Феноменот: Раскинување на долга врска, веднаш започнување на нова врска и веднаш брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Една моја другарка со дечко и имаа врска 3 години и пред 3-4 месеци се скараа нешто и раскинаа. Она уште на првата недела си фати друг дечко и пред 2 недели се свршија!:tapp: WTF?! :notworthy:
 
Една моја другарка со дечко и имаа врска 3 години и пред 3-4 месеци се скараа нешто и раскинаа. Она уште на првата недела си фати друг дечко и пред 2 недели се свршија!:tapp: WTF?! :notworthy:

:tapp: ќе се кае ама ај ...
 
Не значи дека ќе се кае, во секоја врска и брак има тешки моменти тоа е неминовно но не значи дека тоа ќе доведе до раскинување или развод.
ти би основал фамилија со некоја што ја знаеш 2 месеци ? јас не :unsure:
 
Долгата врска може да се раскине за глупост а и некогаш за добра причина се зависи од личностите што се во таа врска. Откога ќе се навикнеш толку време да поминуваш со таа личност има период кога нон стоп поминуваш во кавга и кога после тој период се ладат партнерите еден кон друг.
Да го замениме зборот врска со зборот брак...Ако заладување на односите помеѓу партнерите (после 10+години :confused:) влијае на раскинување на таа врска, не ми е јасно како ќе се сигурни дека бракот во кој ќе стапат со некој друг/а (по раскинување на долга врска) нема да доживее крах сличен на врската заради заладување на односите или заради некој конкретен повод. Бракот ќе трае до крај затоа што се заснова на љубов, взаемно разбирање...но тие нешта нели се подразбираат и за една макар посериозна врска (повеќегодишна). зарем тоа "оштетената странка" не го забележала со време? Како тек во брак ќе забележи ако нешто не е в ред...
Мислам дека некаде во содржината на овој пост се одговорите за иницијаторот на раскинувањето, а "жртвата" од таа врска...треба малку повеќе да внимава пошто и со бракот може сешто да се случи.
 
Сите луѓе еволуираат, созреваат и се менуваат во текот на годините. Многумина ги потиснуваат психо-физичките промени и стануват посесивни и склони кон зависност од партнерот и навиките и се ќе направат само да ја одржат врската дури и да не постои љубов повеќе меѓу нив, а има и такви луѓе што се похрабри и свесни дека еднаш се живее . . .
Тоа што овие вторите се одлучуваат на брак во наредната врска по само неколку месеци не е од страв од осаменост или страв од безмилосниот фактор време туку едноставно им се случило љубов. . .
Всушност никој човек не живее на пуст остров каде неговиот избор би бил ограничен, никој човек не е лебед што ќе сака некого до крајот на животот, луѓето си се луѓе и затоа имаат безброј прилики на избор.
 
Да го замениме зборот врска со зборот брак...Ако заладување на односите помеѓу партнерите (после 10+години :confused:) влијае на раскинување на таа врска, не ми е јасно како ќе се сигурни дека бракот во кој ќе стапат со некој друг/а (по раскинување на долга врска) нема да доживее крах сличен на врската заради заладување на односите или заради некој конкретен повод. Бракот ќе трае до крај затоа што се заснова на љубов, взаемно разбирање...но тие нешта нели се подразбираат и за една макар посериозна врска. зарем тоа "оштетената странка" не го забележала со време? Како тек во брак ќе забележи ако нешто не е в ред...
Мислам дека некаде во содржината на овој пост се одговорите за иницијаторот на раскинувањето, а "жртвата" од таа врска...треба малку повеќе да внимава пошто и со бракот може сешто да се случи.
Точно се согласувам потполно со ова мислење ама исто така кај мене не беше причина заладувањето туку сосема друго. Сум имала и разбирање и се ама што ќе се обидуваш да спасиш кога од другата страна не сакаше да биде спасено и ќе толерираш некои работи ама не може толеранцијата да биде еднострана. Сум жртвувала многу работи ама сега гледам дека се ми било џабе. Единствено сум среќна што не сум стапила во брак. Е сега што кај мене постои стравот тоа е веќе друго.
--- надополнето: Sep 20, 2011 2:01 PM ---
Дали добро те разбрав дека сеа ко ќе си најдеш дечко нема да сакаш да бидеш во долга врска за да стапиш во брак?
Да значи и да имам друга врска нема да сакам да помине период од 6 ипол години за да стапам во брак.
 
Жени: сакаат да се залетаат во брак со првиот навидум алфа мажјак кој има доволно квалитетна сперма за да ја нападне јајце клетката. Нема љубов, нема романтики...има само исполнување и остварување на нивната природа а тоа е мајчинството. Тоа е нејзиниот врв кон кој свесно или несвесно се стреми да го достигне и тогаш таа ќе биде целосна. Не е битна должината на врската - битна е спермата!

Мажи: Бараат замена за нова мајка(обично под притисок на старата + дружината роднини и пријатели) која ќе ги пери, теши, брише солзите...ќе готви храна и што е најбитно ќе му дава бесплатен секс неколку пати неделно па и помалку.

П.С. Ма секако дека постојат исклучоци...секако.

П.П.С. Ја сум во 8 годишна врска и да ти еам темата реално- морничава :unsure:
 
Жени: сакаат да се залетаат во брак со првиот навидум алфа мажјак кој има доволно квалитетна сперма за да ја нападне јајце клетката. Нема љубов, нема романтики...има само исполнување и остварување на нивната природа а тоа е мајчинството. Тоа е нејзиниот врв кон кој свесно или несвесно се стреми да го достигне и тогаш таа ќе биде целосна. Не е битна должината на врската - битна е спермата!

Мажи: Бараат замена за нова мајка(обично под притисок на старата + дружината роднини и пријатели) која ќе ги пери, теши, брише солзите...ќе готви храна и што е најбитно ќе му дава бесплатен секс неколку пати неделно па и помалку.

П.С. Ма секако дека постојат исклучоци...секако.
И те како постојат, ова се глупи причини за да стапиш во брак, па после со деца земи разведувај се.
 
Точно се согласувам потполно со ова мислење ама исто така кај мене не беше причина заладувањето туку сосема друго. Сум имала и разбирање и се ама што ќе се обидуваш да спасиш кога од другата страна не сакаше да биде спасено и ќе толерираш некои работи ама не може толеранцијата да биде еднострана. Сум жртвувала многу работи ама сега гледам дека се ми било џабе. Единствено сум среќна што не сум стапила во брак. Е сега што кај мене постои стравот тоа е веќе друго.
--- надополнето: Sep 20, 2011 2:01 PM ---

Да значи и да имам друга врска нема да сакам да помине период од 6 ипол години за да стапам во брак.
A ako типот со кој си во врска не ти одговара баш, би стапила у брак само за да не останеш стара мома? И ме интересира како ќе натераш некој да те земе за жена?
Или ќе му кажеш:Ако не ме земеш ти за жена, ја ќе те зеам за муж :icon_lol:
 
Да не го заборавиме најбитното. Долгите врски не почнуваат на 27 години. Започнуваат на 17, 18. Тогаш не ни можеш за 2 месеци да се омажиш, ниту пак сакаш. Твоето резонирање во момнтот е дека партнерот добро изгледа, добро се бакнува и оди во кафиќите кои и ти ги сакаш.
После некое време љубов, доаѓа навиката и доаѓа опуштеноста, сигурнста во врската, а заради поминатото време, остануваш и решаваш пробелми.
На 27 години, битен ти е карактерот, бираш потенцијален сопруг, а не потенцијален дечко. Бараш друго кај мажот. Посеризна си, знаеш што сакаш, побрзо проценуваш, за кратко време знаеш се што треба да знаеш. Нема веќе глупави игри, кој на кого прв ќе му се јави.
Не те врзува со него поминатото време од неколку години, туку неговиот карактер. И затоа решаваш побрзо за брак. Да не заборавиме биолошки часовик.
И по 10 години брак исто ако решиш дека не ти се допаѓа еќе животот со него и тоа што си со него, можеш да се разведеш, ама нема да решиш така брзо. Во врска викаш,,мене не ми се допаѓа'' во брак си веќе ,,ние со децата'' и се ставаш во втор план, бидејќи е добар татко.Тоа е.
 
И те како постојат, ова се глупи причини за да стапиш во брак, па после со деца земи разведувај се.

Јас се сметам за исклучок а и девојка ми...ние да раскинема нема шанси очајно да бараме по секоја цена сперма(таа) или јајце клетка(јас) по секоја цена. Подобро цел живот сам отколку со морничаво-погрешен човек. Ама ретко кој може да се поднесе сам, за тоа треба искреност :)
 
A ako типот со кој си во врска не ти одговара баш, би стапила у брак само за да не останеш стара мома? И ме интересира како ќе натераш некој да те земе за жена?

Што се тиче првото прашање, нажалост и на сопствена односно нивна штета одгворот е да. Не мислам на вага воопшто, мислам општо по моментални трендови. Нормално никоја на такво дирекно прашање нема да ти го одговори со да, ќе се излаже и сама и тебе јес да ако ја ставиш на полиграф нема да падне на тестот, дека има незнам ти каква не поврзаност меѓу нив, дека го сака, и он неа, дека толку се блиски, дека нема ништо повеќе на светот не би сакале од тоа итн итн, дрн дрн јариња... Сами во себе бараат justification за потегот што се решени да го направат, сами се убедуваат во други работи само да не си се соочат со вистината дека ете од пусти страв да не завршам како фрик со 14 мачки и 10 кучиња го правам тоа а не ради друга причина.
 
Јас се сметам за исклучок а и девојка ми...ние да раскинема нема шанси очајно да бараме по секоја цена сперма(таа) или јајце клетка(јас) по секоја цена. Подобро цел живот сам отколку со морничаво-погрешен човек. Ама ретко кој може да се поднесе сам, за тоа треба искреност :)
Тука си во право
 
A ako типот со кој си во врска не ти одговара баш, би стапила у брак само за да не останеш стара мома? И ме интересира како ќе натераш некој да те земе за жена?
Па затоа и сеуште не сум во врска и неможам некој да натерам на сила да ме земе ама нема да дозволам да мине толкав период за на некој да му текне дали ме сака за жена или не и после да си фати друга и да ме изневери. Ја знаеш таа како ја викаат ако се изгореш на млекото ќе дуваш и на матеницата и доколку сум во врска со некој кој не ми одговара ќе ја раскинам врската нема да чекам долг период за да проценам дали ми одговара или не. И да секако има милиони примери и секој е различен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom