Секоја им чест нив, секоја ни чест и нам... Вакво нешто немало досега во Македонија. Сте кажале се што требало да кажете. Ја само да додадам нешто...
Бев таму кај што застанаа со автобусот, пред да слезат, и нормално најјакиот момент беше кога Бо се појави на нашата страна. Но, епик момент беше кога Игорче излезе.

Колку беше човекот „ватрен“ еј, црвен ко пиперка, се дереше Излези момче. Ѕвер !!!
Јак момент беше кога овој од Тротоар рече: Никако не смееме да го поздравиме Докузовски.
Исто и изјавата на Чековски кога мумлаше, ништо не го разбрав.

Илиевски

Сега го кажа тоа што сакав да го слушнам дека и натаму ќе одат на големи успеси.
Марин кажа малку „чудна“ работа, кога рече: Заради овие момци, за мене сега знаат сите од Европа.

Но тоа со златото
Ме нанервира тоа што Калиопи ја утупи химната, требаше да ја пуштат инструменталната верзија.
И исто ме нервираше што имаше многу wannabe VIP фаци, кои гледаа да фатат подобар кадар да се сликаат, и заминуваа...
На крајот, атмосферата кулминираше кога Бо рече: Да живее Македонија!
Се на се, фантастичен дочек, реков нешто невидено досега кај нас. Го заслужија момците тоа, а и кај нив се виде дека се презадоволни од дочекот. Сега нормално ќе има и хејтери кои ќе плукаат и по ова, но нека им е... Јас се надевам дека ова е почеток, и дека ќе славиме уште многу вакви успеси, и уште многу пати нашите репрезентации ќе минат низ триумфалната порта.
Фала им за овие 20 дена, го направија тоа што цел живот го чекав.
