Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Психолошкиот товар е преголем, и тоа не убива,
едноставно се крена преголема врева во јавноста дека мора да освоиме медал, дека бронзата е наша и мислам дека тоа влијае на играта.
Многу полесно е да се игра без никакви очекувања, кога сите те сметаат за аутсајдер ...

Тука се слагам, Македонија со бронзата многу добива а за Русија тоа е само плус еден медал од оние "небитните".

Но верувам во победа како што верував и со Литванија. Рука на срце тогаш играше и Гечовски, но и без него се може кога се мора.
 
Луѓе, ако сте навивачи и Македонци :), ве молам додржете си слово и навивајте за Македонија, без ширење негативна енергија.
 
Заедно со успехот ќе ги запишеме и критичарите и плукачите во аналите на оваа приказна. Очигледно ќе биде потребна долга листа ако треба и веб страна ќе отвориме.
 
Од сите стручњаци што ги држи нашава земја највеќе ги сакаам маалските(читај форумџиски). Дај бе луѓе што морате да пцуете сега по играчиве, неможе секој ден да се победува и да завршиме на крајот како 4ти не е крај на светот, напротив ова загарантирано 4то место е најголем успех на било кој спорт од осамостојувањето.
 
Се надевам дека на репрезентативциве ќе се појави исти афект како нашиов.Да се вратат на натпреваров со желба за победа,одмаза и бронза.Нека ги исфрлат последните атоми од нив.Сега е време за победа,сега е време за медаља.Сега е шансата,бог знае дали повторно ќе имаме ваква шанса во борба за медал.Се надевам дека ќе се вратат посвежи и со поголема желба за победа.
 
Јас натпреваров го гледам ради чиста формалност,не ми е битно ништо веќе,овие 15 дена направија нешто што ниеден политичар не го напраил на моите 17 години живот..Така да им симнувам капа,како сакаа нека заврши..
 
Ќе не е*ат во скокови, тоа и се очекуваше, неможе играчи кои играат по 40 минути секој втор ден да ги надскокаат Мозгов и Грдиот. Ама и покрај толку скока, разликата ја прават тројките на Моња, мислам дека зоната на Марин не функционира, се прави вишок за 3 постојано. Да ни тргне шутот и без проблем ке се држиме до крај, а тогаш се ќе биде можно.
 
Кого видов во публика ејјјјј, онај ако е навивач јас сум Супермен.:cautious:
 
Ајде бе доста таламбасате, никој не пцуе по играчите ни ништо.
Мислите ако пишете они се наши херои бла бла поголеми фраери ќе испаднете???
Коментираме за мечот, а овде можевме досега мнопгу подобро да изиграме. Треба да се критикува малце, никој не вика дека кога ќе дојдат нема да славиме како да сме осовоиле титула.
На крај краева после Европсково 90% од вас нема ни да следат кошарка се до следното натпреварување.
Како може да не се нервирате и да не коментирате кога тимот игра очајно?
Ако гледате укажуваме на грешки на Марин а никој не плука по никого. Чековски е, бил и ќе биде дрво ама ние ќе му ја даваме целата поддсршка до крај.
Никој не не отпишува, ама мора да се игра похрабро!
--- надополнето: Sep 18, 2011 3:38 PM ---
Дамјан 3 лични за 30 секунди и како да не се нервираш:mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom