Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Навистина не знам што да речам, им даваме по 8 на Арсенал, петарди, по 3 на Челзи, Тотенхем, примаме 3 дома од Базел. Стварно не знам што да кажам.

Мирисаше на местенка, судијата повеќе не знаеше шо суди, второ полувреме никој не трчаше, им ја даваа в нозе топката на овие од Базел. А ако не беше местенка нешто, тогаш ги очекува еден hairdryer третманент од Ферги.
 
И више ако може да не давате такви глупи прогнози од типот 5-6 гола ќе сме дале и слично... Полека малце, дигни ручна мајсторе.
Иначе како што кажав, тоа за мене воопшто не беше пенал. Стрелер не ја контролираше топката, Валенсија најнормално му ја одзеде. Што требаше, да го пушти гол да даде?
 
лелеее при крај со нервите ме оставија овие не се нормални еееееееееееееееј.....

Абе одбраната за греови ни е,Де Геа зверот пак имаше одлични одбрани свака му част,нападот хммм е нападот шта да ти причам. Ајде ајде ќе се оправат они само нека не експериментира овој тренерот ни наш со вакви комбинации.
 
Дај бе више прекинете со тој муабет дека била местена, не е ова Ринија-Кожуф ебате. Уште ли не научивте дека Ферги едноставно не се замара за по групи, гледа само да помине, праи комбинации со формации и играчи. Од што не се замараа и една година не поминаа групи ако ви текнува. :D
 
Мене не ми е јасно како уште не е научена лекцијата од ланската сезона. Ај фановине на другине тимови што се преокупирани со Јунајтед да ги сфатам ама овие нашиве, нц.
Го кажав моето одма после твојот пост! Иначе, станува збор за факт! Sad but truth!
 
Бербатов сакаше да биде херој :vozbud: :tapp:

И ти како овие погоре, очекувате од Бербатов чуда а летово се молеа да се продадел за 15 милиони. Нормално дека ќе промашува кога игра по 10 минути утакмица. Лани кога беше константен, имаше и голови. Епа нема така, ептен дрско и некултурно е да се става Бербатов последни 10 минути и да се чека гол од него. Играј го цело време и ќе видиш дали ќе нема голови. Воопшто не му замерувам на него.
 
А што е важно веќе кој,што,како дали требало да тепаме со 5 или со 10 нула?Утакмицата е завршена,не беше најдоброто од нас ама идемо понатаму...Следен е норич а за овоа ке видемо у мај дали ке е вака како сега плукање и брукање...
 
Ако на некој треба да му се замери тоа е некој од одбраната, некоординирани беа Рио и Џонс и во првото имаја некоја шанса Базел ама арно утнаја, ама ете второто се поправија.
 
Одбраната некако многу потфрли треба Ферги да ги повлече за уво малку
 
не да промаши да подаде, 1221321 души десно од него имаше али ајде да не тролам и да ја тресам фрустрацијата поради обложување во фан клубов
 
Готово е крај. Не навивам веќе за Јунајтед, местачи, клошари, незнат да играт.. Немат пораз од Мај месец, леле трети сме во групата, први сме во Англија, леле утре на училиште ќе ме зафркаваат, леле ме паднаа вкладилница,судија педер, Ферги оставка, Бербатов нема појма, Де Геа нека си оди, глупи... ( за тие што не им е јасно, користен е сарказам..)
 
Ajде бе ќе биде, што дигате паника.. Поарно сеа што кикснавме дома со полесен противник да се разбудат малце..

Глори!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom