Не планираше, ама така ти се испушти само.
- ова е мало мало, ама сепак покажува емоција.
Исто како и ние луѓето. Најпрво што учи малечко бебенце е распознавањето на лицата околу него, уште пред да научи како да зборува. Нејсе, зашто сум напишал дека ги ставам во исти кош овие со оние... Уствари, не. Не можам да ги ставам во исти кош, поради тоа што првите (психолозите) се образовани начитани луѓе кои делумно знаат да слушнат што има да им каже соговорникот. Тие се луѓе слушачи, во исто време дијагностичари на за нив познатите состојби. Но, што се случува кога ќе дојдат во допир со пациент за кој не се обучени да си направат реална слика? Што се случува кога ќе дадат погрешна дијагноза? Што се случува кога ќе помислат дека треба некој да прими една терапија, а притоа настанала некоја виша комплицирана состојба?
Ама од друга страна, рајата кај нас отсекогаш им верувала на бајачите, и кога има чести главоболки некој барал помош кај бајач/ка.
За шината рака, нога,... бараме спас кај човек кој нема тапија за доктор, ама има дарба и е познат во околината, го бие добар глас и не наплатува за услугата, нема ценовник, од култура му оставаме по некоја 50-100 денарка.
Си бил некогаш кај човек поради шината нога? Сигурно си бил, признај.