Прво, јас немам апсолутно ништо против хомосексуалците. Сексуалниот нагон е самата суштина на човекот, и ако некому му се спречува да го манифестира во согласност со неговите потреби, тогаш навистина се работи за малтретирање.
Но проблемот е во тоа што самата дебата за хомосексуалците во Македонија е потполно депласирана. Исто како и темава. Во Македонија не е забележен ниту еден случај на малтретирање на хомосексуалци од хетеросексуалци. Нема. Вакви примери од типот дека средношколци малтретирале други средношколци затоа што биле малку феминизирани, не се валидни. Тинејџерите се ужасни, и знаат да бидат сурови спрема било кој.
Во Сплит, на геј парадата, хомосексуалците буквално беа каменувани. Се кладам со кој сака, дека ако овде се организира геј парада, ќе помине во најдобар ред. Либералната реторика за правата на хомосексуалците во Македонија е смешна. Прават на хомосексуалците се најмал проблем во оваа жална држава. Менталитетот на Македонците на е баш Норвешки, но генерално ние не сме агресивен народ. На евентуална геј парада, Македонецот ќе гледа со сеир, не со омраза...
Што се однесува на тоа колку е Коче тепан, јас него одлично го познавам, мене тој ми е генерација, учеше во истото средно училиште со мене, само во друг клас. Имав и кратка врска со неговата најдобра пријателка (женско, да се разбереме
) Јас сум присуствувал една вечер кога тој јади ќотек, но замисли, од неговиот дечко, хомосексуалец...
Никој, никогаш во Битола ништо не му направи затоа што е хомосексуалец. Тој сега освен што е хомосексуалец како природна сексуална определба, истовремено е хомосексуалец како опис на работна задача. Тој живее од тоа што е хомосексуалец.