Судењето на ЕП 2011 и Македонија

И јас мислам така судиите се криви шо Шпанците денеска не тепаа а и не ни беше денот без Гече = Мече абе ајде не не сакале судиите па нормално сакаме без кеш наместо да подмачкаме......................................:eek:
 
Само се надевам дека ќе ги фане барем една клетва од сите тие шо ги кажав за судиите !!
има господ.. гледаа.. ке врати ..
продадени души.. нив не им е битен спортот битни им се парите .. да дае господ аир да не видат од тие пари..
 
Кога игравме со Литванија имавме две слободни и погодивме а литванците ни ја извадија од кош o_O
+ Антич си стоеше со раширени раце , а литванецон му се пикна у раце и му пресудија лична -.-
 
Кога игравме со Литванија имавме две слободни и погодивме а литванците ни ја извадија од кош o_O
+ Антич си стоеше со раширени раце , а литванецон му се пикна у раце и му пресудија лична -.-

Баш така.Ова беше најочигледно.И кошот не беше признат.Типично праење будали!
Втора ситуација ,на крајот после тројката на Влатко 5 СЕКУНДИ не изведоа аут уште еден (не)случаен пропуст.ЛО
Со Литванија исто на почеток на втора четвртина Перо веќе имаше три лични.Две од нив беа НЛО.
И не само против нас.Во некои очигледни ситуации кога ние праевме фаули после (нормално помалку на број од тие досудени против нас) судиите се вадеа па ни прогледуваа низ прсти.
Сега на поголемиот број форумџии не им е битно ,на крај ги победивме и судиите.Размислете дали вака ќе гледавте во случај да изгубевме ?
Имаше слични моменти и со Шпанија и Русија ,ама недоволно за на крај да го сменат целиот резултат.Шпанците го имаа Наваро ,а со Русите ние на крај промашивме неколку чисти ситуации.
 
До некаде беше коректно до некаде не ! Не знам точно со литванија ли коа игравме Перо Антич имаше 4 фаули од кои што 2 фаула беа без везе, и плус времето кога го вратија со Русија, да не не украдоа можеше и да не се упати удар за тие 1.7 секудни.Али шо е тоа е :D
 
Освен тоа, да не заборавиме една работа: едно е да забрљаш лични грешки, друго е да поништуваш чисти кошови или вадења! За првиве ситуации можеш да дискутираш до некаде, ај не видел, ај ова, ај она (мада и тоа се глеа некогаш апла), ама ова е веќе чисто мајмунисување
 
Факт е дека имаше матни работи од страна на судиите.Не украдоја на неколку пати
 
Со Литнванците шо се му дадов на Ламоника од мајки, шајки, сестри, братучетки до прабаби.
Ја претера, свиреше се и сешто, личните на Антич беа безврска, Бо имаше неколку влеза (од кои најважни беа последните два) кога успеа да даде кош, но беше под фаул.
Значи сфаќам јас домачин си, да ти попуштаат судиите малку, ама ова претерано веќе со нив.
За со Русите немам зборови беше се коректно, тие 2.5 секунди кои што сите ги баете беа добро вратени, едноставно премсетајте колку време требаше да помине од удирањето на топката во на Бо главата до нејзниото испаѓање во аут.
И за со грција имаше неколку глупави одлуки, искрнео на моменти и тогаш Ламоника ја претеруваше ама ајде овака е барем победата помила.
 
Со Литнванците шо се му дадов на Ламоника од мајки, шајки, сестри, братучетки до прабаби.

Еј немој така, таман Игорче9
направи смир-смир-смир со него :
За со Русите немам зборови беше се коректно, тие 2.5 секунди кои што сите ги баете беа добро вратени, едноставно премсетајте колку време требаше да помине од удирањето на топката во на Бо главата до нејзниото испаѓање во аут.
Дури и да е така, судијата повлече одлука под притисок на селектор!? А освен тоа, се додека топката е во теренот, времето си е време, нема што да се чепка, без разлика дали топката е во игра или од некого се удрила во аут.

И за со грција имаше неколку глупави одлуки, искрнео на моменти и тогаш Ламоника ја претеруваше ама ајде овака е барем победата помила.
 
Ај препрочитај си го постот уште еднаш па види дали имаш згрешено некаде.
Значи додека топката е во теренот ДА СЕ ИГРА И ДА ТЕЧЕ ВРЕМЕ, ама кога топката го удри Бо (значи од тој момент времето почнува да тече) и кога отиде во аут значи дека топката ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО ТЕРЕНОТ ТУКУ Е НАДВОР ОД НЕГО.
Незнам како повеќе да ти објаснам, ваљда ќе сфатиш шо сакам да ти кажам, не си Јанко-Јади бурек амебана кој што во животот изгледа нема натпревар кошарка изгледано, па кажува како тоа не било фер што го вратиле времето:tapp:
 
Не видов некој до сега да ја искоментира оваа грешка, изгледа поради еуфоријата само ја сум ја приметил..


Пазете на 0:32, јас колку што се разбирам од кошарка тоа е дупла, ја тапка еднаш топката, ја прифаќа и после пак продолжува да ја тапка.. Може и грешка да сум. Али ако е точно, фатално ќе беше ова за нас ако во последниот напад погодеа литванците.
 
со русите мислам дека со времето беше спорно само, требаше барем 1.7 да биди, со литванија се виде дека бевме оштетени на неколку пати, дури и странските коментатори се смееа за одлуките на судиите
али вчера мислам дека беа коректни, плус мжи имаше еден фаул два врз бо кога положуваше
 
добро бе само против нас судеа судиите ?! превиди имало и ќе има,реков со Литванија очекувано беше неколку подароци пошто се организатори,исто со грција која е нон-стоп учесник на големите натпреварувања и има постигнувано резултати итн итн.....во кошарката за да може селектор или кошаркар да изврши притисок врз судија треба да има авторитет и реноме во кошарката,да биде докажан во тоа што го работи,ако не ризикува од техничка и оштетување на својот тим,на многупати Антич вршеше притисок,но ја имаше улогата на капитен и му е дозволено да приговара,ако некој друг зуцнеше - техничка одма ! добро е што нашиве беа дисциплинирани и концентрирани во играта па оттаму дојдоа и победите
 
И јас мислам така судиите се криви шо Шпанците денеска не тепаа а и не ни беше денот без Гече = Мече абе ајде не не сакале судиите па нормално сакаме без кеш наместо да подмачкаме......................................:eek:

Епа од такви ретардоси кои подмачкуваат нема да има ни кошарка ни фудбал ништо ! И шо ако ги подмачкаш судиите? ќе победиш на нечесен начин.Колку толку ние си изигравме од срце и најголем успех е ова за нас и тоа чесен успех а за другите шо подмачкуваат...:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom