Јазот помеѓу старото и новото време

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нема нови и стари вредности.
Има различна перцепција во однос на константни вредности,како општествени така и природни.
На пример сексот,кој нели ако се следи логиката на “новото време“ треба да е ослободен од табуа.
Треба.
Но никако да се дојде до константата - не повредувај никого со тоа што го правиш.
Но има и друг аспект.
Системот е принуден одвреме навреме да им дава нови видови забава на рајата.
Еден од тие е и сексот сфатен низ “новото време“.
Системот едноставно прави контракции со цел да го намали незадоволството кај рајата бидејќи во основа е ист,репресирачки и авторитарен.
Затоа ја продаваат илузијата за “рушење на табуа“.
За некоја година ќе има нешто друго...
Јавниот простор е хиперсексуализиран,бидејќи ете...сексот продава.
Зошто продава ако ете новото време ја ослободило рајата наводно во сексуален аспект?
Затоа што тоа е срање.
Ново факин време,хипер-либералност и квази рушење на табуа.
А има дечки и девојки кои не знаат основни работи околу сексот како да сме 1564-та година.
Притисокот од системот и наметнатите перцепции од медиумите се такви што го наметнуваат квантитетот пред квалитетот и оние кои не ја достигнуваат замислената слика се лузери и идиоти.
Дури на форумот како виртуелен начин на интеракција е така.
Можеби и не е така и се е во склад со новото време...хихихииииии ај нека каже некоја форумџивка што се дешава ако напише нешто послободно во врска со сексот...:pos2:

Нејзиното сандаче би требало да има капацитет од 1500 пп.
И тоа без икончињата дрк и возбуда...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Се додека луѓето многу повеќе се замараат со тоа како живеат другите а не со тоа како живеат самите тие и се додека владее филозофијата "Јас сум во право а ти грешиш" и се додека малцинството не се однесува онака како што наметнува мнозинството ќе постои јазол помеѓу старото и новото.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.138
Поени од реакции
25.695
Јас убаво си викам дека либерализмот и либералистите, а не метеори, глобално загадување, или гладот ќе го уништат светот, ама па кој ме прашува мене.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сама си пишеш сама си бришеш... Да си модератор е хит на новото време.
Ова нешто на мене се однесува? Хит на новото време е да се правиш паметен,како на пример ти,без да помислиш дали јас можам или неможам да бришам пост во општи муабети.Ова е типичен пример во кој без да се сослуша се напаѓа.И што добиваме=бламажа.
Исто како и суштинава на темава,се продава магла во тегли од лица кој ни сакаат ни можат да разберат што зборува другата страна.Ако незнаеш најубаво е да прашаш,наместо да носиш суд за нешто за кое воопшто немаш поим како е,баш како примеров.

Зошто да има теми за кој не треба да се разговара и општеството ги класифицирало како непотребни?Зошто некој да се чувствува виновен за она што е или она што го прави?(без да повреди други лица).Заврши она време каде ни пласираа само информации за широки народни маси.Денес може слободно да разговараме за се и сешто и ништо не смее да биде табу тема.Впрочем баравме демократија еве ја,зошто ја ограничувате?
Абортусот порано бил забранет,денес е легален значи исправена е грешка од минатото.Хомосексуалност беше болест,денес не е,тргната е од листата на Светска здравствена организација.Утре за марихуаната ќе биде исто.И ред други работи.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Еве пример за jазот меѓу новото и старото време - баба ми:
синко ево ти 1000 дИнара купи си нешто.
Едноставно некои луѓе не сфаќаат дека ДИНАРИТЕ отидоа во историjата и скоро 18 години имаме ДЕНАРИ! Од тие таквите не мрдаме напред
Еве еден виц што сам го смислив :smir::
Што е тоа jаз меѓу новото и старото време?
-Тоа е кога баба ти ќе и пише на Феjсбук на комшивката да не пушта толку глас додека игра FarmVille (и притоа ќе jа Боцне[Poke]) :D
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.694
Поени од реакции
31.745
Муабетот се отвори на една тема,па овде да продолжиме...
Зошто не се прифаќаат промените кое ги носи новото време?Зошто се продава морал кога живееме во ненормално општество во сите сегменти?Што треба да зачуваме,а што да прифатиме?Се менуваат вредностите?
Може за почеток да се сослуша другата страна? Или од старт се ќе отфрламе.
zimajki vo predvid nekoi megjusebni taka raspolozheni za diskusija naostreni., se prashuvam od do se ona shto go napisha., i na tolku postovi replicirajki ., branejki se ., od segashna gledna tochka ., shto se ne iznapisha ., i shto se ne iznakazha ., dali veruvash i samata vo ona shto nekogash si mislela deka e ispravno ., a sega od vremenska distanca se sudirash so sopstvenoto mislenje otvarajki nova tema........
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
zimajki vo predvid nekoi megjusebni taka raspolozheni za diskusija naostreni., se prashuvam od do se ona shto go napisha., i na tolku postovi replicirajki ., branejki se ., od segashna gledna tochka ., shto se ne iznapisha ., i shto se ne iznakazha ., dali veruvash i samata vo ona shto nekogash si mislela deka e ispravno ., a sega od vremenska distanca se sudirash so sopstvenoto mislenje otvarajki nova tema........
prashuvajki so sakash....da, kazesh. se prashuvam.., dali od ovaa distaca,.! i potoa 4ove4e ...,dali veruvash...,
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас убаво си викам дека либерализмот и либералистите, а не метеори, глобално загадување, или гладот ќе го уништат светот, ама па кој ме прашува мене.
Алелуја...
--- надополнето: Sep 21, 2011 8:25 PM ---
Нема нови и стари вредности.
Има различна перцепција во однос на константни вредности,како општествени така и природни.
Точно така, иако ми се смачи да се сложувам со тебе...

:D

Леандра го преценува новото. Нема многу ново, воглавно се лигавиме над истите морални дилеми во последните 30 векови. Од време на време, тие дилеми ни ги сервираат како нови, и ние повторно и повторно се вртиме во круг. Моралот како што го познаваме, е како модата. Оваа година се во мода подолги јаки, и повеќето ќе носат такви. Хипстерите ќе носат пократки. Следната година обратно. Пред неколку години на цена беше викторијански морал, сега либерален. Хипстерите беа тогаш либерални, сега се викторијанци... И така, во круг... Сегашното човештво не го измисли ниту оралниот секс, ниту сексот во тројки, ниту хомосексуалноста. Следствено на тоа, не ги измисли ниту ставовите спрема оваа проблематика. Она за што сега либералите се залагаат во однос на хомосексуалноста на пример, е ништо во однос на ставовот спрема хомосексуланоста во стара Грција, каде што се воспева хомосексуалната љубов помеѓу мажите, и се охрабрува..

Човештвото сеуште не е спремно за вистински новото, и голем дел треба физички да изумре за огромната промена која неминовно следува. Ние, човештвото, сеуште постоиме во историски свет, и потребен е голем чекор за да се излезе од него. Дури потоа ќе можеме да зборуваме за нови морални вредности, ново човештво. Во таа постисториска фаза, хомосексуалноста или абортусот ќе бидат теми за подсмев...

До тогаш, ќе не лажат дека е бескрајно значајна дискусијата за геј баровите...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
И ја неможам да ги издиференцирам старото и новото време и посебно кои промени се случуваат моментално со кои ние треба да бидеме во тек. Најновото и најдоброто што денешното општество може да го понуди е една тенденција на деконструктивизам и ставање во spotlight на сите радикални и понешто различни од останатите мислења за да креира илузија дека нешто битно се менува во општеството. Всушност самото репродуцира исти изџвакани теми за да се занемари фактот дека модерното живеење веќе поодамна е во limbo. Можеби за, благо кажано, традиционални места како нас сексуализмот, природата на општествените институации и слични прашања се доживуваат како да сме измислиле топла вода, али во основа овие теми се дискутирани и проблематизирани на други места многу одамна. И ништо револуционерно или којзнае колку ново не е заклучено. Да не верглам многу напишаа други подобро од мене.

Она што е интересна тема за мене, што ја потикна форумџиката е феноменот на селективен морализам кај нас. Тенденцијата да се биде ригорозен во моралните прашања кога станува збор за другите и нивните постапки, а од друга страна да се прават огромни отстапки од оние морални принципи кога се работи за нив самите. Еден вид на криење ,со осудата на другите, на своите валкани работи. Па после се создава една фарса ( која кај нас е актуелна) во која сите знаат што се случува во реалниот живот и како идат работите ама сите колективно се правиме на тошо.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Она што е интересна тема за мене, што ја потикна форумџиката е феноменот на селективен морализам кај нас. Тенденцијата да се биде ригорозен во моралните прашања кога станува збор за другите и нивните постапки, а од друга страна да се прават огромни отстапки од оние морални принципи кога се работи за нив самите. Еден вид на криење ,со осудата на другите, на своите валкани работи. Па после се создава една фарса ( која кај нас е актуелна) во која сите знаат што се случува во реалниот живот и како идат работите ама сите колективно се правиме на тошо.
Бинго. Селективниот морализам е моментот кој треба да се дебатира за да може сите останати промени во општественото живеење да поминат лагано без напони.
Јас знам дека ние не измисливме топла вода со милиони теми, но дај малку да бидеме искрени барем пред себе си.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Нема нови и стари вредности.
Има различна перцепција во однос на константни вредности,како општествени така и природни.
Со колку малку зборови колку убаво ја долови поентата.
Убавината на животот се доживува со баланс. Така и овде, некако се поделивте а моето мислење е некаде на средина.

Поентата на денешно време е да користиш мозок и самиот да избереш во што ќе веруваш и кои морални вредности кои ни ги наметнува новото време ќе ги вметнеш во сопствениот морален код. Воедно, ако веќе агитираме слобода, немаме право да судиме на другите. Секој е човек за себе со свои сопствени размислувања. ако некој решил дека дрогатае лоша, ок ама тој истиот нема право да суди на некој кој решил дека дрогата ете ок е. Правото на избор е есенцијално. Секој е различно воспитан, секој има различни размислувања, колку луѓе толку карактери и да бараме егзактност и апсолутна вистина во нешто толку живо и динамично.

Јас правам она што јас мислам дека е исправно и морално, без дами е ни најмалку гајле што мислат другите за мене и во исто време на никој нема да му судам за неговиот избор и за неговиот начин на живот.
на никој нема да му дозволам да ми го диригира животот ниту јас ќе пробам да диригирам нечиј живот.
--- надополнето: Sep 21, 2011 10:55 PM ---
Бинго. Селективниот морализам е моментот кој треба да се дебатира за да може сите останати промени во општественото живеење да поминат лагано без напони.
Јас знам дека ние не измисливме топла вода со милиони теми, но дај малку да бидеме искрени барем пред себе си.
Искрени пред себе? Одеднаш новово општество продуцираше милион критичари, способни за критика на секое поле а самокритичноста како да изумре. Колку само би било убаво секој да си ја гледа својата работа...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас правам она што јас мислам дека е исправно и морално, без дами е ни најмалку гајле што мислат другите за мене и во исто време на никој нема да му судам за неговиот избор и за неговиот начин на живот.
на никој нема да му дозволам да ми го диригира животот ниту јас ќе пробам да диригирам нечиј живот.
Без навреда, но ова е една од најголемите и најдосадните фрази out there...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Искрени пред себе? Одеднаш новово општество продуцираше милион критичари, способни за критика на секое поле а самокритичноста како да изумре. Колку само би било убаво секој да си ја гледа својата работа...
Кон тоа целиме. Навистина ми стана досадно и монотоно да укажувам дека треба секој да се сврти прво кон себе си, а потоа да погледне настрана. Кај нас се мешаат брзините. Критичари сваштолози. Значи моментално имаме тендеција на зголемување на експертите од секое поле, отвараш право него го читаш, отвораш економија повторно и на крај отвараш архитектура и се убиваш.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Без навреда, но ова е една од најголемите и најдосадните фрази out there...
Како што реков, искрено го почитувам твоето мислење и толку. Тврдоглаво си останувам на своето, не ме знаеш, мене стварно ми е гајле што мислат другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom