) ги дочекал европските делегати во Цариград и им покажал нацрт од нов либерален закон, со кој ќе се овозможело да се добие нова парламентарна влада за целото негово владение. Сите негови предлози од страната на големите сили биле одбиени затоа што тие знаеле што се крие зад неговиот план : Отоманската империја во тој случај, со новите закони и парламентарна влада ќе ги решавала САМА своите проблеми и реформи. Русија незадоволна од преговорите стапила во сојуз со Австро-Унгарија (јануари 1877) размислувајќи за војна со Турската Империја, при тоа ветувајќи и ја Босна и Херцеговина, Санџак и Нови Пазар во случај на победа. Покрај тоа Австро-Унгарија барала Русија да вети дека нема да дозволи креирање на голема православна држава на Балканот, а и доколку се распадне Отоманската Империја, Бугарија да стане автономна држава, а Цариград да биде слободна зона...
Како што гледате, за 400 години ставот на Западните држави не се променил ни за Јота, а формирањето на Југославија било само една епизода...
Ете затоа паднал Константинополис (и цела Византија). Крстоносните војни и Латинските кралства ја упропастиле Византија и создале погодно тло за продирање на Турците.
И кога Михајло VIII Палеолог го превзел Константинополис од Латините и се обидувал колку-толку да ја зацврсти монархијата, Турците веќе биле во неговиот двор. Биле донесени од Јован VI Кантакузин за да му помогнат во соборувањето на (според мое мислење легитимниот) цар Михајло Палеолог. Е после кога видел што направил, пробал со пари да ги кандиса своите дотогашни сојузници Турци , да се вратат назад, но не успеал (нивниот водач, Емирот Орхан не се удостоил ни да дојде на закажаниот состанок). Западна Европа не ни помислувала да им помогне на Византијците и гледала како само корист да извлече, напротив, им продала топови на Турците со кои тие ги урнале ѕидините на Цариград. Истите тие топови не сакала да им ги даде (ниту продаде на “почек“ или кредит) на “своите“ Христијански браќа како би се одбраниле.
И, кој е на крај, виновен за падот на Константинопилис?
 
Интересна е темава поготово што користиме западна терминологија и историски извори та за Византија велиме дека е источното римско царство.
Но во истиот текст ќе видиш дека западниве од истото царство на неколку пати го пљачкосуваат Константинопол или Цариград а беа тргнале да го ослободуваат светиот град Ерусалим.
Па ако прочепкаш уште малку ќе видиш дека венецијанците ги отвориле портите на селџуците.
Интересен е тој сојуз на Ватикан и исламот кога се работи за православната земја.
Но сето тоа е добро прикриено и со многу измешана терминологија за да одредени народи до ден денешен живеат во темнина, без вистината.

Но се има свој почеток и крај.
Источната имеперија која воскресна врз темелите на античко македонската држава преставуваше светол пример за достигнувањето на нашиот народ, но и школа која на крајот ни покажа како не треба да се владее со државата, како не треба да се слуша странецот пред својот, како не треба да се верува толку во помошта од западот.
Таа лекција до ден денешен не е научена.

Европа, односно западот, повторно ја пушти Турција на Балканот за да биде газда на нешто што не е ниту на едниот ниту на другиот сопственост.
 
:cuc:
 
Како што пишува погоре: Западните земји го уништија Константинопол, наместо да тргнат да го ослободат Ерусалим тие тргнаа и го напднаа Константинопол, оставајки го немоќен а со тоа и лесен плен за Отоманците. За тоа е крив највеќе Папата за тоа што Константинопол пада пред моќната отоманска армија. Србите спречија на Косово да цела Европа НЕстане отоманска.
 
Со падот на Константинопол почнува преродбата во западните земји(ренесанса), затоа што после 1453 скоро сите научници, филозофи, уметници пребегале во Италија и со себе ги пренеле античките знаења.Падот на Ромејското Царство е во суштина почеток, на модерното доба.Среќа во несреќа. :confused:
 
тие католиците (ПАПА) им помогна на муслиманите и ги наштетија православните и сега денешен век муслиманите ги напаѓа американците и западноевропејци поради некаков џихад ...хм хм како се се врти тркалото;)
 
Да да, католици, муслимани, сите виновни ама никој не помислил што е со самите нас, ете ајде да речеме, било и останало историја, ама сега кажете, како е можно најголемите негатори на Македонците да се непосредните православни земји?
 
Падот на Цариград во 1453 е само симболика. Крај на една државна творба која порано била империја, но на која во времето на конечната пропаст и останало само славното име и традицијата. За мене многу позначајна е 1204 година и Четвртата крстоносна војна, по која Ромејското царство се распаѓа на неколку држави, кои ќе се обединат за отприлика половина век. Иако ќе се обединат и Цариград ќе биде вратен, сепак од овој период натаму важноста на Ромејското царство постојано ќе опаѓа и полека, ама сигурно од клучен фактор во регионот, ќе стане држава од третостепено значење. Џевата што се крева, пак ќе повторам е поради името и значењето на градот Константинопол, и се` во врска со него. Инаку дотогаш Османлиите веќе се длабоко навлезени на Балканот, Ромеите не претставуваат закана (нив никој не ги рецка ни два посто, помошта што доаѓа од Запад да го брани градот е смешна), и прашање на време е кога Цариград ќе падне. Порано, пред топовите, било речиси невозможно неговото освојување, ама тоа било порано.
 
Џевата што се крева, пак ќе повторам е поради името и значењето на градот Константинопол, и се` во врска со него.

За ова си сосема во право.Симболиката е многу опасна работа.Например, грците уште сонуваат дека ќе си го вратат Константинопол, дури има легенда дека Константин XI ќе се врати и ќе го освои градот со тоа што ќе влезе преку Златната Порта.
 
Како што пишува погоре: Западните земји го уништија Константинопол, наместо да тргнат да го ослободат Ерусалим тие тргнаа и го напднаа Константинопол, оставајки го немоќен а со тоа и лесен плен за Отоманците. За тоа е крив највеќе Папата за тоа што Константинопол пада пред моќната отоманска армија. Србите спречија на Косово да цела Европа НЕстане отоманска.

Напротив, Србите се виновни за големиот продор на Турците на Балканот. Кога Волкашин и Угљеша барале помош за Турците да бидат сопрени на самиот нивни влез на Балканот, тие не дошле на помош. Кога Волкашин и Угљеша не би биле сами туку во заедница со другите Балкански владетели, нивната војска би била со завидна големина (и во таков формат, Турците ја победиле нивната војска така што ги фатиле на спиење - ги нападнале во рани зори, уште не било разденето така што голем дел од војската избегал во паника, а остатокот пружил неорганизиран и слаб отпор). На сите тие владетели Турците им биле сеуште далеку од нивните земји и тие очекувале Волкашин да загине и неговата војска да ослабне, за да се сторат тие владетели... Но, старите рекле : “Не смеј му се на комшијата да не го фатиш за шијата!“ па туѓата несреќа на која што триеле раце ги снашла и нив. Кралот Марко бил и многу фин кон оние што го предале на смртта неговиот татко, па се трудел да “задоцни“ на Косово и да не се бори против своите. Кога би бил јас на негово место би се борел уште пожестоко против своите кои ме предале... Подоцна, битките на Косово се само безуспешен обид да се запре водената стихија која руши се пред себе, кога веќе не се поправиле оштетувањата на браната совреме. А можеби и Србите очекувале некоја помош од запад па да тргнат во битката на Марица, па откако станале свесни дека нема такво нешто, храбро се бореле на Косово (што би рекле тие : “Ѓаво је однео шалу“). Настрана тоа што многу Срби се бореле на страната на Отоманците, дури покажале големи јунаштва во тоа, дури повеќе и од самите Турци, а ги имало и во опсадата на Константинополис.
 
тие католиците (ПАПА) им помогна на муслиманите . . .

Сметам дека светот во тоа време не бил биполарен и поделен само на католици и муслимани туку бил поделен на католици и сите други останати, а останатите биле православните(ортодоксни) и муслиманите, така што и денес се рефлектира католицизмот како основна религија на Западниот Свет и услов да се биде дел од тоа снобовско друштво како што е и самата Европска Унија.
 
Клуб на католички земји, и тие православни што влегоа мора да прилагодат календарот според другите католички земји за да не трпеле економска штета (???!!?!??!) . Турција е земја- кандидат за влез во ЕУ од не знам која година и уште не е влезена зошто се муслимани, и го користат Кипарското прашање како услов т.е. за да се извадат.
 
Сметам дека светот во тоа време не бил биполарен и поделен само на католици и муслимани туку бил поделен на католици и сите други останати, а останатите биле православните(ортодоксни) и муслиманите, така што и денес се рефлектира католицизмот како основна религија на Западниот Свет и услов да се биде дел од тоа снобовско друштво како што е и самата Европска Унија.

донекаде се согласувам сепак во тоа време беше поделен односно римското царство беше поделен (западно и источно) поради несогласувања околу религии и политички разлики и така настана католици и православни и со векови не се поднесуваат меѓусебе и поради тоа католиците им помогна муслиманите со цел да се распадне источно римско царство(православните) и цариградска патријаршија пропаѓа;)
А денешно време снобовско друштво повторно ги направија таква тактика на пример Албанија требало да биде муслиманска држава ама некако успеал да дејствува да биде католичка и ете населението во Албанија има околу 60% католици и останатите православни,муслимани и др.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom