Дали повторно светот ќе гладува поради вулканот Тамбора?
Последен пат кога еруптирал вулканот Тамбора, околу 85.000 луѓе загинале веднаш. Уште милиони луѓе страдале од неговите последици. Ерупцијата, која се случила во 1815 година, била најсмртоносната забележана во историјата.
Единствена ерупција на вулкан позната на човештвото за која се смета дека била слична на оваа, се случила пред 180 години на Нов Зеланд. Тоа се вушност двете ерупции некогаш забележани, кои на Индексот за вулкански експлозиви ја означуваат бројката 7. 'Осумка' не се памети во забележливата историја.
Година без лето
Дури и злогласениот Краката во споредба со Тамбора се чини како 'мало дете'. Ерупццијата на Тамбора во 1815 година се слушнала на одалеченост од 2.500 километри. Пепел паѓал на радиус од 1.300 километри. Пред експлозијата, најголемиот врв на Тамбора бил висок 4.300 метри. Денес оваа планина е висока дури 2.851 метар.
Ерупцијата ја уништила целата вегетација наоколу. Околината на индонезискиот остров ја погодил цунами. Но, последиците не се чувствувале само во Индонезија - поради ерупцијата на Тамбора страдал целиот свет. Годината 1816 во историјата била позната како 'година без лето' или 'година на сиромаштија'. Поради оваа ерупција просечните глобални температури биле пониски за еден степен Целзиусов.
На прв поглед не звучи страшно, но последиците биле буквално катастрофални. Зимските снегови, кои во Европа и САД таа година траеле до јуни, убиле многу видови зеленчук, а стока умирала на сите страни што предизвикало голем глад. Во Њујорк температурата се спуштила на неверојатни -32 степени. Фамилии од Велс вуквално се молеле за храна. Цената на основните намерници во Германија драстично се зголемила. Уште полошо било во Кина, каде ниските температури ги прателе и обилни поплави.
Животот на островот Сумбава, на кој се наоѓа Тамбора, се вратил дури во 1930 година, повеќе од сто години подоцна. Се проценува дека на Сумбава денес живеат околу 1,33 милиони луѓе. Но, последните неколку дена многу од нив се евакуирани, некои присилно, а некои сами. Тамбора, имено, во април оваа година повторно се пробудил и се заканува со нова - голема ерупција, од која стравуваат дека би можела да биде слично така катастрофална како онаа пред 200 години.
1815 НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИ
Геологот Jelle de Boer, професор на Универзитетот Веслиан во Конектикат, тврди дека не е возможно да се процени јачината на новата можна ерупција. Тој е убеден дека оваа би морало да биде послаба од онаа во 1815 година, поради тоа што се потребни повеќе од 200 години да се обнови количеството на притисок кој е потребен за толку силна експлозија.
Вулканологот Ерик Клемети од Универзитетот Денисон, ширењето на паника се обидува да го намали со фактите дека во Тамбора низ последните 200 години биле забележани три мали ерупции - 1819, 1880 и 1967 година. Станувало збор за ерупции од втор степен, тврди Клемети, што би можело да се случи и сега. Поради тоа нема потреба од дополнителна паника.
'Иако ерупцијата на Тамбора би предизвикала големо светско внимание, не треба да се очекува дека во 2012 ќе немаме лето', смета Клемети.
Убаво се сеќавам лани на А1 имаше тема за 2012 дали навистина има можност за крај на светот и Глигор(Метео) и уште еден човек(не памтам кој) беа гости и збореа што како може да биде..
Знам дека Глигор кажа во најлош случај можно е да има голема ерупција на вулкан во 2012 со што цел свет ќе остане во сивило неколку месеци т.е ќе биде нешто како вулканот лани кога недела две цел свет беше во сивило посебно европа но овој вулкан многу посилен од тој како што пишува погоре е "Мало дете'' во споредба со Тамбора