Шала настрана, за мене Раниери е добар тренер, со доаѓањето на Раниери, Морати оди на сигурна варијанта, можеби Раниери неможе да донесе титула(не дека е слаб тренер,ама ете таква ѕвезда има) ... Интер можеби полошо би поминале доколку донесеа некој квалитетен тренер, но тренер кој нема искуство во Италија отколку со Раниери, Ранко за брзо време ќе ги консолидира, пред се во одбраната и целата формација ќе им ја погоди, човекот покажа со Рома дека добро ги владее и 4-3-3 формација и 4-3-1-2, дури тимот го оспособува тие промени да ги направи во текот на мечот во зависност од противникот и резултатот(и обично му беа полн погодок), Интер со било која од овие две формации ќе има повеќе успех отколку со онаа формација на Гасперини .. Раниери го мислеа за старомоден, но барем како што беше во Рома јас не го делам тоа мислење, човекот знаеше да даде шанса на младите, всушност играа оние кој највеќе беа спремни(освен Тоти, нормално
) ... повторувам, можеби да го доведеа Рајкарт или Ван Гал можеби за брзо време ќе се разиграа со некој од тие тренери, но така постои и ризик да помине многу време за да се воиграат па да го пропуштат возот за ЛШ, вака со Раниери ЛШ им е 99% загарантирана.
--- надополнето: Sep 22, 2011 2:02 PM ---
заборавив да кажам нешто негативно за Раниери
... има проблеми човекот со комуникацијата на релација со фудбалерите и доколку дојде до било каков проблем, обично во такви ситуации човекот паѓа под туѓо влијание и нема карактер да каже така ќе биде и готово, тогаш знае да ги испушти конците од рака, инаку доколку се оди како што треба, тогаш Ранко ти е машина