Ќе биде многу добра утакмица... тоа е сигурно.
Шкендија има феноменален напад.
Вардар има одлична одбрана (плус се враќа Вајс ако не се лажам).
Шкендија треба да ја искористи левата страна на Вардар која е прилично слаба, Пеев е токму фудбалер за таа задача, ако има добар ден може да биде многу опасно од таму.
Вардар пак одлично знае да ја умртви играта, што дефинитивно е проблем за тетовскиот тим. Плус Шкендија се многу ранливи на контра напади (Цуцули и Елмазовски излегуваат премногу офанзивно и оставаат голем простор на страничните позиции).
Очекувам Вардар да почне со опасни и брзи крила (Лико десно, Гроздановски лево - нека го тргнат барем за таа средба Петров.
Куртиши ќе мора да биде маркиран низ целиот меч, бидејќи одлично се снаоѓа кога има барем малку простор пред себе.
Емини треба да биде оставен со повеќе простор (не е во добра форма), а играчите на Вардар да се сконцентрираат на Пеев и Хасани кои гарантирано ќе бидат творци на најголемите шанси на тој меч.
Шкендија ќе мора да игра подлабоко на својата половина со Мустафи и Усеини затоа што стоперите нема да можат да го допрат Ивановски...
Очекувам најдобар меч во МФЛ досега...