Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
KLIK

Земав 15кг вреќа не знам што пари беше ,мислам некаде околу 3000.

Исто така од Farmina имаше уште една формула се викаше Natural&Delicius имаше 48% протеини ,али цената беше мислам 5000 илјади за вреќа од 15кг или 20кг ,прескапо е...

Мислам дека Ecopet-ов супер е.
колку време ти траат тие 15кг со стафот?
 
KLIK

Земав 15кг вреќа не знам што пари беше ,мислам некаде околу 3000.

Исто така од Farmina имаше уште една формула се викаше Natural&Delicius имаше 48% протеини ,али цената беше мислам 5000 илјади за вреќа од 15кг или 20кг ,прескапо е...

Мислам дека Ecopet-ов супер е.

Ecopet Junior од Farmina е одличен во составот, гледам има 28% пилешко месо, 27% протеини, 14% масти, тоа е доста добра храна.
А и не е многу скапа, 15 кила вреќа за 3.000 денари тоа е 200 денари за кило.
Ројал Канин и Еукануба со сличен состав коштаат над 300 денари за килограм (добро сега Ројалот и Еуканубата се поквалитетни, но сепак не е огромна разликата со Ecopet).
--- надополнето: Sep 2, 2011 9:35 PM ---
14 дена доколку му давам само дехидрат без додатоци. На ден треба вкупно по 500 грама ,ама јас му давам 400 грама и леб и ми трае некаде 16-17 дена.

Не се премногу 500 грама сува храна за негова возраст ?

Јас мислам дека 250/300 грама е доволно, сепак тој сеуште не е возрасен.
Возрасен Стафорд треба да јаде околу 400 грама сува храна.
 
Ecopet Junior од Farmina е одличен во составот, гледам има 28% пилешко месо, 27% протеини, 14% масти, тоа е доста добра храна.
А и не е многу скапа, 15 кила вреќа за 3.000 денари тоа е 200 денари за кило.
Ројал Канин и Еукануба со сличен состав коштаат над 300 денари за килограм (добро сега Ројалот и Еуканубата се поквалитетни, но сепак не е огромна разликата со Ecopet).
--- надополнето: Sep 2, 2011 9:35 PM ---

Не се премногу 500 грама сува храна за негова возраст ?

Јас мислам дека 250/300 грама е доволно, сепак тој сеуште не е возрасен.
Возрасен Стафорд треба да јаде околу 400 грама сува храна.

Сите табели што се позади храната дали на pedigre ,ecopet пишува дека треба да се дава од 400-500 грама. Но не му давам 500 грама ,туку 350-400 грама.

Досега според табелата одам и килажата му е супер ,таман е.
 
Сите табели што се позади храната дали на pedigre ,ecopet пишува дека треба да се дава од 400-500 грама. Но не му давам 500 грама ,туку 350-400 грама.

Досега според табелата одам и килажата му е супер ,таман е.

Епа добро, штом му одговара таа количина на храна, продолжи така да го храниш :)

Само избегнувај да даваш храни како што се Педигре, Фрискис, Чапи, Дарлинг и слични.

Ројал Канин и Еукануба се најскапи и со одличен квалитет, но сепак има многу храни што се со сличен квалитет и состав со Ројал Канинот и Еуканубата а сепак се продаваат со пониска цена, такви храни се Пурина ПроПлан, Бош, Брит, Белкандо ...
 
Има во Македонија одгледувачница на расата Дого Аргентино или некој што одгледува такво куче? Прашувам чисто информативно :)
 
Ajaks relax.jpgАјакс во фазата на транспорт до Скопје... Сега се навикна и почнува да размислува на македонски. Дефинитивно најдобрата раса што може според мене да се одбере по сите дефиниции за работни кучиња кои растат големи и не се митарат и дефинитивно се погодни за живеење во обичен стан.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Убави кучиња се :)
Знам во парк често шетаа еден возрасен Црн руски териер, мислам дека има само 2 или 3 кучиња во Скопје.

И Црниот руски териер често го помешуваат со Големиот Шнауцер бидејќи се премногу слични и луѓето неможат да ги разликуваат.

Од каде го земавте ?
И дали планирате да му ги купирата опавчето и увцињата ?

пс. можете да поставите повеќе слики од Ајакс, прекрасен е :)
 
опавчето му е скратено веќе и средено а ушите мислам дека остануват исти, какви што се... Ајакс го зедовме од Србија каде што има неколку добри легла и е релативно познат, како и во Хрватска, само што србите го продаваат поефтино. Јас имам желба ако даде Бог да во иднина направам клуб на ЦРТ во Скопје и легло, само да видиме како ќе се однесува Ајакс во иднина.

Големиот шнауцер е дел од генетската структура на ЦРТ во чиј главен состав на избор на гени влегува ердел териерот, ротвајлерот и њуфаундленд, а инаку русите во нивниот состав експериментирале со 17 видови на најдобри раси за да остварат врвно воено и полициско куче...;)
--- надополнето: Sep 8, 2011 5:40 AM ---
photo0095_001.jpgAjaks i Aron2.jpg
 
Итно, ми треба совет! Кучето ми е мешанче од пекинезер, старо 10 години, брат ми сака да го носи во Белград, кажете ми Вие што се разбирате од овие работи што треба да му извадам на кучето? Најдов на интернет дека за Србија, треба само потврда за примена вакцина против беснило, микрочип и сертификат издаден од надлежен ветеринарен инспекторат од општината.
Извинете што прашав тука, но тоа го направив затоа што мислам дека тука ќе добијам најбрз одговор. :)
 
Да не знае некој каде во Скопје се продаваат елекртични каишки и коку пари се ?
 
Дали знаете кај се продаваат куќички за кучиња? Или материјал да си купам па сам ќе си направам дома?
 
Кажете како да го научам кучето да сере и моча на една локација која ќе ја одредам. Пошо сере кај ќе му текне а и има четери и пол месеца. Ми викаат после јадење прошетај го и ќе сере негде надвор, ама она за инает го чува и пред гаража ќе се исери. Мајке ми секој ден као чистач се осеќам.

Друго, никако да се одвикне од земање влечки од пред врата и носење на непозната локација. Ја стекнав навика да не оставам веќе влечки пред врата и да ја затворам надворешната врата пред тоа да стекне навика да не ги чепка. Испаѓа дека ја сум со педигре.:pos:

Често преку цел ден не го врзувам, а кога ќе го врзам и го пуштам кон 11 навечер оно цела вечер кружи околу ќуќа и лае, се дешава кога лае позади куќа да се прфрлам у друга соба, а кога е напред се враќам пак у мојата, и така неколку пати цела вечер. Тато уморен некогаш му искача надвор и ова со брзина на светлината у куќичката.

Разгалено е, ќе треба да го навикнам да не јадит.
 
Треба јако трпение. Исто како дете кога чуваш, знае максимално да те накурчи, ама толку е слатко и греота да го удриш, што едино што ти останува е да бидеш трпелив и нон стоп да му ги повторуваш работите и активностите зашто само така ке запамти. Карај го кога ке направи нешто лошо, не да го тепаш (можеш со весник по газ да го удриш еднаш, ама не до толку јако за да заквичи, тоа е веќе насилство кое е недозволиво и нечовечко да се применува), само заплашувај го, после ке запамти дека тоа не смее, и обавезно наградувај го кога е послушно со галење и храна. Имаш уште време да го учиш кај да врши нужда, мало е четири и пол месеца, 2-3 пати во денот (или уште подобро ако можеш повеќе) носи го надвор, и не го враќај додека не изврши нужда, постепено му станува навика и потреба да се измоча надвор, за да обележи терен нели :))) Како што расте и како што се учи, верувај после тоа дома и да го тераш нема да ти врши нужда :)

Немој многу да го храниш, 2 пати (накај 1) нека му биде просекот, зависи во кој дел од денот му даваш. Пример, моето куче е навикнато на пладне да добие обилен оброк, и потоа накај вечер си грицнува сува храна, увек му е достапна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom