Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Супер изгледаа нашите,дури и над очекувањата,оние што навистна ја пратат кошарката добро знаат кои се шпанците ,и ако некој пред шампионатот кажеше дека рамноправно ќе се носиме со нив и благодарение на ептен расположениот Наваро ќе не побеадат само со 12 разлика ќе речевме дека е малку преоптимист.Да не заборавиме Шпанија ги газеше Франција,Србија,Словенија со над 20 разлика а со нас се мачеше до 2-3 минути пред крај.Сепак една Шпанија не може да се тепа само со 7 играчи заморот си го стори своето.
Како и да е горди сме на овие момци и не се сомневам во бронзениот медал без разлика против кого ќе играме
 
На тоа и се надевам.Малку сум подизнервиран од поразов сега мада не би требало ама сепак.......

:pos: Ма кулирај, против Наваро не може никој! Наваро им ја донеса победата, а не другите играчи...
Нашите беа најдобри ! И задоволна сум од се што направија! Нема никакво разочарување, одиме на бронза ;)
 
Браво за момците, пак се надиграа себеси само што овој пат тоа не беше доволно.

Шпанците паметно на почетокот форсираа игра под кош преку центрите и високите крила. По почетната агресивност (и брзите лични), нашите високи играчи потоа играа со претерана претпазливост. А потоа...
Видете ја само разликата во поените од втора шанса и скокови после првата четвртина и ќе ви биде јасно каде ја изгубивме утакмицата.

Не сакам да размислувам каде ќе ни беше крајот на првенствово ако Докузовски да земеше уште барем двајца на позиција центар/високо крило (па и било кои да ги земеше) наместо да си ги шета клупогрејачите од Работнички.

Ама што е тука е... ајде сега да им вратиме на Русите!
 
БРАВО МОМЦИ! Докажавте дека можете со секого да се носите и дека полуфиналето во кое што игравме денес не е случајно. Не е мала работа да се биде во најголем дел од натпреварот рамноправен со најдобрата СВЕТСКА репрезентација, без нервози, без солзи, без жалење, во недела одиме сите заедно по историската бронза!

Без разлика на се вие сте хероите на Македонија, цела Македонија е позади вас и во добро и во лошо, БРАВО МАЈСТОРИ!
 
Наваро бе! матер му ебеш. Да не беше он многу поразлично ќе се одвиваа работите, ама тоа е... и ова е голем успех и се надевам дека ќе победат во натпреварот за 3то место и ќе земаме медаља. Секоја чест момци!

Да не беше он? Па и Бо да не беше нас крајот ни се ближеше... Шпанија е велесила Јас се РАДУВАМ кога ќе се сетам на тоа каква маестрална партија одигравме пред се во прво полувреме. Се надигрувавме со играчи што вредат по 5 милиони и што и со врзани очи постигнуваат по 20 коша на утакмица... Кога Македонија на почетокот со поразот на Црна Гора 70% од сите тука беа сигурни дека ќе испаднат нашите херои направија успех што реално ни на сон не се очекуваше.
 
Наваро одлепи, секоја чест за дечкото а и за браќата. Тројцата каталонски амигоси ни ебаа матер... Убедливо најдобар тим на првенствово.
Се надевам на реванш со Русија за бронза.
 
Гледајте го поразов како победа, не победи подобар противник, односно најдобриот на ова европско .

Шпанија > Македонија > све останато

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА
 
Нека одморат добро вечерва и утре па во недела нека влезат одморени во борбата за медал.Јасно е тоа дека не е баш исто дали 3 или 4 место ќе земеме но не верувам дека постои Македонец кој што би им замерил на нашите ако изгубат !

ШАМПИОНИ !
 
Секоја чест за момците, се бореа храбро до последен момент, но за жал среќата не ги следеше до крај. Наваро да игра лото или бинго или грепка добива 10000% ... неверојатно но се што шутна погоди :@
 
Прва петорка на Шпанија 75 поени.
Прва петорка на Македонија 75 поени.
Клупата ја направи разликата. Ех да беше Гечевски.;)
 
Луѓе и водевме на светската велесила Шпанија на полувреме!
Некомплетни им дадовме 80 кошеви. Наваро да си играше на просекот, мислам дека ќе имавме шанси. Нема жалење, одиме на бронза!
Ќе се видиме на ОИ пак. Само овој пат Тоше ќе биде здрав, Николовски ќе си ги поправи забите навреме и Р.Стефанов ќе биде на местото од Соколов. Војдан до година ќе стане (не дека сега не е) ѕвер. Покажавме дека можеме да се носиме со СИТЕ. Наваро на секој кош се радуваше како да е постигнат во последна секунда, тоа говори колку сме силни и колку ни се плашат сите!
 
Ајде нека дојде тој понеделник да ги пречекаме како богови! ,,

Секоја чест!
Браво форумџии, Браво граѓани на Македонија,Браво! Сите вие имате големи патриотски срца како и нашите кошаркари. Вака се бодрат и храбрат македонски херои. Македонските кошари веќе одамна заслужија помпезен дочек по завршувањето европсково првенство во кошарка 2011. Тие се секако наши герои кои ќе мораме да ги закитиме со ловорики на аеродромот Александар Велики во Скопје.
 
И сега треба да се слави низ град.Сега уште е побитно да знаат дека и после поразот нацијата слави.

Во недела што и да биде во понеделник и со медал и без медал ќе ги пречекаат 100.000 луѓе како што доликува тие се хероите на оваа држава а не партиските лидери и музички ѕвезди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom