Свадба - да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
ма каква свадба, директ нек се оди на прва брачна ноќ!
 
Ако некоја се заебе, ондак ќе биде нешо тихо, онака максимум од 50тина до 80 гости најбитни фаци у нашег живота, не некој седми братучед од немачка да ми се појави со фен и да ми рече их бин Стојанче аус Вердер ду ју римембер ми?
 
Јас може да направам само една гозба со најблиските, 30тина души максимум...баш како моите што правеле. Немам намера да кревам револуции зашто сум се оженил и да честам се` живо и диво што познавам и не познавам. За мене свадбите се непотребен трошок и ексцентричност.
 
Ма јок каква свадба. Идеме ја и среќницата шо ќе биде на хаваи дубаи трте мрте шпанија шотизнам кај ќе се договориме и ајт пријатно.
 
Не. Воопшто не сум таков човек, и ги мразам сите тие фами околу матурските, апсолвентските, свадбите и слични работи. Според мене, свадбата ја правиш за роднините, да се покажеш пред нив за потоа да не ти судат, а ќе го прават тоа без разлика. Тоа е ваш ден, на младенците, и јас лично пресреќна би била да поминам само со матично и некоја интимна вечера и собиранка на луѓето кои ми значат најмногу во животот. Парите кои притоа ќе ги заштедам би ги потрошила на добар меден месец, зошто со бракот сепак се слави љубовта.
 
Пари за свадба не давам, немам потреба да хранам 300 гости од кој половината не ги познавам. Но свадбата не ја правам јас, ја прават моите со нивни пари. Јас само треба да ја одиграм улогата „невеста“. Имаат многу направено за мене, па за еден театар не правам проблем.
 
Сакам огромна и блескава свадба со над 1000 гости, со романтично танго на почеток додека во позадина оди Father Figure на George Michael a jас сум облечена не во бел невестински фустан туку во балска долгометражна „Кејт Миделтон“ тоалета и сакам сите мои роднини да бидат таму и тие што ги знам и не ги знам, преку сите колена ... па да се потрошам како човек, да ме види цел свет.
Само уште да сакав да се омажам.
 
свадба да, но би ја прославил со луѓето кои секогаш биле тука за и со мене. Тоа не се повеќе од 20 луѓе. Да хранам и појам тетки, стрини и све остало и уште притоа да се истурам од давање пари за 24 часа, НЕ! Патем уште една од причините заради која не сакам голема свадба е поради тоа шо посветуваш внимание на сите други, наздравуваш, делиш купончиња за плескавици, се гушкаш со луѓе кои знаеш дека нити ти значеле нешто во животот, нити пак ќе ти значат. Заеби тоа. Најинтимниот круг и тоа е тоа.
 
Да, затоа што е еднаш во живот.
За то не биди 100% сигурна :P

Пари за свадба не давам, немам потреба да хранам 300 гости од кој половината не ги познавам. Но свадбата не ја правам јас, ја прават моите со нивни пари. Јас само треба да ја одиграм улогата „невеста“. Имаат многу направено за мене, па за еден театар не правам проблем.

Е ова е заебаното.
Ама во мојов случај ќе е од мене трошокот за циркусот па шо сакат нека.Така ќе е помал циркус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom