А шо чекаат тие 100-200.000 гејој во МК, Коче сам парадирајќи еднаш годишно да смени нешто. Сакаат ние нормалните сами себе си да си се преваспитаме? па после да станат пред своите родители, приатели, жени, деца..... да речат “сега е созреана климата и јас сега можам слободно без страв дека ќе бидам жив спален или фрлен на дивите зверови, кажам... ЈА СУ ГЕЈ!“
Чекаат некој друг да им ја заврши работата... извини но тоа е педерско понашање!
Чекаат други, подобри времиња. Види, јас сум хетеросексуална, како и повеќето мои пријателки. Повеќето од нив имаат добар квантитет на сексуални партнери, па не одат дома да кажат - слушајте сега вака, јас нејќам врска, сакам квантитет. Зошто? Зошто средината мисли дека е тоа погрешно, зошто не сакаат да го повредат семејството, зошто нема да бидат разбрани и поддржани од семејството и околината. Зошто нашите мајки/баби живееле за да се омажат, да имаат деца, итн. Ние не живееме за истото, знаеш, а тоа малце потешко го сфаќаат нашите семејства.
Со уште поголем страв хомо се кријат. Не им е страв дека ти ќе пукаш во нив. Туку дека ќе си ги повредат најблиските.
Имам многу хомо пријатели, и мажи и жени. Жените не се толку дискриминирани, но мажите се. Некои од нив јавно се декларираат, некои молчат. Едниот, им кажа дома. Имаше плачки, лутења, мавања од земја, но тоа помина.
Другиот со својот партнер се отсели во друга земја, се запишаа на факс таму, зошто беше свесен дека тоа сознание ќе ги повреди премногу неговите.
Никој од нас не е онаков каков што очекуваат од нас да бидеме, и најчесто на овој Балкан, посебно околу овакви теми, сите се правиме мутави. Зошто средината е таква, сеуште премногу е заостаната во либералните погледи на светот.
Зошто сеуште нас ни смета што прави комшијата со својот живот.
Тоа секако се должи и на немаштијата, немањето друга работа во животот. Луѓе кои имаат доволно финансии да тераат подобар живот, немаат време да се занимаваат со хомоси, лезбоси, јавни куќи... едноставно фураат свој живот и уво не ги боли. И се додека гниеме вака, нема тоа да се промени. Кога ќе се подобри општа економска ситуација, население ќе се едуцира, секој ќе сфати дека нема што да се занимава со туѓиот живот... и тие ќе се декларираат како хомо, и пријателките мои нема да се кријат од нивните дека замисли се сексуално активни, и моите стрејт пријатели нема да кријат кондоми по фиоки (да не фати мама, страшно), и нема да ти се крстат и да те чатат кога ќе речеш дека си атеист...
Моја прва братучедка со сопругот живеат во Шведска. Им беше на почетокот дури чудно, што никој, ама баш никој не се занимава со нив во зградата кај што се доселија. Никој не дојде да ги праша, да им се чуди. Им беше чудно, што се и сешто има, а никој не обрнува внимание. Зошто сите имаат свој живот, добар стандард. Кај нас, кога ќе се досели некој, цел комшилук фаќа врски да се дознае кој е што е од каде е, па ,,перење на цел валкан долен веш,, итн.
Така да, се додека имаме ваков менталитет, и се додека црквата е толку важен сегмент од нашето секојдневие, јас ги разбирам зошто се кријат.
Но на секој еден што ќе посака да каже јавно, јас ќе му подадам рака.
Зошто тоа е првиот чекор кон неговата среќа. А мене ми е важно луѓето да бидат среќни. Посебно оние кои не прават никому лошо.