nikoj ne gi osuduva za nivnata homoseksualna priroda( sto sakat neka si pravata doma ) edina osuda e i so pravo.
da ne mozat da posvojat deca, kazi mi ti deteto izrasteno vo takva sredina, dali ce bide normalno. Deteto e tabula rasa, koe kako raste, kako se razviva, taka mu se formira negovata SVEST !!!
Грешка, голема. Детето не е табула раса.
Детето почнува со перцепирање на својата околина уште додека е фетус. Реагира на својата околина уште тогаш. Учи, уште тогаш.
Се претпоставува дека има свест, која се разликува од онаа која на нас ни е позната.
Но сепак, детето е способно да учи и додека е во утробата, да памети... Да реагира бурно кога е во бучна средина, да биде мирно и питомо кога слуша мил глас или музика.
Има испитување каде што биле испитувани мајките, поделени во категории, на оние кои го сакаат тој плод, и оние кои не го сакаат. По раѓањето, забележани се многу позитивни карактеристики (психички) кај плодовите кои биле носени од мајки кои ги сакале, и многу негативни кај оние другите.
Детето се раѓа без предрасуди, па раснењето во хомосексуална средина нема да влијае негативно на него, од аспект дека нема да го натера да биде хомосексуално, ниту да мисли дека хетеросексуалноста е погрешна. Самата сексуална ориентација на родителите не влијае значително или погрешно врз детето - многу други фактори влијаат.
--- надополнето: Sep 29, 2011 5:00 PM ---
И еве една хипотетичка ситуација.
Имаме две лезбејки, кои не можат да стапат во брак, ниту да имаат деца.
Едната одлучува да се оплоди вештачки, за тоа не и е потребен маж, ниту партнер - си постои банка за сперма.
Го раѓа тоа дете и живее во вонбрачна заедница со својата девојка.
Што е подобро?
1. Ова да постои и да биде скриено, според тоа и неможно за контролирање од социјална служба
2. Да биде легализирано, па според тоа и подложно на контрола од социјална служба