Имам 3 книги за Јеховини сведоци дома, сега ми текна дека ми стојат во иста фиока со Библијата
,,Младите прашуваат делотворните одговараат"
,,Тајната на семејната среќа"
,,Мојата книга со библиски приказни" таа ја имам прочитано, бидејќи е направена како сликовница за помали деца но има интересни приказни.
И не чувствувам како да сум направил некој грев со тоа што ми стојат дома и сум прочитал една од нив.
Во книгите нема ништо страшно, иако самото име така звучи.
И да, не сум јеховин сведок а и не се чувствувам таков.
Малку оф топик.
Еве ви статии за село Колешино, струмичко, село со најмногу вери во Македонија.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=911D18C6C4E3F04F97315D34DB351ED6
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1511842234&id=9&prilog=0&setIzdanie=22175
Често одам на Колешински водопади, и на самиот пат има 2-3 ,,цркви" Јеховини сведоци, Адвентисти... Не знам колку може да се нарече тоа цркви бидејќи тоа се обични куќи само напред имаат мермерна плоча на која пишува за која вера се работи.