Геј бар близу вашето место на живеење

Како би реагирале доколу се отвори геј бар во близина на вашиот дом?

  • Би ми пречело

    Гласови: 249 56,5%
  • Сеедно

    Гласови: 113 25,6%
  • Немам ништо против

    Гласови: 79 17,9%

  • Вкупно гласачи
    441
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.711
Поени од реакции
8.727
Чаре = геј резерват?

се уште е рано за македонските гејој да излезат слободно пред своите блиски со вистината за нивната сексуална неприродност, но времето оди нанапред, и еден ден внуци или правнуци на денешните гејој ќе ја имаат таа слобода, свои барови, своји геј ќебапчилници, геј луна паркови, геј бакалници, геј рибарници, геј сервиси за бела техника...
Не, туку ќе се движат и дружат со останатиот стрејт свет, без да бидат понижувани и етикетирани. Сега имаат потреба од геј бар зошто стрејт популацијата не е способна да прифати дека не се сите исти. Во догледно време, ќе биде идиотска таа поделба.
По било кој основ.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Не, туку ќе се движат и дружат со останатиот стрејт свет, без да бидат понижувани и етикетирани. Сега имаат потреба од геј бар зошто стрејт популацијата не е способна да прифати дека не се сите исти. Во догледно време, ќе биде идиотска таа поделба.
По било кој основ.
Не е така едноставно, гледам задоен си со идеите на Марксизам - Ленинизам (која е племента идеја бај д веј) но ни во иднина, еден здрав нормален маж нема да сака да седи во розе пердувесто барско столче, слуша вилиџ пипл и срка коктел во 4 бои со кришка ананас чадорче и прскалица внатре додка заводливо му намига келнерче со силиконски усни и црвена припиена кошула.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па да де, ама геј бар би бомбардирале, би тепале, би убивале..... јас не гледам зошто би го правела ова бре на верници.
Куче што лае не каса, и има вистина во тоа Питот што го имам јас многу ретко лае и тоа е добро, затоа што нејќам како некоја џукела на се што ќе помине тука ав ав ав, ама каса бре тоа моќно половина саат се борам со него за играчката.

Така да повеќето само лаат тука нема многу касачи :icon_lol:.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.711
Поени од реакции
8.727
Не е така едноставно, гледам задоен си со идеите на Марксизам - Ленинизам (која е племента идеја бај д веј) но ни во иднина, еден здрав нормален маж нема да сака да седи во розе пердувесто барско столче, слуша вилиџ пипл и срка коктел во 4 бои со кришка ананас чадорче и прскалица внатре додка заводливо му намига келнерче со силиконски усни и црвена припиена кошула.
A ова се нарекува стереотип. Не сите хомосексуалци се Боки 13 (што е тој, всушност??) - всушност многу малку се феминизирани. Моите пријатели хомосексуалци, ако приметиш дека се хомо, сечам рака :) :) :) Имаат многу машки пријатели (кои немаат поим дека се овие хомо).
И тоа што ти смета нечие женско однесување, запрашај се, што толку имаш против женското однесување?? ;)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Некои искуства во САД со геј угостителски објекти...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Постоење на Геј Бар има доста позитивни работи.

1. Точно ќе се знае за каков тип на бар станува збор, и сите што сакаат да одат на такво место и имаат потенцијал за гејои ќе ја имаат таа прилика. Исто и сите што не сакаат ќе го сметаат тоа за "забранета" зона, потсмев, дело на рогатиот итн...

2. Децата, кои се најчесто споменувани во оваа тема нели, ќе се здобијат со ука од прва рака дека не треба да посетуваат такви места, или пак ќе бидат научени дека и тие што идат таму се нормални луѓе и може да има комуникација со нив, кој родител како ќе милува.

3. Веројатно ќе допринесе да се знае многу поточно бројката на гејови во Македонија.

4. Јавно ќе се знае кој е геј, а како таквото спознание од страна на јавноста, ќе му се одрази понатака во животот појма немам. Веројатно во нашава државичка, ќе му треба не само Господ на помош, туку и Алах, Амон Ра, Тор и еден куп други божества да припомогнат.

Веројатно има уште да се набројува ама доволно е да се долови поентата, дека ГЕЈ БАР, не би предизвикал никаков проблем, туку напротив.

Е сега другата страна, односно гејовите во случајов ќе треба сами да се изјаснат за нивниот став околу таков бар, каде ќе бидат веќе откриени и јавно покажани поради нивната сексуална определба.

Јасно е дека тоа ќе им створи еден куп неприлики во животот, и сметам дека самите тие воопшто нема да го посетуваат ако е во видно поле на еден куп луѓе.

Инаку односот на хетеросексуалецот или нормалниот маж НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ нема да се промени во однос на хомосексуалноста. Поминале илјадници години, ќе поминат уште толку и се додека СЕКСОТ е онаков каков што бил и е денеска - ГЕЈОВИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ ОД ОСТАНАТИТЕ КАКО НОРМАЛНИ.

Сакале признале или не, и ние и они, ова горе е реалноста.

Секогаш ќе постојат поединци, ентузијасти кои ќе застанат зад нивната определба, можеби ќе издејствуваат да бидат вметнати и во еден куп закони и амандмани, но никојпат нема да бидат во очите на хетеросексуалците на исто рамниште. Секогаш ќе постои игнорантскиот однос и веројатно презирот кон нив.

Тоа е она што никогаш и со никој закон нема да можат да го сменат, а тоа највеќе им смета и ги боли.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.711
Поени од реакции
8.727
Инаку односот на хетеросексуалецот или нормалниот маж НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ нема да се промени во однос на хомосексуалноста. Поминале илјадници години, ќе поминат уште толку и се додека СЕКСОТ е онаков каков што бил и е денеска - ГЕЈОВИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ ОД ОСТАНАТИТЕ КАКО НОРМАЛНИ.
.
А сепак, сепак, Црквата ни што дели љубов и солидарност, измисли дека хомо е болест, лошотилок, дело на Рогатиот.......

Каде што Црквата има најмал удел и влијание во животот на луѓето, таму има и најголеми слободи за хомо популација. Ма за секаква популација.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А сепак, сепак, Црквата ни што дели љубов и солидарност, измисли дека хомо е болест, лошотилок, дело на Рогатиот.......

Каде што Црквата има најмал удел и влијание во животот на луѓето, таму има и најголеми слободи за хомо популација. Ма за секаква популација.
Нема врска со црквата:P Таму каде што доминираат црковните толкувања животот на хомосексуалците може да е нешто полош, и ништо повеќе.

Друга ми е поентата. Дека ниту еден закон и права на слободно живеење нема да го натера остатоткот од хетеросексуалната популација да не гледа на нив како што опишав погоре:)

Да, законот ќе ги натера да бидат толерантни ама само до одредени граници.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.711
Поени од реакции
8.727
Па не е целта популацијата да ги сака и да им вика леле браво еј. :) Тоа ти е исто како од нас да побара некој да аплаудирам на религиозни фаци. Не можам да ги прифатам, не ги сакам :) Ама не ги колнеме по улица и не бараме закон за забрана на јавно искажување на религиозна припадност.

Забранувањето на хомо-слободно држење за рака/бакнување итн на улица/во бар, е еднакво на забрана на муслиманкиве да носат хиџаб.

Јас ги гледам забулени и им се чудам на паметот, па не ги ругам поради тоа.

Исто и повеќето луѓе кои ги познавам - ПОЧИТ КОН РАЗЛИЧНОСТИТЕ, а не нивно прифаќање и целосно разбирање.

Кој може - може. Кој не може - нек си ќути.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.421
abe ajde ne se zanesuvajte ke vi opnat i porezi da plakate ., ., pa inspekcii., ....tori/ki ihaa kakvi sakash., e ajde de otvorete ., barem drzhavava da ima nekoj kar i od vas pederite/zbosite:sneaky:
 
Токму тоа и ми беше целта, дали се ова што го наброја горе ќе ги задоволи нивните желби;)

Јас мислам не. Нека им е дозволено да се љубат по улица со закон, никој нема да ги истепа но многумина ќе искажат презир и понижување кон тој чин. А мислам дека тие тикму тоа сакаат да го добијат - избегнување на презирот и понижувањето од страна на хетеросексуалците:)

Или можеби грешам?
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:10 PM ---

После можеби ќе побараат за нив да важат различни закони:P
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.421
e aj sea kaj im dozvolivme i dadovme upotrebna dozvola., ., a sho ako im padne na ustaven......./zhivi se ne brishete/:pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.711
Поени од реакции
8.727
Токму тоа и ми беше целта, дали се ова што го наброја горе ќе ги задоволи нивните желби;)

Јас мислам не. Нека им е дозволено да се љубат по улица со закон, никој нема да ги истепа но многумина ќе искажат презир и понижување кон тој чин. А мислам дека тие тикму тоа сакаат да го добијат - избегнување на презирот и понижувањето од страна на хетеросексуалците:)

Или можеби грешам?
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:10 PM ---

После можеби ќе побараат за нив да важат различни закони:P
Види сето тоа е state of mind. Сите ние си имаме свое нешто што некој друг го презира. Мене ме презираат луѓе зошто сум бранела животни, тебе за нешто друго (ти гарантирам, иди раскажи на сите некој скриен фетиш), хомосексуалецот за сексуална ориентација, проститутката за својот бизнис, забулената за хиџабот, итн итн итн... Дали ќе ги задоволи само закон на нивна страна? Нивен проблем е веќе тоа, најмногу тоа може да добијат. А за повеќе од тоа, се зависи од самиот народ околу нив. Не може тука никој ништо, и не гледам причина нешто да се прави. Ако бараат од другите да си го гледаат својот живот, ќе мораат и тие самите тоа да го прават, и да не убедуваат некој дека мора да ги прифаќа. Доволно е да не смее никој никако да им наштети или да им биде нешто забрането во поглед на бракови, посвојување, бакнување во јавност.... па колку ќе си го користат ова право - нивна работа.

П.С. Мора да важи различен закон за посвојување деца, за нив. Мора да се преиспитаат добро нивните аспирации и способности да родители, многу повеќе него кај стрејт партнерите. Ситуацијата го наметнува тоа, сепак се специфична категорија на луѓе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom