Читајте ги со резерва Тупурковски, Донски, Маркус и другиве wanna be историчари. Никој од нив не е по професија историчар (првиот правник, вториот историчар на уметност и третата филозоф) и нивна стручност не е античка историја. Како што сум пишал погоре книгиве се полни со субјективизам, измишљотини и тешки глупости. Поповски во „Митологијата на Македонците“ зборува за Македоноиди, Црноиди и Монголоиди. Мислам wtf, дали е нормален? За да пишуваш историја (особено античка) треба да си добро поткован, да ги познаваш класичните јазици и да знаеш методолошки да толкуваш и обработуваш извори.
Моментално најквалитетни книги за Античка Македонија на македонски јазик се:
* Наде Проева - „Историја на Аргеадите“; може да се најде по книжарници тук-таму ама е релативно скапа, во студентскиот сервис на ФФ е нешто поефтина (околу 800 ден беше јас кога ја купив).
* Фанула Папазоглу - „Историја на хеленистичкиот период“; ептен добар приказ на животот и владеењето на Александар Велики, како и на неговите наследници дијадоси. Македонското издание е прилично старо од 1995 година. На Купикнига.мк го има
српското издание.
* Фанула Папазоглу - „Историја на епигоните“; е ова може да се најде по книжарници.
** Наде Проева - „Студии за Античките Македонци“; намерно не е пишав погоре бидејќи е слична со првата. Изданието е постаро (199х) само што во него може да се најдат податоци за Македонија под римска власт.
** Машкин - „Историја на стариот Рим“; книгава ја има на македонски, само тешко се наоѓа. Издание на Зумпрес од 1997 година. Тука може да се најдат информации за Римско-македонските војни и потоа за провинциската власт во Македонија.
Литература на англиски јазик има во тони и тони, но претежно во нив се негира посебноста на Античките Македонци (освен кај некои автори Ј. Борза во преден план).
Оригинални извори преведени на македнски и блиските соседни јазици кои јас ги имам сретнато:
* Херодот - „Историја“; има македонски превод од 1998 и постара српско-хрватска варијанта. Говори за почетоците на династијата на Аргеадите и учеството на А. Македонци во Грчко-персиските војни (пред се за Александар I).
* Тукидид - „Пелопонеска војна“; преведена на српски јазик. Може да се најдат информации за инволвираноста на Ант. Македонија во Пелопонеската војна.
* Ксенофонт - „Хеленска историја“; преведена на српско-хрватски јазик. Опфатен периодот 411-362 п.н.е.
* Псевдо-Калистен - „Романот за Александар“; Насловот си говори самиот. Имам пдф издание на Ѓурѓа ама незнам колку е квалитетно, ако некој пише ПП може да му го пратам. И од Слово го имаат издадено ама не сум го сретнал и неможам да коментирам.
* Диодор од Сицилија - „Историска библиотека“; животот на Филип II и Александар III. Преведено на српски јазик.
* Јустин - „Филиповата историја“; преведена на македонски.
* Аријан - „Александровата анабаса“; преведена на македонски. Аријан лично црпел информации од делото на Птоломеј, соработникот на Александар така да е прилично веродостојно. Препорачано.
* Квинт Куртиј Руф - „Историја на Александар Велики“; преведена на македонски.
* Плутарх - „Напоредни животописи“; преведени се 10 биографии на личности поврзани со историја на Ант. Македонија. Војкан заврши добра работа со преводот.
* Демостен - „Филипики“; говорите на Демостен против Филип II. Знам ги издадоа од Ѓурѓа, каков е преводот незнам.
Ова се мои препораки за печатени книги.