Ц цц ...не ми се верува. Брат да си бараш!!! Не ги слушај овие, демек многу се малце се. Ако сметаш дека треба да земаш повеќе пари, да си бараш. Нормално сега, напрај си математика, дали придонесуваш доволно за фирмата, и дали има основа да си бараш покачување. Ако сметаш дека има да си бараш ич да не ти е гаље. Прво и основно повеќе ќе те ценат, верувај ми. Остај ги овие, толку била просечна, таман биле ова она...
Заради вакви размислувања ко погоре, што не си го ценат трудот, платата просечна е 200евра.
ЕДИТ:
Е сега. За советот што го побара.
Значи прво и основно, во никој случај не настапувај со условување. Во смисол, или давајте толку пари или пријатно. И да сака да ти покачи, ќе проработи суетата на газда, и нема да ти ја покачи. Значи смирено. Почекај погоден момент. Најдобро, одкако ќе сработиш некоја добра работа. Закажи си состанок. Прво објасниму дека добро си ја завршил работата. Потоа кажи му дека, сметаш дека за тоа што го работиш заслужуваш да бидиш награден со поголема плата.
И ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ немој да му правиш математики, толку пари се прават во фирмата, јас толку малку земам, и сл. Тоа тебе не те интересира. Те интересира, ти колку сработуваш и колку сметаш дека заслужуваш да земаш.
Значи само смирено, опуштено, пријателски...и ако стварно заслужуваш ќе имаш поголема плата верувај, а и поголем респект од работодавачот.