Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Секогаш кога една група самата неможе да се дефинира, ја дефинираат од надвор. Ако прашаш православен ќе ти даде една дефиниција, ако прашаш католик друга, ако прашаш протестант трета....и така натаму. Што значи дека јасен и прецизен одговор што е христијанството и што е Исус може да се добие единствено од некој неутрален, од некој што не се перцепира како христијанин, но има познавања од таа облст.
истото е и (глупа споредба ама јбг...такви се имешањата во дефинирања од не знам која причина) со хомосексуалецот. Нит се знае дал е или не е пореметување или се сосем нормални, но...остај ги да дишат и живеат со тоа, не? Конкретно не се однесува на тебе лично туку на сите групи и поединци кои негираат...или пробуваат да дефинираат.

Зш потребата да се дефинира нешто во кое верувам? Зш и потребата да негирате нешто во кое веруваме? Дали ќе се нахранат вашите клетки ако нешто "докажете"?

Триста филозофирања за нешто што не ве тангира другите, нехристијаните

А темата е што бил Исус
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мило ми е што имаме такви авторитети на форумов кои се компетентни да одредуваат што е Христијанство, а што не, што треба Христијанинот да прави, а што не.
Уште поинтереснио е тоа што ги има рамномерно распоредени во разни фиоки. Најгласни определувачи на границите и содржината на Христијанството се атеистите.
Но често и Муслиманите или дури и Телемитите знаат на Кајгана да ги натураат своите единствено исправни согледувања за тоа што е Христијанство и што би требало Христијанинот да прави, а што не.
Високата суета на дискутантите, резултира со наивна самоувереност, која на неопитните млади форумџии, веројатно делува авторитарно.
многу зборови , малку факти.
Исус на челото на заедницата го наследи брат му Јаков. Ни апостоли ни ученици, ни следбеници. Јаков и го нема нигде во новиот завет како негов ученик или следбеник дури и се спомна во заветот дека јаков заедно со мајка му и другите браќа и сестри дошле да г приберат Исуса дома (точен превод е да го затворат) затоа што го сметале за луд. А оденаш малце потаму - ете го истот тој Јаков на чело на Исусовите следбеници. Значи вопрашање е династичко наследување по машка линија (и следние два наследници на Јакова по неговата смрт се исусови роднини) Јаков и цела ерусалемска заедница биле ортодоксни јудејци, се обрежувале, принесувале ќртви и се молеле во храмот. Дури и го прекорувале павле за тоа што шири неточна вера меѓу евреите во дијаспора и паганите. Биле во завада и конфликт со павла кој никогаш ниту го видел исуса ниту го слушнал, и самиот за себе си тврдел дека исус во пустина го избрал за апостол (и таа изјава повторена на 3 места е контрадикторна една верзија со друга) Значи Христијанството се базира на зборови на павле кој тврди дека во пустина му се јавил исус и при тоа сам себе си противречи во сите изјави.
Христијанството се базира на учењата на павле и е палвликнство. Христијанството на исус било многу поинакво, беше јудеец и борец против римската окупација при што е фатен и распнат од страна на Рим.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
истото е и (глупа споредба ама јбг...такви се имешањата во дефинирања од не знам која причина) со хомосексуалецот. Нит се знае дал е или не е пореметување или се сосем нормални, но...остај ги да дишат и живеат со тоа, не?
Зш потребата да дефинираш нешто во кое верувам? Зш и потребата да негираш нешто во кое верувам? Дали ќе се нахранат вашите клетки ако нешто "докажете"?

Триста филозофирања за нешто што не ве тангира другите, нехристијаните
Тој што не го тангира не коментира, јас сметам дека ме тангира и затоа коментирам.
Религијата се наметнува во сите свери од живеењето. Го обликува моралот, етиката и ја нуди лажната надеж како решение. Лицемерно манипулира со стравот и надежта, и ги пласира нејзините догми како апсолутна вистина.
За мене тоа е доволна причина да критикувам и да ја сметам за зло религијата, за кочница на човековиот напредок.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Тој што не го тангира не коментира, јас сметам дека ме тангира и затоа коментирам.
Религијата се наметнува во сите свери од живеењето. Го обликува моралот, етиката и ја нуди лажната надеж како решение. Лицемерно манипулира со стравот и надежта, и ги пласира нејзините догми како апсолутна вистина.
За мене тоа е доволна причина да критикувам и да ја сметам за зло религијата, за кочница на човековиот напредок.
Пример, каде? Каде манипулира со тебе?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.158
Поени од реакции
83.939
Има примери на форумов каде двајца Христијани се натпреваруваат во точноста на своите согледувања за Христијанството.
Вашите согледувања се само уште една (жими мајка точна) верзија, само што вие не сте Христијани, ниту пак било какви верници.

Ипсисимус, испитувањето на верата преку научно потврдени факти е јалова работа, од икс причини. Таканаречените неутрални дефинирачи, поради природата на своите атеистички убедувања, немаат капацитет објективно да дадат суд, колку и да имаат желба, колку и да потскокнуваат од своите места во клупите со нападно дигнати две прстиња во правец на учителката.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пример, каде? Каде манипулира со тебе?
Еве да кажеме на ниво на спрега помеѓу државата и црквата. Во Битола сега се гради нова црква, во чие име и со кои пари?

Ме прашал некој дали јас сакам таму да има црква? Само црквата таму ми фалеше. Не е тоа манипулацијата со парите кои посредно и јас ги плаќам во оваа држава?
--- надополнето: Sep 19, 2011 1:40 PM ---
Таканаречените неутрални дефинирачи, поради природата на своите атеистички убедувања, немаат капацитет објективно да дадат суд, колку и да имаат желба, колку и да потскокнуваат од своите места во клупите со нападно дигнати две прстиња во правец на учителката.
аналогијава вришти... :vozbud:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пример, каде? Каде манипулира со тебе?
Јас не живеам на пуст остров! Живеам околу луѓе. А тие своите морални и етички начела ги оформиле под директно влијание на религијата и нејзините догми.
Што значи дека ако јас се однесувам на начин спротивен од тоа што религијата го всадила во свеста на луѓето, автоматски ќе бидам сметан за аутсајдер......за социјално неприфатлив а со тоа не ми бега изолацијата од многу општествени сегменти во мојот живот.
--- надополнето: Sep 19, 2011 1:43 PM ---
Ипсисимус, испитувањето на верата преку научно потврдени факти е јалова работа, од икс причини. Таканаречените неутрални дефинирачи, поради природата на своите атеистички убедувања, немаат капацитет објективно да дадат суд, колку и да имаат желба, колку и да потскокнуваат од своите места во клупите со нападно дигнати две прстиња во правец на учителката.
Јас нереков никаде за дефинирање или испитување со научни факти. Тоа е општо познато нешто, дека кога една група самата неможе да се согласи и дефинира, е дефинирана однадвор, од луѓе кој не припаѓаат во таа група но се познавачи на истата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Јас не живеам на пуст остров! Живеам оклу луѓе. А тие своите морални и етички начела ги оформиле под директно влијание на религијата и нејзините догми.
Што значи дека ако јас се однесувам на начин спротивен од тоа што религијата го всадила во свеста на луѓето, автоматски ќе бидам сметан за аутсајдер......за социјално неприфатлив а со тоа не ми бега изолацијата од многу општествени сегменти во мојот живот.
те замолив за пример за манипулација која те тангира тебе. Дали може некои поконкретни случувања? И...дали ако дефинираш дека Исус не постоел или шо знам...дали ќе постигнеш нешто во врска со таа манипулација?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
те замолив за пример за манипулација која те тангира тебе. Дали може некои поконкретни случувања? И...дали ако дефинираш дека Исус не постоел или шо знам...дали ќе постигнеш нешто во врска со таа манипулација?
Конкретен пример, значи изнесување на детали за мојата приватност и идентитет, за кое ни на крај памет на ми паѓа. Поентата ти ја кажав која е, за конкретни случки од мојот живот немам намера да давам одчет на форумов.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.158
Поени од реакции
83.939
Јас нереков никаде за дефинирање или испитување со научни факти. Тоа е општо познато нешто, дека кога една група самата неможе да се согласи и дефинира, е дефинирана однадвор, од луѓе кој не припаѓаат во таа група но се познавачи на истата.
А врз што се темели дефинирачката пракса на тие однадвор (во нашиов случај - атеистите), ако не врз информациите кои ги нарекуваат научни факти?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Еве да кажеме на ниво на спрега помеѓу државата и црквата. Во Битола сега се гради нова црква, во чие име и со кои пари?

Ме прашал некој дали јас сакам таму да има црква? Само црквата таму ми фалеше. Не е тоа манипулацијата со парите кои посредно и јас ги плаќам во оваа држава?
не знам со чии пари. Ако имаш докази дека е од буџетот на РМ постои ваљда подобар и поуспешен начин...на пример преку Уставен Суд
Со самото тоа што Уставот гарантира слобода на вероисповед и одвоеност на религиозните групи од државата, според некои професори по уставно право, иницијативата на Владата за финансирање изградба на верски објект во целост се коси со Уставот.
се однесува за црквата на Плоштад Македонија
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А врз што се темели дефинирачката пракса на тие однадвор (во нашиов случај - атеистите), ако не врз информациите кои ги нарекуваат научни факти?
Зависи што се дефинира. Во конкретнава тема дефиницијата е за тоа што е Исус. За тоа можат да се користат историски записи и сведоштва.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Конкретен пример, значи изнесување на детали за мојата приватност и идентитет, за кое ни на крај памет на ми паѓа. Поентата ти ја кажав која е, за конкретни случки од мојот живот немам намера да дават одчет на форумов.
тогаш не знам зашто си упорен кога негираш нешто за кое не даваш пример, но ок штом е лична работа. Инаку ниту христијанството ниту исламот мене не ми се замешале никогаш во животот на своја рака. Затоа и сметам дека е апсурдно тврдење дека црквата може да се меша и се меша во нечиј живот. Тоа било кај изминатите генерации. Пак не гледам причина за негирање и упорно докажување
А тие своите морални и етички начела ги оформиле под директно влијание на религијата и нејзините догми.
споредбата е несоодветна...за ова треба да ја негираш државата и законите, генерално најмалку низ цела Европа и Америка. Да ги негираш системите како такви, дури и во држави каде религиите беа официјално ставени на маргините.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.158
Поени од реакции
83.939
Зависи што се дефинира. Во конкретнава тема дефиницијата е за тоа што е Исус. За тоа можат да се користат историски записи и сведоштва.
... кои се прогласени консензуално, од група на чичковци во мантили, за научни факти. И толку. Пак се навраќаме на првичниот мој пост во кој тврдам дека тоа не е доволно. А атеистите не ни можат повеќе од тоа.
Али ај ќе се забављаме, па секој има право на свое мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom