Новинарство-Журналистика-генерлно

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
БАРАМ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ...не јадење говна
Како што веќе знаете драги мој па и не баш така драги . Во земјава состојбата на новинарството е трагична.На нашите мали екрани фантастични „скромни“ месец дена МРТВ сеуште ја емитува воената парада.Вработените во МРТВ сигурно си даваат сами себе FACEPALMS ! 24/7 Ама мораат да ќутат.Инаку иам приметено дека само МРТВ има камиони..тоа не се возила на МРТВ тоа се ПОДВИЖНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ..фул опрема .. возило доволно да го сместиш цацко конопишки НА КВАДРАТ во него..Сведоци сме на секојдневно линчување на Македонското уво и око кобни аудио и видео записи се емитуваат на сител.Сител инаку го поседува сајтов (за тие што незнаат) горе доле тие се керките фирмите сајтовите.Единствено нешто што е поседувано од сител а не е политизирано (не целосно е форумов-затоа и е најјак и најполуларизиран највеќе им се исплатело овој форум да го рекламираат и буткаат нанапред).Значи сепак состојбата е лоша.Со самото пропаѓање на А1 Македонија е во хаос.Голема продукциска куќа падна на нозе.И тие беа исполитизирани.Главна причина зашто викиликс нема партнери во Македонија е токму (не)објективноста на медиумите.Овде барам да споделите ваши искуства колку стварно ви помогнала А1 колку ја трпите сител и мртв .. која впрочем беше мртв и за што е друго денеска синоним мртв ако не за проституција и јак секс ?! ..Има ли обука негде за млади новинари ? 18 минус години ..колку сте вие заинтересирани за новинарство .. би го впуштиле ли вашето дете во таква експедиција ??зашто во македонија нема реално објективни медиуми? Прашање по прашање а одговор НЕМА
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
генерално за новинарство во Македонија?
се е една голема пропагандна партиска фабрика...која само мачка очи на народот....сите се исти....едни работат за едни, други за другите...
ова се сончоглед медиуми...
секоја чест на исклучоците (некои новинари).
 
M

Moon Child

Гостин
МРТВ ја претераа сеуште прославата ја емитуваат кога и да пуштам успат. Мене не ми е јасно за што по ѓаволите не присилија да плаќаме (во спротивно нели чичко извршител на врата ќе ти дојде), кога пак се тиње? Пак ништо ново не понудуваат, пак емитуваат едно те исто по милионити пати... КАј одат парите оваа телевизија што ги зема од народот? Еве веќе доста време е тоа со присилната наплата, па мајку му стара досега ќе имаше нешто на виделина:tapp:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
БАРАМ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ...не јадење говна
Како што веќе знаете драги мој па и не баш така драги . Во земјава состојбата на новинарството е трагична.На нашите мали екрани фантастични „скромни“ месец дена МРТВ сеуште ја емитува воената парада.Вработените во МРТВ сигурно си даваат сами себе FACEPALMS ! 24/7 Ама мораат да ќутат.Инаку иам приметено дека само МРТВ има камиони..тоа не се возила на МРТВ тоа се ПОДВИЖНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ..фул опрема .. возило доволно да го сместиш цацко конопишки НА КВАДРАТ во него..Сведоци сме на секојдневно линчување на Македонското уво и око кобни аудио и видео записи се емитуваат на сител.Сител инаку го поседува сајтов (за тие што незнаат) горе доле тие се керките фирмите сајтовите.Единствено нешто што е поседувано од сител а не е политизирано (не целосно е форумов-затоа и е најјак и најполуларизиран највеќе им се исплатело овој форум да го рекламираат и буткаат нанапред).Значи сепак состојбата е лоша.Со самото пропаѓање на А1 Македонија е во хаос.Голема продукциска куќа падна на нозе.И тие беа исполитизирани.Главна причина зашто викиликс нема партнери во Македонија е токму (не)објективноста на медиумите.Овде барам да споделите ваши искуства колку стварно ви помогнала А1 колку ја трпите сител и мртв .. која впрочем беше мртв и за што е друго денеска синоним мртв ако не за проституција и јак секс ?! ..Има ли обука негде за млади новинари ? 18 минус години ..колку сте вие заинтересирани за новинарство .. би го впуштиле ли вашето дете во таква експедиција ??зашто во македонија нема реално објективни медиуми? Прашање по прашање а одговор НЕМА
бараш аргументи и факти, а кај тебе освен лично мислење и пристрасност за а1 не прочитав ништо друго.
Сакаш да кажеш дека А1 беше објективна ?
А1 переше мозок(се разбира и пари) повеќе од сител канал5 и мтв заедно, а последица на тоа е твојава тема.
искрено од кога згасна а1 многу поубаво се осеќам, нема кој да ми трола секој ден дека се не чини, се е катастрофа и ние се наоѓаме во 9 тиот круг на пеколот.
а се знае под чии конци беше тоа, гледам на некои лево приврзани телевизии (да не потенцирам) во чии емисии гостуваат ЕКСПЕРТИ (да имат човекот цела енциклопедија во глава ама кога нема здрав разум уште полошо е тоа, знае како да го манипулира примитивниот народ што е кај нас во голем процент) и тие експерти зборуваат у стилот дека многу сме славеле за кошаркарите, не требало да сме славеле они за тоа биле плаќани, и МНОГУ прослави имало, да не сме славеле толку туку поубаво ни било да бидеме во депресија и да се жалиме колку ни е катастрофа и крива ни била државата..
инаку незнам како тоа мислиш дека кога со тоа што пропаднала а1 ние сме влегле во хаос?
 

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
не реков дека А едно е објективна :) реков само дека даваа закон програма и добри филмови .. а не нешто индиско човече стварно треба да се најде место да се заебава сител многу убаво сега на рејтинг добија со кошаркава се кладам дека ако викаа ѕинго педер напред македонија еј олеј дека ни дисплеј ќе имаше на плоштад ни ништо -.-
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
зашто во македонија нема реално објективни медиуми?

Зашо новинариве ги заболе за објективноста , ги занимаат парите и нарачаните срања шо ги сервираат , малце рекет на нив ..малце они рекет .. и така се се врти у медиумскиот круг.
 
M

Mario Gómez

Гостин
имаше ник слотер, јуни месец, пред да почнат нба натпреварите даваа тропски горештини, 2 сатот од прилика.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Ќе ти кажам дека не постои во Македонија новинарство туку политика, сите кои што се новинари си имаат политичка страна, и серат за другата политичка страна.Баш ми е мило што ја затворија А1 ако се затвори и Сител ќе биде уште поарно, стварно срамота е за тоа не ми се гледа тв, само серат се они сакаат се они немаат права за слободно новинарство патетични се !:mad:
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.009
Зашо новинариве ги заболе за објективноста , ги занимаат парите и нарачаните срања шо ги сервираат , малце рекет на нив ..малце они рекет .. и така се се врти у медиумскиот круг.
Не е само до новинарите, всушност, и малку е до нив. СЕ е до уредниците на медиумите. Тие одлучуваат кој новинар на што ќе работи, што ќе истражува и пред се тиег го имаат главниот збор за тоа што ќе се објави. Колку и да има добра статија новинарот ако тоа не му оди во прилог на уредникот, џабе е.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во Македонија не постојат новинари. Тоа се‘ се инструменти на некоја партија. И да не се директно на партија, се на уредникот или газдата, кој што пак е директно поврзан со една или друга опција. Еден новинар нема што истражува некој случај објективно, значи еден. Да се фати за некоја сторија, и да ја тера. Новинарите БИ требало да ја имаат моќта да откриваат заткулисни игри, и да презентираат на јавноста она што некој сака да го скрие, или да бидат очи на јавноста, истата да не биде манипулирана. А всушност тие се тие што ја манипулираат, или по нашки многу популарно перат мозок. Од телевизија се откажав одамна, чат-пат читам по некој весник, и косава ми се исправа инстантно.
Еклатантен пример: се случува протест околу Собрание, и тоа за време на прва конститутивна седница по избори, протестирачи го обиколуваат Собранието, ги блокираат сите влезови/излези, и тоа го има делумно само на 2 телевизии. Другите даваат слика само од внатрешната страна на Собранието како надвор ништо да не се случува. Ни државната телевизија не пренесува ништо, таа, која сите ние ја плаќаме секој месец, која МОРА да извести за се‘ што се случува во државата.
И како сакате после независно и објективно новинарство?
 
Член од
10 октомври 2010
Мислења
54
Поени од реакции
54
БАРАМ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ...не јадење говна
Како што веќе знаете драги мој па и не баш така драги . Во земјава состојбата на новинарството е трагична.На нашите мали екрани фантастични „скромни“ месец дена МРТВ сеуште ја емитува воената парада.Вработените во МРТВ сигурно си даваат сами себе FACEPALMS ! 24/7 Ама мораат да ќутат.Инаку иам приметено дека само МРТВ има камиони..тоа не се возила на МРТВ тоа се ПОДВИЖНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ..фул опрема .. возило доволно да го сместиш цацко конопишки НА КВАДРАТ во него..Сведоци сме на секојдневно линчување на Македонското уво и око кобни аудио и видео записи се емитуваат на сител.Сител инаку го поседува сајтов (за тие што незнаат) горе доле тие се керките фирмите сајтовите.Единствено нешто што е поседувано од сител а не е политизирано (не целосно е форумов-затоа и е најјак и најполуларизиран највеќе им се исплатело овој форум да го рекламираат и буткаат нанапред).Значи сепак состојбата е лоша.Со самото пропаѓање на А1 Македонија е во хаос.Голема продукциска куќа падна на нозе.И тие беа исполитизирани.Главна причина зашто викиликс нема партнери во Македонија е токму (не)објективноста на медиумите.Овде барам да споделите ваши искуства колку стварно ви помогнала А1 колку ја трпите сител и мртв .. која впрочем беше мртв и за што е друго денеска синоним мртв ако не за проституција и јак секс ?! ..Има ли обука негде за млади новинари ? 18 минус години ..колку сте вие заинтересирани за новинарство .. би го впуштиле ли вашето дете во таква експедиција ??зашто во македонија нема реално објективни медиуми? Прашање по прашање а одговор НЕМА
Леле па тие А што беа едни цвеќиња за мирисање. Катастрофа ТВ. Од секогаш ми одела на нерви. Далеку од тоа дека Сител се супер ама не знам зошто толку се потресуваш за А1.
А што се однесува до твоето прашање за дали има негде обука за млади новинари, па нели има факултет за новинарство и една приватна школа за новинарство (ако не се лажам)?
Обука има но кога ќе дипломираш и ќе се вработиш во некој медиум, прво одлучува газдата, потоа уредникот а (не)објективноста на новинарот е најмалата ситница во случајов затоа што новинарот мора да ја изврши должноста која од него се бара и ништо повеќе.
 

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
Луѓе во главно тоа што го напишавте јас се согласувам со вас.Но некој што прати филмска музичка сцена и едвај чека пиртски изданија и сајтови кај што може да се симне не објавен филм (хакерски масла) .. мислам дека еден таков човек да се вработи во Сител дека ќе имаат каде каде подобра програма.Жал ми е за а1 луѓе даваа добри и современи филмови,Терминатор,Блејд ..доста квалитетни амерички филмови .. имаа добри филмови .. мада го утупеа за избори..владата ако имаше за нешто право беше за тоа дека СДСМ да го платеше долгот према А1 немаше ова да и се случи..Сега гледам сакаа и највавуваа спектакулираен кам-бек на а2 ..ама ништо изгледа..жалам..имаа добри филмови..добри серии .. го правеа тоа со посебен шмек.. ама тоа е тоа .. иначи прашуев за обука за аматери а за после средно завршено знам дека има факс за новинарство
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Факти: За половина година затворени А1, Шпиц, Време, Коха ***, Форум, Лајф Магазин, избркани новинари од Утрински, исплаќање плати во бонови од „Промес“, притисоци врз компании да не се рекламираат на критички медиуми зашто „тоа е лошо за нивната репутација“.

МРТВ должи 1 милион евра на државата, пари за кои и` е дозволено да ги враќа на 120 рати. Тука ќе го видите реципроцитетот и правичноста на системот, ако споредите дека на А1 не и беше дозволено да плаќа на рати. Едно е Велија што крадел (во соработка со ДПМНЕ), а друго е медиумот да не функционира. Проблемот со државата е што медиумот А1 го гледаше како продавница за кондури, а не како медиум битен за креирање на јавното мислење. Односно, на власта и беше совршено јасно какво тоа влијание А1 имаше, па го искористи превезот на даночното затајување (кое несомнено постоеше) за да спаси глава од критиките на телевизијата. Откако нели, Велија и Груевски престанаа да одат по селата и да узвичат „Името не го даваме корења ќе јадеме“ (ова се случуваше во 2008 година, за оние со пократок фитиљ на паметење).

Факт: ВМРО - ДПМНЕ предлага и потоа изгласува Измени на законот за радиодифузија, според кои бројот на членови на Советот за радиодифузија се зголемува од 9 на 15. Новите шест членови ги предлагаат институции како Претседателот Иванов, Агенцијата за електронски комуникации итн итн, сите блиски на власта односно со членство од партијата на власт. Со зголемувањето на бројот на членови, се монополизира контролата врз СРД од страна на ВМРО - ДПМНЕ и СРД функционира како гласачка машина.

Факт: МРТВ изнајмува комбе со опрема (од Бугарија) за да врши директен пренос на 8 - ми септември, за истото плаќа 80. 000 евра. Со толку пари монтажното комбе може да се купи а не да се изнајми.

Факт - МРТВ никогаш не била сервис на граѓаните туку секогаш била пропагандна машина на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ зависно од тоа кој бил на власт. Ниту едната ниту другата партија не се потрудила да ги ослободи од своите канџи најголемата телевизија во Македонија, затоа што всушност МРТВ се финансира од буџетот, а со буџетот раководи токму партијата која ја има власта. Затоа тупев пред две три години, дека радиодифузната такса треба да биде ЕДИНСТВЕНИОТ извор на финансирање на МРТВ и тврдев дека не е исто дали парите ќе се даваат од буџетот со тоа да се даваат од посебен фонд за финансирање на МРТВ. Вака - најголемиот број владини реклами (кои што се многу скапи) се емитуваат на МРТВ, па тоа му доаѓа како легално подмитување и уќутување на МРТВ. Како што знаете, тоа е телевизија која се занимава со сите протоколарни активности на функционерите на власта и со години не вложила во останатите функции кои треба да ги задоволува кај гледачите (образовна, забавна, научна итн итн).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom