Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
АЛБАНЦИTE СЕ БОРЕЛЕ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР И МАКЕДОНЦИТЕ
На 14 февруари, 1881 година во најпознатиот американски весник The New York Times, на страна 3 се објавува една рецензија на книга за историјата на Грција објавена во Америка истата 1881 година од авторот Т.Т.Тимајенис. Насловот на книгата издадена во два тома е: "HISTORY OF GREECE, From the Earliest Times to the Present" New York, D.Appleton & Co. 1881.
Рецензијата на критичарот на весникот The New York Times започнува со следнава реченица:
Превод:
"Елада живее повторно. Оганот на нејзината античка слава, што за малку ќе беше изгаснат во крвта на Светата чета од Теба кај Херонеја, треперејќи нерамномерно и слабо низ 2000 години под МАКЕДОНСКО, Римско и Муслиманско ропство(владеење)…"
Од уводот се гледа дека рецензентот одлично ја познава историјата на Елада т.е. Грција.
Во овој прв дел авторот на рецензијата куртоазно го пофалува авторот на книгата затоа што ете се нашол и некој "Грк" (авторот Тимајенис е всушност еден гркофон Влав) да напише исцрпна историја за Грција и Грците и тоа на англиски јазик. Рецензентот дури го нарекува авторот и "Тукидид на Англиски!", и додава дека веќе не ќе мора читачката публика од англиското говорно подрачје да се заморува од "несимпатичните и оттуѓени страници на Гроте, Тирлвал или дури Куртиј." Па оди и подалеку подвлекувајќи дека оваа книга е "уште еден клинец во мртовечкиот сандак на Фалмераер" (се однесува на пишувањата на Фалмераер во кои тој вели дека во 19 век целото население на континенталниот дел на Грција е со "Словенско" потекло, и дека она што останало од древните Елини е во мал број и се наоѓа во крајбрежните делови и островите).
Воскликот на рецензентот добива свој врв со последните две реченици од овој прв дел:
Превод:
"Тоа е доказ (се мисли на книгата и нејзиниот автор) дека грчката националност е бесмртна. Ова е ново раѓање, кое одново го пламнува огнот на Филхеленизмот, и ако се испрати во Стамбол како додаток на една идентична порака која би дошла од големите сили би морала да го помрдне дури и одвратниот Турчин кон мирно отцепување на Епир и Тесалија."
(Nota bene = забележете дека не се споменува МАКЕДОНИЈА, со што рецензентот јасно дава до знаење до каде би требало да е Грција).
Се чини поголема и подобра пофалба авторот на книгата не би можел да добие ни на сон!
Но…
Да, сепак постои едно големо НО, по што следува остатокот од рецензијата каде ентузијазмот на рецензентот не само што спласнува, туку и се претопува во чувство на резигнација, па дури и одбивност кон авторот на посоченава книга.
За што се работи?
Рецензентот тука веќе се зафаќа со директна анализа на напишаното и се разбира како што е редот во било каков зафат на пишување историја--кон изворите и методологијата на авторот.
Рецензентот забележува дека авторот на книгата самиот во својот предговор нагласува дека иако тој многу им должи на тогашните (19 век) авторитети за историјата на Грција пишувана на англиски јазик--Гроте и Гибон--дека сепак се разликува од нив по значајни прашања затоа што се потпрел на сопственото "внимателно студирање на грчките автори", и дека неговото дело е значајно затоа што се базира на "Хеленските извори", или што би се рекло самиот се пофалил дека пиел вода директно од изворот.
Но, рецензентот не само што не се сложува со оваа констатација, туку го обвинува Тимајенис за флагрантно плагијаторство и за доказ на тврдењето се фрла на директна споредба на цели пасуси од неговото пишување со она на Гроте, за античкиот период.
При што паралелно, со прецизно нотирање на страните и публикациите се споредуваат два пасуси кои третираат ист настан, првиот од книгата на Тимајенис и вториот од Гроте. Се работи за описот на настаните во пресудната битка кај Гавгамела (на Македонците и нивните сојузници со Александар Трети на чело, против Персијците на чело со Дариј Трети и неговите сојузници и платеници).
Како што гледаме во цитираните пасуси покрај Македонците, Персијците и другите претставници на народи коишто биле во поданичка или сојузничка позиција да им служат на Македонците или од другата страна на Персијците во оваа голема и пресудна битка за превласта врз огромната Персијска Империја а со тоа и од голем дел на Азија, се наоѓа и едно име (дословно) на еден народ (подвлечено со црвено) којшто ни е добро познат до ден денешен.
Да не останеме недоречени кон рецензијата, ќе се навратиме на ова подолу.
Значи преку овој пример рецензентот покажува дека Тимајенис е всушност само еден бесрамен плагијатор, којшто немал доблест ни да ги става во наводници целите пасуси што ги превземал или би се рекло буквално украл од Гроте за потребите на својата книга. Рецензентот вели дека на страната од каде што е изваден пасусот на Гроте има уредно поставени фус-ноти со посочување на изворите од каде се земени информациите за наративот (пред се Аријан, Диодор Сикулус, Плијанус, Куртиј), додека кај Тимајенис ни трага ни глас од фус-ноти, или ставање наводници и цитирање на Гроте.
Следат уште слични примери, со точно цитирани страници каде Тимајенис повторно и повторно го правел истото плагијаторство и бесрамно превземање на цели пасуси од Гроте без да го нагласи тоа како што е редот. Рецензентот вели дека едноставно нема доволно простор да ги наведе сите вакви превземања на Тимајенис од Гроте, по што се префрла на споредби и слични "позајмици" од другиот споменат историчар--Гибон.
И повторно рецензентот преку директна споредба на уредно цитирани пасуси покажува и докажува дека господинот Тимајенис едноставно си превземал или крадел цели делови и од овој автор за потребите на својата книга. Понатака следуваат уште примери од поединечно превземање на цели пасуси од други веќе објавени книги кои не се цитирани, итн.
На крајот рецензентот завршува со тоа дека во книгата сепак можеби "има некој изговор за нови погледи или оригинален третман на важни прашања" при што за "карактерот на 'хеленизмот' за време на Александар" дава израз "Македонски Хеленизам", но и тоа не е негова оригинална идеја како што посочува рецензентот, туку е позајмица од Папаригопулос (којшто пак своето мислење дека Филип и Алексндар се поробувачи на Елада го сменил под влијание на Дројзен и почнал да пишува за некаков си "хеленистички период"). Рецензијата завршува со зборовите "Г-дин Тимајенис не е оригинален мислител, неговото дело во најдобар случај е само една збирка, и оној што сака да добие информации за големите политички прашања од грчката историја во Гроте ќе најде многу посигурен водич…"
-------
Да се навратиме сега на споредбата на пасусите помеѓу Тимајенис и Гроте од погоре каде го видовме името "АЛБАНЦИ" како дел од сојузниците на Персијците кои се бореле против Александар Трети на чело на Македонците.
Од исцрпната рецензија погоре видовме дека книгата на Тимајенис е еден обичен плагијаторски памфлет којшто притоа се обидува додатно да ги заплетка и искриви работите кога си зема за право погрешни да ги присвојува делата на Македонците на чело со Филип и Александар и да ги претставува како "грчки", и затоа на неа како извор за историја не вреди да се посветува внимание. Затоа да го погледнеме цитатот т.е. пасусот од книгата на Џорџ Гроте.
Еве ја оригиналната насловна страна и страната 160 од каде е изваден цитираниот пасус.
Како што гледаме рецензентот верно го цитирал Гроте, и таму навистина се појавува терминот Albanians т.е. АЛБАНЦИ. Значи не се работи за некаква сличност, поклопување или можеби збор којшто заличува на--но не е ист како оној за кој станува збор како на пример АЛБИ, АЛБАНИ и слично, туку буквално се зборува за А-Л-Б-А-Н-Ц-И!
Ајде да го преведеме овој пасус за да знаеме за што станува збор во него:
"Предупреден од еден дезертер, Александар ги избегна местата каде што беа поставени железни колци за да и се наштети на македонската коњаница. Тој самиот, на чело на кралската свита, на крајниот десен дел го водеше маршот во полукружен тек во тој правец, држејќи ја својата десница малку понапред. Како што му се доближуваше на непријателот го виде самиот Дариј, којшто со Персијскиот лев центар беше директно наспроти него--Персијска гарда, Индијци, АЛБАНЦИ, и Каријци. Александар тргна да навалува на десно, и Дариј тргна развлекувајќи ги своите предни сили на лево за да се спротивстави на потегот, но сепак сеуште во голема мера ги обиколуваше Македонците на левиот дел. Александар беше толку појден на десно во тој момент што стигна скоро до крајот на просторот израмнет од Дариј за операциите на неговите кочии во предниот дел. За да се спротивстават на секое ново движење во овој правец им беше наредено на 1,000 Бактријски коњаници и Скитите распоредени во предниот лев дел на Персијците да направат кружен маневар и да го нападнат десното крило на Македонците."
Значи од овој пасус разбравме дека на пресудната битка кај Гавгамела АЛБАНЦИТЕ, покрај други, биле дел од војските на Персијците, и биле распоредени во централниот лев дел блиску до самиот Дариј кога Александар со македонската коњаница нагрнал накај нив.
Сепак некој може да се посомнева, и да рече, се работи сепак за превод на Англиски, којшто можеби не е ни точен со оригиналот од каде се земени информациите, и слично.
Затоа да одиме по ред. Како што гледаме на страната 160 од книгата на Гроте, на крајот на пасусот (каде има уште една реченица) има и фус-нота #3. И ако погледнеме во долниот дел ќе видиме дека под #3 е наведен Аријан како извор, и тоа: Arrian, iii. 13, 1--5.
Ова означува дека се работи за книгата на Arrian "Anabasis Alexandri" (Кампањите на Александар), книга 3, поглавје 13, пасуси 1 до 5.
Ајде тогаш да го погледнеме оригиналот на Аријан т.е. оваа книга, тоа поглавје, и тие пасуси и да се увериме сами дали Гроте верно го пренел името АЛБАНЦИ или направил грешка.
ПРОДОЛЖУВА...
--- надополнето: Sep 26, 2011 9:58 PM ---
Ова е насловната страна на Anabasis Alexandri од Arrian, од 1903 г. во издание на Karl Ernst Abicht.
Почетокот, или привите пасуси од 13-то поглавје на книга Трета се наоѓаат на страна 116.
Да погледнеме сами дали тука има термин:
Αλβανοί = Albanians = АЛБАНЦИ:
За да нема забуна, еве и превод на англиски на овој оригинален текст на Аријан:
"When the armies drew near each other, Darius and the men around him were observed: the apple-bearing Persians, the Indians, the Albanians, the Carians who had been forcibly transported into Central Asia, the Mardian archers ranged opposite Alexander himself and the royal squadron of cavalry…"
Или на македонски:
"Кога војските се приближија една до друга, Дариј и луѓето околу него можеа да се видат: Персијците што носеа јаболка, Индијците, АЛБАНЦИТЕ, Каријците коишто беа насила преселени во централна Азија, Мардијските стрелци беа застанати директно наспроти Александар и кралската коњаничка свита…"
Можеби некој и после ова може да се сомнева и сеуште да не верува дека АЛБАНЦИ се споменати кај Аријан, како се борат на страната на Персијците против Александар и Македонците кај Гавгамела. Можеби некој ќе рече, од еден пример не може да се извлече заклучок, можеби е погрешно протолкувано или запишано, па се искривил зборот којшто можеби претставувал некој друг народ, итн.
Добро, самата наука почива врз она што се нарекува "здрав скептицизам" и барање на сигурна потврда за сознанијата до кои се доаѓа.
Ајде тогаш да погледнеме дали е ова ЕДИНСТВЕНИОТ пример каде се појавува овој термин кај Аријан, па можеби дошло до негово искривување или го има и на друго место?
Одиме малку поназад, во истата книга Трета, но овојпат во поглавјето 11, пасус 4, којшто на изданиево од 1903 г. се наоѓа на страна 113:
И повторно тука имаме Αλβανοί = Albanians = АЛБАНЦИ.
Повторно прво превод на англиски:
"...On the right again were the Medes; next to them the Parthians and Sacians; then the Tapurians and Hyrcanians, and last the Albanians and Sacesinians, extending as far as the middle of the whole phalanx…"
И на македонски:
"…На десната страна беа Медијците; веднаш до нив Партијците и Сакијците; потоа Тапуријанците и Хирканианците, и последни АЛБАНЦИТЕ и Сакесинците, издолжувајќи се до половината на целата фаланга…"
Ако и ова не е доволно за да се убеди и најголемиот скептик и неверник следува и трето цитирање според Аријан на истиот термин.
Книга Трета, поглавје 8, пасуси 4-5 (страна 109 во изданието од 1903 г.):
Повторно Αλβανοί = Albanians = АЛБАНЦИ.
И пак за да нема забуни прво превод на англиски:
"...Atropates commanded the Medes, with whom were arrayed the Cadusians, Albanians, and Sacesinians…"
И на македонски:
"…Алтропат командуваше со Медијците, заедно со кои беа наредени и Кадусијците, АЛБАНЦИТЕ, и Сакесинците…"
Да резимираме.
Αλβανοί = Albanians = АЛБАНЦИ се бореле на страната на Дариј Трети и Персија ПРОТИВ Александар Трети и Македонците во битката кај Гавгамела или Арбела која се одиграла на 1 октомври, 331 год. п.н.е.
Да повториме = Не се работи за некаква сличност, поклопување или можеби збор којшто заликува на--но не е ист како оној за кој станува збор како на пример АЛБИ, АЛБАНИ и слично, туку буквално се зборува за:
Αλβανοί = Albanians = А-Л-Б-А-Н-Ц-И!
-------
Походот на Александар Трети Македонски и ширењето на македонската империја на исток со приказ на најважните битки, меѓу кои и таа кај Гавгамела. (местото на битката и позицијата на Албанија на Кавказ се прикажани со жолта боја):
Шематски приказ на битката кај Гавгамела:
Извори:
1. Greece, "The New York Times", February 14, 1881, стр. 3
http://query.nytimes.com/mem/archive-free/pdf?res=F1071FFB3E5F15738DDDAD0994DA405B8184F0D3
2. Grote, George "History of Greece", Vol. XII, New York, 1856, стр. 160
http://www.archive.org/stream/historygreece28grotgoog#page/n190/mode/2up
3. Arrian (Lucius Flavius Arrianus) "Anabasis Alexandri" ed. Karl Ernst Abicht, 1903.
http://books.google.com/books?id=JqYBAAAAYAAJ&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
4. Превод направен од E. J. Chinnock на Книга Трета од Аријан "Anabasis Alexandri".
http://www.iranchamber.com/history/achaemenids/arrian_battle_of_gaugamela.php