Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Ќе идам обавезно, нема шанси да го пропуштам тоа.

Секоја година гледав како се пречекуваат репрезентациите, какви прослави за нив прават и сонував еден ден тоа јас да го доживеам!
И на аеродром и на плоштад, и кај и да идат јас по нив ќе сум:love:
 
Доста беа честитки по форуми сега е време да се поддржат и на секој следен натпревар без разлика дали е пријателски срамот не смее да се повтори кога имаше 1000 луѓе во БТ на испраќањето со Нов Зеланд !
 
Кошаркарите ќе се возат со отворениот двокатен автобус
Двокатниот отворен панорамски автобус в понеделник ќе ја вози кошаркарската репрезентација на Македонија од аеродромот "Александар Велики" до центарот на Скопје. Авионот со репрезентацијата ќе слета во 11.15 часот.
Со панорамскиот автобус ќе се возат низ скопските улици до Плоштадот Македонија каде ќе биде организирана прослава со настап и на пејачи.
"Двокатниот е веќе изнајмен за пречекот на нашите кошаркари од аеродром до Плоштад Македонија. Сe уште на нашите возачи не им е кажана маршрутата по која ќе се вози", вели директорот на ЈСП "Скопје" Мишо Николов.
МВР вчера сe уште немаше информација кои улици ќе бидат затворени.

Vest.mk
 
Авионот со репрезентацијата ќе слета во 11.15 часот.

Во 11:15???? :eek:
Па тоа е рано беее.... ја мислев попладне некаде ќе биде ова, или како што некој претходно напиша кај 7-8 навечер. :unsure:
 
aко може од 12 до 13 часот да ги шетат по улиците не се нормални . цел град е на работа , студенти , ученици со обврски сите . wtf? мора да организираат после 5 некаде .
 
jas ke go iskopiram mojot post sto go staviv pred nekolku dena ...mislam deka e za tuka =)

od intervjuto vo dnevnik.....zbori zena mu na Antic

Тие живееја за овој натпревар. На Мекејлеб не му било јасно зошто толку сакаме да ги победиме Грците. Тие само му рекле: „Направи с` за да победиме и ќе видиш кога ќе се вратиме во Македонија на аеродром ќе те пречекаат илјадници обожаватели“. Сега на шега им велел на кошаркарите дека ги држи за збор и очекува тоа ветување да се исполни.

pa....vredi li da go ispolnime toa sto mu go vetile nasive na BO???????? heheh

---neeeeeee LOL
 
Македонска работа у 8 сабајле шо не направиле, вака у 11 12 ќе има многу помалку народ од колку да е 5-6 ...
 
Македонска работа у 8 сабајле шо не направиле, вака у 11 12 ќе има многу помалку народ од колку да е 5-6 ...
Абе брат , па луѓе се бе , сакаат и они што порано да си дојдат да се видат со роднини пријатели . Ја мислев дека ќе дојдат недела вечер , касно , ама ете ќе отспијат и палат авионот назад ...
 
Идам и на аеродром и на плоштад !!
 
Одиме сите во 11:15 на Аеродром после на плоштад ќе гори!
 
Мораааааа некаков пречек да има вечерта.
Кој ќе дојде во 1 на плоштад, децата во школо, студенти на факултет, луѓе на работа кај што на газдите галје им е дали првпат ова се случува во земјава.

Многу лошо време, требаше околу 5 да стигнат, па возење низ центар па после во 8-9 прослава.
Вака ужас.
 
Организиран превоз до аеродром ќе има или ... ?

И да требале да направат накај 5-6 поручек да стигнат сигурно ќе имаше повеќе народ ...
 
Нека ги повозат по улициве кога ќе се вратат па нека ги однесат до дома и вечер нека ги вратат на плоштад ТАМАН ЌЕ СЕ СЛИКАМЕ СО НИВ :) И ЌЕ ИМА ПОГОЛЕМА ГУЖВА (па и јас сакам да ги видам а баш тогас почнувам со предавање...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom