Првата реченица со сила успеав да ја разберам... ако сакаш да си саркастичен, може и на литературен јазик, не да се мачиме со дијалекти
Мики, ми велиш: „Верата е категорија на духот, која се ефектуира во личното и колективното секојдневно живеење од Црквата. Кој е надвор од верата, надвор е и од делата.“
Вака:
Ме нервираат вакви неточни и надувани изјави кои што во суштина не значат ништо ако почнеш да се прашуваш.
Што е дух, душа? Сеуште полемизираме нели по форумов а и црквата нејасно објаснува со помпезни изјави околу тие зборови. Категорија? Знаеш што е категорија општо ти онака? Ако верата е категорија на духот, што е со знаењето, како сосема спротивно нешто на верата? Заедно се две категории од духот? И која што ете ти на сите страни се обидуваш да ни кажеш како науката не ја бидува за ништо... од еволуцијата, па до квантна физика
span>
„секојдневно живеење од црквата“ ... мислам дека од, треба да е во, но јас би ставил за
Да не мешаме религија и вера... црквата нуди религија задскриена зад нејасна вера во нешто. Таа црква така задскриена е некакво мерило за делата? Ти со твојата вера и нејзино дефинирање како категорија на некаков си дух, ја даваш мерката кој има дела кој не? Ти мене ме зезаш момче
Јас сум надвор од твојата вера 100000 светлосни години, или добри 40 години на земјата, и сигурно имам дела вредни за паметење (нормално надвор од твојата црква)
Сигурно и други по форумов кои според твојата изјава се надвор од верата имаат дела вредни за паметење дури и за некој бог
Ако навистина мислиш дека е така како што велиш, сите ние правиме не дела во животот бидејќи сме надвор од некаква си заедница на верници кои имаат свои ритуали, кои ете според нив ги опишуваат космичките процеси? Внимавај на јазикот, поточно прстите во случајот, да не ти бидат побрзи од несредените мисли.
Исто така ти си надвор од протестантската црква, и за нив, ти си надвор од делата.. Надвор од делата... кој израз...
За нашето поведение нема да судиш ниту ти, ниту било кој бог ниту било која верско-политичка заедница на верници кои не носат ништо добро на светот ниту со знаење ниту со унапредување на светот.
Ах, сега видов... ти имаш египетска верзија на бог... Воскреснува секој ден
Тоа е веќе јавна тајна кој бог следите
Ме прашуваш кој наметнува апсолутна вистина? А наместо да прашуваш, да си ги прочиташ мислењата по форумов по два-три пати, да разбереш што пишуваш?
И за распнувањето... Дигнете го вие од мртвите вашиот бог, па ќе докажеме дали можеме или не да го распнеме... Работиме научно... со експерименти... нема што да се сонува.../p>
Ти си dreamer и бесно надежен за некакво си подобро утре кое ќе ти го понуди некаков си бог