Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Играа со срце, нема збор и не ми е криво што изгубивме зошто машки одигравме !!!
А тоа што сите Индиски Богови, Allah, Светото Тројство беа со нив и помогнаа да влезат сите утепани shoot-еви на Navarro, тоа го забележија сите.
И гарантирам дека сите коментари ќе бидат на наша страна како одлично сме изиграле и секоја чест за нас.

НИТУ ЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ, ВИЕ СТЕ ХЕРОИ !!!!
 
Не е битна ни бронзата веќе, без Гечевски и со тенок состав покажуваме дека можеме да се носиме со големи сили и сме сензација на првенството. Господ да им даде живот на цела делегација таму до 101 и назад.
Нема тука не е битна. Давајте ваму бронза. Подобро 3ти отколку 4ти нели? Плус Русите да ги средиме....има тука уште причини да се игра
 
Шпанија е една од најмоќните ако не и најмоќна репрезентација во светот така да и ова не е малце.Доколку нашите кошаркари покажеа малце повеќе во второто полвреме можевме и да победиме но шпанците даваа кошови како ненормални буквално секој шут кош додека нашите малку усраа во нападот.Ништо не е ова.Во недела за бронза играме против Русија и овој пат ќе ја смачкаме.
 
Што сте запнале со Русија бе? Ја сакам со Французине да играме, у инат на нивнион Серкози да ги тепаме.
 
Браво форумџии, Браво граѓани на Македонија,Браво! Сите вие имате големи патриотски срца како и нашите кошаркари. Вака се бодрат и храбрат македонски херои. Македонските кошари веќе одамна заслужија помпезен дочек по завршувањето европсково првенство во кошарка 2011. Тие се секако наши герои кои ќе мораме да ги закитиме со ловорики на аеродромот Александар Велики во Скопје.
 
И јас сум, да не ни го трујат форумов буљашишта што се цепедлачеа толку.........Феноменална игра покажавме пак, реков за Шпанците никој друг освен Наваро им е заслужен за победата.Секоја негова топка беше поени.Знаеа дека не можат под обрач така лесно, па се решија на тројки.Само они имаат прецизен шутер ние не.

Јас мислам дека скок игра предуси. Ненормално не надскокаа, па само стариот Гасол имаше повеќе од исум офанзивни. Да не беа тие скокови немаше да имаат толку шанси ни да шутираат. Но, објективно, во тој дел од играта не можевме да им парираме.
 
demotivacija.mk_Glavata-gore-igrame-za-bronza_131618982419.jpg
 
Наваро бе! матер му ебеш. Да не беше он многу поразлично ќе се одвиваа работите, ама тоа е... и ова е голем успех и се надевам дека ќе победат во натпреварот за 3то место и ќе земаме медаља. Секоја чест момци!
 
Играа со срце, нема збор и не ми е криво што изгубивме зошто машки одигравме !!!
А тоа што сите Индиски Богови, Allah, Светото Тројство беа со нив и помогнаа да влезат сите утепани shoot-еви на Navarro, тоа го забележија сите.
И гарантирам дека сите коментари ќе бидат на наша страна како одлично сме изиграле и секоја чест за нас.

НИТУ ЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ, ВИЕ СТЕ ХЕРОИ !!!!
Браво форумџии, Браво граѓани на Македонија,Браво! Сите вие имате големи патриотски срца како и нашите кошаркари. Вака се бодрат и храбрат македонски херои. Македонските кошари веќе одамна заслужија помпезен дочек по завршувањето европсково првенство во кошарка 2011. Тие се секако наши герои кои ќе мораме да ги закитиме со ловорики на аеродромот Александар Велики во Скопје.
 
Toa e тоа, подобра реализација имавме од Шпанија 50 наспроти 45 %, ама под кошевите не убија. Мислам дека која друга репрезентација да беше, ќе ја добиевме, ама Шпанија со МВП Наваро тешко. Ништо не е загубено, со ваква игра кој и да е во недела имаме големи шанси да ги добиеме.
 
Браво за играта, одлично се носевме со големата Шпанија.
Но Шпанија не би била светска веле-сила ако нема играчи кои знаат да ги земат работите во свои раце и да го решат натпреварот, како што тоа денеска Наваро го направи.
 
juan-carlos-navarro.jpg

Човекот не направи салата.....

Уште еднаш..секоја чест за нашите херои и што и да се случи внедела во Скопје ќе бидат пречекани како богови.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom