Ја глеав утакмицата и тоа сега реприза, заслужена победа на Наполи, едноставно Наполитанците си изиграа одлично, и доста грешки од наша страна. Според мене флоп на мечот беше Ван Бомел, тука некаде после него идат Сидорф, Касано и Пато.
Зошто Ван Бомел флоп, затоа што неговата работа е да прекинува акции на противникот, а вечерва не само што не прекина ниту една туку и го поминуваа како мало дете кој кога стигне, да му дозволиш на еден Гарган(њ)о кој има дриблинг еднаков на тој на Гатузо да прави слалом низ средината на теренот и притоа да асистира за гол, е тогаш значи стварно си бил муле на теренот.
Сидорф до некаде и очекувано со оглед на тоа дека играше во вторникот знаеме дека тешко да сврзе два натпревари на ниво, не беше толку лош, но како што кажав играта беше загубена на средината, а и тој како Ван Бомел не ја заврши својата работа, организирање на играта, можеби не требаше да стартува денес но ајде..
Касано и Пато беа отсечени, имаше по некоја шанса воглавно Пато но многу некако избрзува со реакцијата, очигледно е дека фали во тимот еден Ибрахимович кој умее да ја смири топката,
привлече два-тројца играчи и отвори простор за другите - е токму ова фалеше денес во нападот.
Аквилани од досега прикажаното во оваа и утакмицата со Лацио го потврдува моето мислење дека ќе биде одлично засилување, само што грешката ако може да се каже е што Алегри го игра зад напаѓачите, а се надевам дека таму го игра само принудно поради повредите на Боатенг односно Робињо, многу повеќе има да понуди доколку биде вратен поназад било на позицијата на која што вечерва играше Сидорф или онаа која ја играше Пирло кога беше дел од тимот.
Ел Шарави е многу јак луѓе ! Има одличен дриблинг, одлично движење со топка, добро додавање и добар шут, доволни беа само 5 минути за човек да примети дека е стварно голем талент. Новиот Баџо
И да, да не го ругам Бонера дека стварно не изигра лошо, барем не како што сме го навикнале, ама па не беше ни сјаен, да напоменам само дека тој ја згреши за третиот гол и то.
Ја сепак мислам дека не ни беше денот денес, а дали е точно ќе видиме уште во Среда против Удинезе, лани се покажаа како незгоден противник и два пати ремизиравме, сега се без Санчез, Инлер и Запата но сеуште го имаат Ди Натале

. Сепак мечот за нас е must win ситуација и едноставно мора да ги добиеме.
п.с. Има ли некој информации за евентуално враќање на Ибра, Робињо, Таиво ??