Јеховини сведоци

Член од
25 септември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
Да знам и кај мене исто. Имам другарка пред некој ден дознав дека е Јеховен Сведок. Почнува да ми смета ме вика да одам таму. Секако не прифаќам но има само 13 години, сестра и 10. И двете се Јеховни сведоци. Незнам како нејзините ја навлекле на тоа. Сепак пред на моето дете да му направам нешто такво би размислила. Јас имам исто 13 години и неможам да замислам да не славам роденден, да не славам Велигден, Божиќ и слично..
 
K

kalimer0

Гостин
Професионални перачи на мозок, иако немам против нив што подалеку од мене, хехех не верувам дека ќе го види ова некој Јеховин Сведок бидејќи за нив и PC-то е сатанска работа.:pos:
Мој професор по информатика беше Јеховин Сведок. Не ни знаев, сосем нормален човек.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
да не ја расипувам темава...
но не сум мн по црквата (религии), дали тоа значи дека сум Јеховин сведок? или тоа навлегува во атеисти?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
Читав пред некое време и дискутирав со моите дека просветители неможат да бидат Јеховни Сведоци, ама изгледа не било така :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
http://mk.wikipedia.org/wiki/Јеховини_сведоци

Јеховини сведоци


Од Википедија, слободната енциклопедија




Христијански собир во Сала на Царството на Јеховините сведоци.​



Јеховини сведоци проповедаат од куќа на куќа во Софија, Бугарија.​
Јеховини сведоци се меѓународна религиозна организација која го отфрла модерното христијанство во полза на она кое се проповедало во текот на првиот век. Тие се водат според сфаќањето на пишаните закони и принципи врз основа на упатства примани од Водечкото тело на Јеховините сведоци. „Watch Tower Bible and Tract Society of New York“ е легална организација на Јеховините сведоци што ја користат за религиозна работа.
Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.



Јеховини сведоци​
Во 2008 имале околу 17,8 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2010 службена година, (од септември 2009 до август 2010) најголем број на објавители бил 7.508.050.
Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто доаѓање или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.
Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (или Јахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.
Јеховини сведоци во Македонија

Главна статија: „Јеховини сведоци во Македонија.
Во Македонија првите припадници на оваа религиска група се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година.[1]
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
да не ја расипувам темава...
но не сум мн по црквата (религии), дали тоа значи дека сум Јеховин сведок? или тоа навлегува во атеисти?
Не. Јеховните Сведоци одат секој четврток во собрание, тоа е вид собрание каде што се собираат од 10 до 120 луѓе. Кога прв пат одите таму ве крштеваат со крстена вода и од тој момент вие сте Јеховен Сведок. Некои викаат дека нема враќање, ама мислам дека може животот да се врати во нормала..
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јеховини сведоци во Македонија


Од Википедија, слободната енциклопедија

Јеховините сведоци се христијанска религиска група во Македонија и се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД во 1876 година, а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница се користи од 1931 година и произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во Македонија се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиотбрачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година. Прв конгрес одржале во селото Колешино во 1973 година. Во Скопје формирале своја група во 1968, а во 1975 година отвориле канцеларија. Оваа верска заедница била регистрирана во поранешна СФРЈ, а во Македонија е пререгистрирана во 1992 година. Во 2003 отвориле нова канцеларија, наречена бетел.[1]Заедницата во Македонија публикува неколку списанија од религиски карактер и тоа: Списание „Стражарска кула” (двомесечник) „Разбудете се” (едномесечник) и брошури и книги.[2]
--- надополнето: Sep 25, 2011 9:06 PM ---
Официјални страни
http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=FB950E80180B0943AB717D5C9F9739CC
А еве ви каде што пишува што се тие
http://www.watchtower.org/mc/index.html
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Не. Јеховните Сведоци одат секој четврток во собрание, тоа е вид собрание каде што се собираат од 10 до 120 луѓе. Кога прв пат одите таму ве крштеваат со крстена вода и од тој момент вие сте Јеховен Сведок. Некои викаат дека нема враќање, ама мислам дека може животот да се врати во нормала..
нема враќање само од смртта....се друго се враќа......
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Кои се тие?

ЈЕХОВИНИТЕ сведоци сакаат подобро да ги запознаете. Можеби веќе сте ги сретнале како соседи или колеги на работното место, или во други секојдневни прилики во животот. Веројатно сте ги виделе на улица како им нудат списанија на минувачите. Или кратко сте разговарале со нив на Вашата врата.
Всушност, Јеховините сведоци се заинтересирани за Вас и за Вашето добро. Сакаат да бидат Ваши пријатели и да Ви кажат нешто повеќе за себе, за своите верувања, за својата организација и за тоа што мислат за луѓето и за светот во кој живееме сите. За да го постигнат тоа, ја подготвија оваа брошура за Вас.
Во повеќе погледи Јеховините сведоци се како и сите други луѓе. Си имаат вообичаени проблеми — економски, физички, емоционални. Понекогаш прават грешки, бидејќи не се совршени, вдахновени или непогрешливи. Но, настојуваат да учат од своите искуства, и марливо ја проучуваат Библијата за да ги направат потребните исправки. Тие му се предадени на Бог за да ја вршат неговата волја, и сосредоточени се да го исполнат тоа предание. Во сите свои активности бараат водство од Божјата реч и од неговиот свет дух.

Предадени му се на Бог за да ја вршат неговата волја
Мошне важно им е нивните верувања да се темелат на Библијата, а не чисто на човечки шпекулации или на религиозни принципи. Го чувствуваат истото што и апостол Павле кој под инспирација изјавил: „Бог нека се најде вистинит, макар секој човек се покажува лажливец“ (Римјаните 3:4, Превод Нов Свет*). Во однос на учењата кои се презентираат како библиска вистина, Сведоците енергично го одобруваат правецот кој го следеле жителите на Верија кога го чуле проповедањето на апостол Павле: „Ја примија речта со најголема горливост на умот, секојдневно испитувајќи го внимателно Писмото дали е тоа така“ (Дела 17:11). Јеховините сведоци веруваат дека сите религиозни учења треба да се подложат на овој испит за да се види дали се во склад со инспирираното Писмо, сеедно дали е тоа учење кое го презентираат тие или некој друг. Тие Ве покануваат — Ве поттикнуваат — да го сторите тоа во Вашите дискусии со нив.

Веруваат дека Библијата е Божја реч
Од ова се гледа дека Јеховините сведоци веруваат во Библијата како реч Божја. Нејзините 66 книги ги сметаат за инспирирани и историски точни. На она што обично се нарекува Нов завет се осврнуваат како на Христијански грчки списи, а Стариот завет го нарекуваат Хебрејски списи. Се потпираат на обата дела, на Грчките и на Хебрејските списи, и ги земаат буквално, освен на местата каде што изразите или контекстот очигледно покажуваат дека тие се фигуративни или симболични. Сфаќаат дека многу од пророштвата од Библијата веќе се исполниле, дека други се исполнуваат сега, а трети допрва треба да се исполнат.
НИВНОТО ИМЕ


Јеховини сведоци? Да, така се нарекуваат. Тоа е описно име кое покажува дека тие сведочат за Јехова, неговото Божество и неговите намери. „Бог“, „Господ“ и „Творец“ се титули — како „претседател“, „цар“ и „генерал“ — и можат да се применат на неколку личности. Но, „Јехова“ е лично име и укажува на семоќниот Бог и Творец на универзумот. Ова се гледа од Осија 12:5: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“.


Божјето лично име на древен хебрејски јазик
Името Јехова (или Јахве, како што претпочитаат преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов и некои изучувачи) се појавува во оригиналните Хебрејски списи скоро 7.000 пати. Во повеќето Библии не се појавува како такво туку е заменето со „Бог“ или „Господ“. Меѓутоа, дури и во тие Библии, обично може да се каже каде во оригиналниот хебрејски текст се користи Јехова, бидејќи на тие места зборовите со кои е заменето се напишани со големи букви, како на пример: БОГ, ГОСПОД. Неколку современи преводи го употребуваат или името Јехова или името Јахве. Така, Исаија 42:8 во New World Translation гласи: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“.

Името е поврзано со една драма во судница
Библискиот извештај кој го користат Јеховините сведоци за своето име е 43. поглавје од Исаија. Таму светската сцена е претставена како драма во судница: Боговите на нациите се повикани да доведат свои сведоци за да ги докажат своите наводни случаи на праведност или за да ги сослушаат сведоците од Јеховината страна и да ја признаат вистината. Таму Јехова на својот народ му вели: „Вие сте мои сведоци, вели Јехова, и мој слуга кого го избрав; за да знаете и да ми верувате, и да разберете дека јас сум тој: пред мене не беше создаден ниеден Бог, ниту после мене ќе има. Јас, токму јас, сум Јехова; и освен мене нема спасител“ (Исаија 43:10, 11, American Standard Version).
Јехова Бог имал сведоци на Земјата во текот на неколку илјади години пред да се роди Христос. Откако во Евреите, 11. поглавје, се наброени некои од тие луѓе од вера, во Евреите 12:1 се вели: „Затоа и ние, бидејќи сме опколени од толку голем облак на сведоци, да го симнеме секој товар и грев кој лесно нè заплеткува, и со истрајност да трчаме во трката што стои пред нас“. Исус пред Понтиј Пилат рекол: „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“. Тој е наречен „верниот и вистинскиот сведок“ (Јован 18:37; Откровение 3:14). На своите ученици Исус им рекол: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде на вас, и ќе ми бидете сведоци како во Ерусалим така и во цела Јудеја и Самарија, па сè до најоддалечениот дел од земјата“ (Дела 1:8).
Затоа, околу 6.000.000 лица денес во над 230 земји кои ја кажуваат добрата вест за Јеховиното царство преку Христос Исус сметаат дека е исправно себеси да се нарекуваат Јеховини сведоци.

Околу 6.000.000 Сведоци
во над 230 земји


ПРЕВЗЕМЕНО ОД
http://www.watchtower.org/mc/jt/article_01.htm
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Чек Јеховини Сведоци кај нас се исто што и Амишите !?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.330
Леле што ги направи ти Јаховиниве сведоци како некоја опасна секта да се.Врска нема,јас познавам цела фамилија Јеховини сведоци се,мирни луѓе,повлечени,си го гледаат своето,иако често знаат да навлезат во дуел со атеисите,но тоа е,секој си го брани своето,но во никој случај нема да те напднат или осудат за нешто,мене ми се пофини од христијаните кои кога ќе ти дојдат па ќе почнат да филозофираат нешто,па ќе изедначуваат сатанист со атеист,па ќе почнат да плукаат на се што не е дел од библиските норми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom