- Член од
- 2 декември 2008
- Мислења
- 773
- Поени од реакции
- 344
Уште пред два месеци зборав дека нас не ни треба СЕХА, иако како и сите се надевав дека на крај ќе играме во таа регионална лига, сепак после толку влечкања ништо не бидна. Едноставно сеуште ни е рано за такви силни утакмици.
Не сме сеуште целосно комплетирани, имаме нова екипа, нов тренер, потребно е време... Не велам дека оваа година сме аутсајдери во споредба со Вардар па и со Металург, ама мислам дека уште мнооогу треба да напредуваме во сите погледи за да се врати оној стариот сјај на Пелистер. Она што сум сигурен е дека не смеј да има импровизации дури ни со крпите на Дади , дека е потребна квалитетна работа, квалитетна управа, работа со младите категории...
Пелистер сеуште е непозната и непроверена средина за играчите од балканот. Сеуште треба да напредуваме маркетиншки, да се унапредат условите за работа, па тогаш да станиме привлечни за играчите како финансиски така и со услови за напредување. Искрено не сум баш најзадоволен од новите играчи, ама сум и изненаден како успеавме да собериме толку странци и сосем солидни домашни играчи.
Сабота прва утакмица со Преспа, се очекува лесна утакмица.
Околу наводниот штрајк, ако некој знај нешто нека кажи поопширно