Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Мислам дека на крај тактиката беше погрешна требаше да се оди на 3-ка, на се или ништо а не на положување. Али у секој случај ГОРД СУМ НА НАШИТЕ МОМЦИ! Дојстојно не представија пред Европа и заслужуваат само пофалби! И без бронза ова е одличен, па и повеќе од одличен успех!

Само морам да признаам дека Чековски ме разочара. Незнам до што е ама во последните 4 натпревари да не погоди тројка, и да има по 2-3 бунари на натпревар.... Што е тука е, тие ни се играчите и битно е што извадија 110% од себе и се бореа на терен како лавови.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Одбраната баш и не ни беше многу добра. Русите имаа 21 или 22 офанзивни скока. Толку и Шпанците немаа против нас. Мислам дека тука е клучот за поразот. Не го затворивме рекетот. Нападот го играме исто секоја утакмица. Шутот на Дамјан јебига, не е толку млад веќе и неискусен па да може да кажеме дека ради тоа промашил. Али не можам да му бидам лут него и на било кој. Им покажаа момците на Европјаните дека и тука се игра баскет, и дека и ние може да бидеме меѓу најдобрите во нешто. Ова првенство ако паметно се работи понатаму може да биде вистински момент за пресврт и афирмација на Мак. баскетот. Но за тоа потоа ќе мислиме.
Сега треба да се слави, 4то место не е мала работа сепак. :)
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Сите новинари од странство, вклучувајќи и од Грција, со пофални зборови за нас, а кај полно мрчатори што кењаат на успехот...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.979
Поени од реакции
16.373
Ние во двата меча ниеднаш не бевме супериорни, незнам зошто жалите за победата, и на овој меч повеќе сме биле во негатива.
Еднаш - два пати дали заводивме.
Е тоа ќе беше среќа, да победевме на крај ние. Бидете малце реални :)
Знаеме дека сите сакате победа.
 
Член од
4 април 2011
Мислења
152
Поени од реакции
89
чупо, не мислам само јас, тој треба да мисли што промаши, т.е ако го боли К
си навивам за македонија, за мене е доволно што дојдовме во полуфинале, ама разберете КАКВА ШАНСА СЕ ПРОКОЦКА
Кога Илиевски ја даде тројката во клучниот момент од него Бог направивте а кога Дамјан пропушти во клучен момент само го пцуете. Па какви навивачи сте вие ?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.176
Поени од реакции
18.245
Значи колку и да сакам да не се лутам за шутот на Дамјан неможам. Млад, неискусен, трема незнам што уште. Се случува на сите, се случува на секој но луѓе сам под кош нема човек до него, сите се на два метри оддалечени, од десна страна .... Па што повеке требаше. Искрено овој натпревар го одигравме само со Мекејлеб и Илиевски другите беа изгубени во време и во простор. Антич ја погоди тројката која не доближи, која ни даде крилја. Но тоа беше се. Војдан погоди една тројка и тоа беше и од него. Самарџиски ке беше од голема корист доколку не ги направи оние дебилски фаули... Чековски денес незнам... Арно и што погоди обрач при еден шут....
Им благодариме за резултатите, им благодариме за сите радости, но ова денеска беше рамно на катастрофа... Но сепак не беше Дамјан единствен виновник... Па центрите ни ги немаше никаде. Имаше ситуации каде Русија имаше по четири офанзивни скока. Играат повторно четвртина и пол со 4 лични грешки на клучните играчи Мозгов и Кириленко...
То је то што би рекол Катанец но сепак барем сме четврти во Европа, први на балканот.... Им благодариме на нашите за се што направија....
Значи колку и да сум изнервиран не сум незадоволен... Ова е фантастичен резултат, можеше да биде и подобро... Главите горе одиме на олимписки игри....
Биди реален и број ги 5-те загубени топки на Илиевски ,особено 2 при резултат 55-52.Држењето на топката до 8-10 секунди до крај и тек после предавање страшно ме иритираше цело првенство ,се извади за нив со тројката ,ама сега пак продолжи.
Не го крши колективниот дух ,сите грешеа по нешто ако гледаш така и секој пораз и секоја победа е заедничка.Играта заврши пред сат и пол ,штета немаме можност да ги вратиме назад работите.
Во право си за едно ,овие дечки за разлика од 'фудбалерите' имаат муда од СЛОН!И за таа работа ако не нешто плус,заслужиле едно огромно браво!
:cuc:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мислам дека на крај тактиката беше погрешна требаше да се оди на 3-ка, на се или ништо а не на положување. Али у секој случај ГОРД СУМ НА НАШИТЕ МОМЦИ! Дојстојно не представија пред Европа и заслужуваат само пофалби! И без бронза ова е одличен, па и повеќе од одличен успех!

Само морам да признаам дека Чековски ме разочара. Незнам до што е ама во последните 4 натпревари да не погоди тројка, и да има по 2-3 бунари на натпревар.... Што е тука е, тие ни се играчите и битно е што извадија 110% од себе и се бореа на терен како лавови.
Кој иде на тројка друже, тоа само на филмови. Со Литванија таква беше ситуацијата, ако примети убаво првичната тактика никогаш не беше идење на тројка.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, ВО ДУШАВА ГО НОСИМЕ, ЗА ТЕБЕ ЖИВОТ ДАВЕМЕ О МАКЕДОНИЈОООО !!!! ♥

Утре идеме да ги пречекаме на плоштад како што доликува !
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Незнам зошто се потребни разни навредувачки зборови за нашите кошаркари кои овие 18-19 дена не направија горди што сме МАКЕДОНЦИ!!! Нема причина и за расочарување тие се нашите херои оставија срце на терен!!! Е сега што немаме среќа немаме уште пре почетокот повреда за Николовски па и за Гечевски и не бива немаме високи играчи...Како и да е да ги пречекаме утре па со фул тим да одиме на квалификациите за ОИ :) МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СРЦА!!!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.176
Поени од реакции
18.245
чупо, не мислам само јас, тој треба да мисли што промаши, т.е ако го боли К
си навивам за македонија, за мене е доволно што дојдовме во полуфинале, ама разберете КАКВА ШАНСА СЕ ПРОКОЦКА
Ние не сме свесни ,среќа ти си тука да не потсетиш.
Големината е во прифаќање на работите такви какви се ,заврши ЕП и то е то.Одиме напред и подобро.Џабе да ги анализираме некои работи ако не можиме да ги вратиме ,само нервоза си ствараме.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А и да не заборавам. Треба едно наравоучение да се извлече од првенствово, па ако треба и на светлечка реклама над глава на Аце да стои. Не се демотивира пред време. Колку пати ги слушав спортскиве новинари како викаат: Да ни даваа две победи пред почетокот на првенството, со две раце ќе прифатевме. Да ни даваа полуфинале ќе прифатевме со две раце. Абе се ќе прифатевме со две раце. Како е можно вака песимистички да се поставува некој што коментира наша репрезентација? Море и не само тој, повеќето истото го викаа.

Наредни кои треба вака жестоко да се бодрат се ракометарите. Само ако чујам дека две победи со две раце ќе сме ги прифателе. Ќе отпишам се живо што ќе истресе таква зелена.
 
M

macgowan

Гостин
Јас славам ... да даде господ да ни се множат вакви денови, како што ни приредија нашите репрезентативци !!!
Да смениме малку со нешто Ирско(веројатно најголемите таленти за баскет во денешно време) и да навиваме и понатаму вака !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom