Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?


  • Вкупно гласачи
    360

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Ако под скромен живот мислиш на кутија цигари и флаша пиво тогаш си во право... Секој може да си приушти таков живот со некоја работа.
Но дали можеш да створиш нешто работејќи во оваа земја? Да си го решиш стамбеното прашање, да се ожениш, да си го школуваш детето/децата, да си приуштиш еден одмор во годината, да плаќаш сметки за струја/вода/телефон/телевизија/интернет, да плаќаш данок на имот, да си го наполниш резервоарот на автомобилот...
За такво нешто сака нешто повеќе од просечната македонска плата... таква земаат некој 10-15% од вработените...
може се од наведеното ќе има освен кола ама пак би бил среќен и да треба станот да го отплаќам на кредит цел живот, зошто ќе знам за кој работам, без да чекам да ги видам луѓето што ги сакам најмногу еднаш на двете години...и да заборавам како се живеело во македонија
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.893
OK 1 изолиран случај.. и ај да се затворам у некој подрум да се изолирам,да негледам луѓе ќе умрам од глад. Како прво ние не сме таков народ да оставиме некого да умре од глад,ако не пари барем нешто храна секој ќе даде..Може нема кавијар да јадам,ама патлиџан и пипер да
 

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
може се од наведеното ќе има освен кола ама пак би бил среќен и да треба станот да го отплаќам на кредит цел живот, зошто ќе знам за кој работам, без да чекам да ги видам луѓето што ги сакам најмногу еднаш на двете години...и да заборавам како се живеело во македонија
А и да додадам што мислиш тие што се во македонија социјален случај во странство ќе ги пречекаат со широки раце, да бидеме реални, не ги чека работа штом отдат било каде, како прво не знаат ни англиски и работат најчесто тфр, тоа не е живот
--- надополнето: Sep 27, 2011 11:25 PM ---
OK 1 изолиран случај.. и ај да се затворам у некој подрум да се изолирам,да негледам луѓе ќе умрам од глад. Како прво ние не сме таков народ да оставиме некого да умре од глад,ако не пари барем нешто храна секој ќе даде..Може нема кавијар да јадам,ама патлиџан и пипер да
се алагам, како да на страна не умираат од глад, ружи цветаат, понекогаш бараме премногу од животот, и не сме благодарни на она што го имаме
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
OK 1 изолиран случај.. и ај да се затворам у некој подрум да се изолирам,да негледам луѓе ќе умрам од глад. Како прво ние не сме таков народ да оставиме некого да умре од глад,ако не пари барем нешто храна секој ќе даде..Може нема кавијар да јадам,ама патлиџан и пипер да
Пријателе никој не се затвора во подрум затоа што му е убаво.
Никој не оди во народна кујна затоа што таму јадењето е кул.
Никој не проси за леб или не моли за дрвце за огрев ако му е пријатно.

Имаме во македонската литература колку сакаш примери и писатели кои се занимавале со овој проблем. Штета што ретко кој ги прочитал.

И настрана изолираниот случај, постојат уште стотици и стотици луѓе кои навистина немаат за леб, се разбира ретко кој од нив буквално умира од глад... но некои од нив во желба да се спасат се препуштаат на криминал, просјачење, насилство...
Изгледа многу просто да пресметаш дека месечно па и не ти треба повеќе од илјада две илјади денари за да преживиш (лепче, млекце - еднаш дневно толку му се фаќа). А сите ја занемаруваат широката слика - дека тоа се претежно големи фамилии со повеќе деца и стари, без стан, без образование, фрлени на работ на општеството.
Сега брзо гледав за една жена која без документи живее во дворот на тетовската болница. Незнае како се вика и од каде доаѓа, а седи тука во случај ако и затреба помош.
Ваквите случаи тешко можеш да ги наречеш „изолирани“. Знаеш ли како е во руралните средини? Каде нема ни медиуми ни власти ни социјални служби? Знаеш ли дека пред некој ден објавија дека 200 луѓе се шетаат низ државава без никаква идентификација (претежно роми - така рекоа)?

Родителите обично им велат на децата, ќе гледаш фамилија - па ќе видиш како е. Не треба никој тоа да го зема здраво за готово. Растењето во држава не е проста математика на леб+млеко+огрев = живот... Многу повеќе од тоа е во прашање.

Овде на форумов 99% од луѓето не можат ниту да замислат како е тоа „да живееш на патлиџан и пипер“, се надевам и дека нема да го доживеат тоа во животот. Но немојте само така да се расфрлате со таквите фрази - ќе јадеме корења но ова е наша земја и сл.

Ова не се однесува само на сиромашните. Истото може да се преслика и на средниот слој.
Ако мојот труд не се цени во оваа земја, зошто да не одам надвор? Зошто да тропам на врати, да барам пријатели за нешто што легитимно ми припаѓа? Зошто да живеам „крпен живот“ ако можам да живеам „добар живот“?

Да се вратам на темата... Статистички поверојатно е дека ќе завршиш трагично во оваа земја, отколку некаде надвор. Тоа не значи дека охрабрувам некого да ја напушти земјава и да бара чаре на дивиот запад, но истовремено никого не се обидувам да одвратам од планот да си ја бара својата „среќа“ надвор од овде...Статистички е во право.
--- надополнето: Sep 27, 2011 11:46 PM ---
може се од наведеното ќе има освен кола ама пак би бил среќен и да треба станот да го отплаќам на кредит цел живот, зошто ќе знам за кој работам, без да чекам да ги видам луѓето што ги сакам најмногу еднаш на двете години...и да заборавам како се живеело во македонија
А ако се случи да ја загубиш работата? На 10-тина дена? Месец?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
А умрел ли некој од глад во Македонија? Не искрено,најди ми статија,вест или било што објавено дека некој од глад умрел.. до кога со таа кретенска фраза :tapp:
Нема да умре од глад, ќе мизерува во име на... И мајмунот во зоолошка нема да умре од глад ама ако живее човек само за храна како во зоолошка...само животно живее исклучиво за храна и парење.
Станати сме као шверцерска торба.
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
27
Поени од реакции
15
Мнозинството ги одбираат парите и тоа е факт, секој 4ти Македонец има бугарски пасош.
 
A

Antigona

Гостин
ако сакам да имама барем јас можам и во македонија да имам доволно за еден скромен живот, не сонувам за раскошот и богатствотот на нашите иселеници што само тие знаат како го постигнале и знам дека немаат време кај да ги потрошат парите, работат 24часа дневно
Кој тоа те излажал дека работат 24 часа дневно ?

Најнормално си работиме по 8 саати , ништо страшно :)
 
П

Пепси_

Гостин
Мнозинството ги одбираат парите и тоа е факт, секој 4ти Македонец има бугарски пасош.
Не е само парите,туку и се друго што го нудат другите развиени држави.Незнам дали некој од вас сонувал да иде за викенд со фамилијата на базент,да иде на јавање коњи,да иде шотизнам каде надвор од градот да видат некоја знаменитост ама јас сонувам за тоа оти знам дека постои. И немој да ми дрнкате дека животот е само јади спиј и врши физиолошки потреби. Животот е многу повеќе од тоа само што никој не го видел тоа во македонија. Се ограничувате на тоа дека не ти треба ништо освен да имаш да го поминеш месецот и да имаш за кафе со пријатели. Зарем не ви се смачи секој ден на кафе на исто место со истите луѓе бе ? и сето тоа 40 години а ? исто како шо јадеме грав секоја недела ? Постојат мал милион работи шо ги има некаде ама ние како да сме изолирани од тоа.
 
A

Antigona

Гостин
А умрел ли некој од глад во Македонија? Не искрено,најди ми статија,вест или било што објавено дека некој од глад умрел.. до кога со таа кретенска фраза :tapp:
Којзнае колку роми умираат од глад, очигледно во Мк постои дискриминација па не ги кажуваат јавно а и не им е глајле за нив. Секој си гледа да се снајде за себе и да му е убаво, па не му е гајле за друг;)
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Којзнае колку роми умираат од глад, очигледно во Мк постои дискриминација па не ги кажуваат јавно а и не им е глајле за нив. Секој си гледа да се снајде за себе и да му е убаво, па не му е гајле за друг;)
ти си ја одбрала златната средина,татковина,странство и пари:)
--- надополнето: Sep 28, 2011 7:53 PM ---
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Нема да умре од глад, ќе мизерува во име на... И мајмунот во зоолошка нема да умре од глад ама ако живее човек само за храна како во зоолошка...само животно живее исклучиво за храна и парење.
Станати сме као шверцерска торба.
Ама и ако излезеш од Мк немаш гаранција дека ќе успееш повеќе. Демек ќе имаш повеќе шанси, ама паралелно се зголемува и конкуренцијата, поголем пазар на труд и така натака. Не знам дали лесно се добива работа, ама знам дека многу лесно се губи.
Јас сум многу сомничава кога е западот практично во прашање, а кога е за сонување и летање работата, лесно е, На запад вака, на запад така.
Не знам дали е така и во живо или нека пукнат роднините од село, јас ќе се фалам супер дека е....

Имам пишано на темава и претходно, ама јас не се селам бе. И покана да ми пратат. Прво сум носталгичар, а второ, нема друга земја во која би сакала да живеам.

и Нонтеизам, најстатистички - емигранти сега, во ова време, ретко кој сака, ретко кој вработува и ретко наоѓаат салам работа, ретко ќе имаат еднаква здравствена заштита, зборам за примарна, камо ли за повеќе.
Животот не е филм.
 
П

Паспарту

Гостин
Ретко кој умира од глад, луѓето последниве 20 години во државава претежно умираат од срцев удар и главоболки. Беспарица, немаштија, крпење ден за ден, како да се школува детето, како да се купи облека, одмор (!?!?!?), како да се платат сметки, како да се купи стан, а потоа истиот да се плаќа цел живот... Ова се само дел од проблемите на луѓето кои живеат во Македонија, секоја чест на оној што мисли дека ова се мали и небитни проблеми. Не одете далеку, ете ја Словенија. Споредете ги платите на Словенците со нашите, а потоа и нивните цени со нашите, условите за земање кредит, цена на станови, можност за плаќање, процент на невработеност итн.

Во моментов државата е во катастрофална состојба, а тие што ја водат наместо да се фатат за работа, се обидуваат причините за својата неспособност секогаш да ја бараат секаде само кај себе не. Трошиме милиони за една обична прослава, а инвестиција од 500 000 евра правиме како да е 50 милијарди, зарем не ви е ама баш ништо чудно? Едноставно, последниве неколку години апла го изгубивме компасот, не знаеме ни каде одиме, ни што правиме, ни што ЌЕ правиме...

За младите нема надеж во оваа прекрасна земја, па затоа секој сака да го фаќа џадето за надвор. На никој не му се оди далеку од татковината и родниот дом, но кога не те ценат дома, кога гледаат да те згазат на секој можен начин, тогаш тоа е единственото решение.

ДРЖАВАТА КАКО ДРЖАВА Е УБАВА, НЕ ЧИНАТ ТИЕ ШТО ЈА ВОДАТ/ВОДЕА...
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Фурија странство, се ангажираш до максимум, не си под ничиво око и притисок.
Поради двапати повисокиот степен на образование, комуникација и соработка во странство, ако имаш претходно работно искуство во МК, сфаќаш колку е полесно да се просперира надвор од овие граници, стануваш успешен и заработуваш одлично. Се враќаш овде и почнуваш било каков бизнис, со искуството стекнато во странство веќе знаеш како да ги развиваш комуникациите и соработката. Отвараш компанија, имаш евтина работна рака, продуктот го извезуваш и остваруваш одличен профит. Данокот чесно и поштено си го плаќаш, живееш на висока нога а трошиш многу помалку. На крај добиваш дека си си помогнал себеси, си и помогнал и на државава и на народов. Па ова ми изгледа како многу подобар чекор од останување во државава и живеење во просечни услови со просечни примања и доживотно борејќи се за просперитет.
 

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Ама и ако излезеш од Мк немаш гаранција дека ќе успееш повеќе. Демек ќе имаш повеќе шанси, ама паралелно се зголемува и конкуренцијата, поголем пазар на труд и така натака. Не знам дали лесно се добива работа, ама знам дека многу лесно се губи.
Јас сум многу сомничава кога е западот практично во прашање, а кога е за сонување и летање работата, лесно е, На запад вака, на запад така.
Не знам дали е така и во живо или нека пукнат роднините од село, јас ќе се фалам супер дека е....

Имам пишано на темава и претходно, ама јас не се селам бе. И покана да ми пратат. Прво сум носталгичар, а второ, нема друга земја во која би сакала да живеам.

и Нонтеизам, најстатистички - емигранти сега, во ова време, ретко кој сака, ретко кој вработува и ретко наоѓаат салам работа, ретко ќе имаат еднаква здравствена заштита, зборам за примарна, камо ли за повеќе.
Животот не е филм.
тоа се обидувам да им го обаснам, фала ти :cuc:, а најјак е делот коа ќе дојдат мерцедеси, не ти знам какви не џипови, кабриолети , а уствари да ти биде дека сите се изнајмени за нивниот престој во родниот крај:tapp:, не викам дека нема такви кои не заработиле само парите не се се во животот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom