Која победа ви остави најголем впечаток?

Која победа ви остави најголем впечаток?


  • Вкупно гласачи
    110

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Веб-сајт
www.youtube.com
Која победа на нашите кошаркари ви остави најголем впечаток (или пак најмногу ви значеше) на Европското Првенство во Кошарка во Литванија 2011?

Со други зборови:
Која победа ви беше најслатка?
 
Дефинитивно Литванците кога ги тепавме

(За грците се знаеше дека ќе го папаат)
 
Утакмицата со Литванија дефинитивно беше најинтересниот натпревар на ова Европско првенство, едноставно и во текот на целата утакмица резултатот беше скоро изедначен.. на крајот Владо Илиевски погоди тројка што значеше победа на таа утакмица, од медиумски аспект топгаш се крена највеќе прашина зошто го тепавме домаќинот на првенството плус низ сите градови се славеше највеќе по таа победа според мене.
 
Не можам да гласам за две :)
Со гејлада затоа што им одржаа лекција и ги растурија.
Со Литванија затоа што не се предадоа се бореа храбро победата стигна во последен момент и уште поубава ја направи тоа што не однесе во полуфинале :)
 
Еј знам дека е МАЌЕДОНСКИ да била против Грција, ама најако чуство имав против литванците...најако беше :D
 
Најслатка беше дефинитивно против Литванија+судии.
Тука е и победата над јужните но сепак таа со Литванија ја ставам на 1 место.
 
Со Литванија секако, а на второ место најголем впечаток ми остави натпреварот со Хрватска, затоа што после поразот со Црна Гора сите не сметаа за аутсајдери, сите не отпишаа, и дефинитивно тој натпревар го направи пресвртот на ова првенство. Иначе секако после Литванија, најдрага ми е победата против јужните соседи.
 
Дефинитивно со грците, најмила ми беше таа победа.Дури и во финале да тепавме немаше да ми биде мила победата како со грците :)
 
Најголем впечаток ми остави утакмицата со Шпанија, затоа што одиграа фантастично, како да гледав NBA натпревар, да имаа шпанците барем еден пад во играта ќе беше поинаку...
 
над гејците ( а колку ги погоди тоа- видовме, наредниот ден ја блокираа границата кон Македонија)
 
Сите победи ми оставија впечаток, некоја помалце, некоја повеќе.
Четирите победи во група, од таму најслатка победа е таа со Финска, можеби очекувана беше пред шампионатот, ама со таа победа се пласиравме во следната фаза. Во наредната фаза победата над Грузија, и нормално најслатка победа над Литванците, во која изборивме историско 1/2 финале.

* победата над Грција ќе ми оставеше голем впечаток ако беа со полн состав, овака му доаѓа на рамниште на една победа како што беше против БиХ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom