Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Така е ние Македонците не сме свесни колку само сме неодговорни сами пред себе а камоли за државата заробени со своите егоистични идеали и желби да бидеме како Американците чии сведоци сме како им пропаѓа нивната Економија.

Желбата за Европска Унија и Успех по секоја цена не прави да им бидеме нивни робови.

А за оној пост погоре ќе кажам за генерациите родени 80`та тек допрва ќе сфатат шо ги чека и какви се проблеми ќе имаат додека сфатат што е подобро Капитализам како што е сега Вестерн Шпагети или Социјален Капитализам како Шведска и другите држави.

Некој ми рече зошто сеуште верувам во Црква па Црквата за среќа се уште ги негува правите идеали и цели на човекот можеби Свештените лица се корумпирани но Теологијата сепак ги воспитува да ги ценат правите вредности.
 
Не ти доликува на годините. Прво никаде не кажав дека е Југославија несреќно општество. Прочитај го првиот пост што го напишав.
Ако тебе не ти се разговара со мене, не знам за кој таков ме цитираш. Игнорирај ме..
Кога немаш што, одма вадиш индекси за психологија...кога се негираш во еден пост за индивидуалноста и среќата, а во друг за генерализација на истата, т.е. Југославија несреќно општество...тогаш доаѓаме до темата годините. Во сите теми се фати за моите години јбг...ти си таа што или не мора да возвратиш со цитат ако веќе збориш за години...или годините да ги занемариш во темите. Неисс

Воведниот текст на темата е мислам од Нова Македонија каде авторот се трудел да сокрие некои показатели, а да прикаже дека платите биле мали...па пробуричкав за некои ствари за кои више и не се сеќавам. На пример цитати од коментари во весникот
Citajki go ova se podsetiv na nekoi damnesni vreminja, izneseni se nekoi fakti niz brojki nekoi relevantno nekoi irelevantno, dobro vo red za sporedbite megutoa zaboraveni se cenite na klucnite dvigateli na edna ekonomija a toa se energensite, kolku bil benzinot, strujata, ogrevot, poarnoto i.t.n mislam deka ako se iznesat tie fakti na avtorot koi sepak vesto gi skriva a jas ke gi obelodenam. Benzinot vo 1980 bese 10 dinari za litar a so edna prosecna plata mozese dase kupi duri 600 litri a sega po cena od 75 denari za litar so prosecna plata mize da se kupat 250 litri .
Se vrabotiv 1981 god. so prosecna plata 50% od prosekot na SFRJ ili 900 dolari-denes na isto rabotno mesto mi e 400 US dolari. Da ne ste zaboravile,deneska stanovite se kupuvaat a togas drzavata gi dodeluvase na rabotnicite,vojskata,policijata....
и еден цитат од овој форум
E pa zato kralju moj, sve ostaje manje-vise isto, u dnevno-politicke svrhe se talasaju narodne mase, desi se svasta, pa cak i ubistva, al sve je paravan za nastavak pljackanja preostale imovine bivse nam drzave (tek sada sam svjestan koliko je mocna i jaka bila - pa jos uvijek krcme i rasprodaju ono sto je Tito stvorio). A zivot prolazi, narodi su ovce i dobro je receno da svaki narod ima vlast kakvu zasluzuje.
A oni talambasaju, nadvikuju se ko je veci Musliman, Srbin, Hrvat, glavni su u svemu, treba im aplauza, i svi aplaudiraju, al im je dobro rekao, bravo, bravo.
А за топки Мики...можам и 10 топки да му земам на детето, а што со тоа? Во топки ќе живее или во стан од 50-60 илјади евра. Со плата?

Кога веќе некои зборат за лични искуства... за болните, за висок притисок, за дијабетичари и специјалисти, искуствата се многу полоши. Ама кога ќе му дојде некому јајцето на гзот, тогаш ќе сфати дека сме го онадиле ежот...во сите сектори па и во здравство. Да те шетаат без лекови на пладне на 40+ степени со 170-180 притисок оти морало да се иде и на интернист ради законите, а од работа знаеме како е со пуштање...ко да тој ќе ми купува пченица, лошо
...патем Југословенското здравство било терк за шведското во минатиот век. Епа видете сега до кај сме стигнати...па и во она со две червени...сега наши девојчиња идат за две червени. Ама не бе, тој не му личи на годините, стар е не знае што збори...полека, лангзам.
Ако зееме да се споредиме со Албанија, Грција Бугарија тогаш и сега...
 
Мислам дека некако зборуваш неповрзани работи.

Во принцип никој не ги негира добрите работи во СФРЈ. Нека е така, нека е точно дека тогаш било подобро. ЈАс велам ЗАВРШИ ТОА. Какво е сега - такво е. Нема назад и мора да се приспособиме на новото време, макар и потешко било тоа. Но некако генерациите (постарите) од СФРЈ се губат во ова време, и затоа го напишав моето размислување со поделба на генерации.

Едно да расчистиме ЈУгославија ако до ден денес опстоеше како држава - веројатно ќе беше велесила во секој поглед.

Јас сакам конечно да се свестиме дека сме сами, малечки оставени само на себе и мора да се снаоѓаме кој како знае.

Примерите со становите и топките не се во ред, ниту споредбите со Грција Бугарија од тие времиња.

И сега можеш да купиш стан ако мизеруваш цел живот за него.
Беше напишано и погоре, земи си посади си во дворче патлчиџан, пиперки и не давај за храна, не корисит телефон, не користи автомобил, оди пешки или со автобус секаде и слично.

Се сменија приоритетите.

ВО право си дека е ова тема која се базира на лични искуства.

ВО СФРЈ беше наметнато дека сите се еднакви (ама сепак некои беа повеќе еднакви нели?) и дека најважно е братство и единство и дека материјалното е небитно. Откако влезе западниот ѓавол по распадот луѓето видоа дека не било баш тоа точно.

Тврдиш ако почнат да те шетаат по лекари и слично ќе видиме дека сме го ебале ежот.

Ама може и обратното. Ако ти се десило некој твој близок заради нешто да биде гонет од удбашките структури, или пак да те оцената како неподобен локалните кодоши дали тогаш ќе речеш дека е исто?

Се си има свои добри и лоши страни.

Народот имаше СЕ, односно ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО КПЈ СМЕТАШЕ ДЕКА Е ДОВОЛНО ЗА ТОЈ НАРОД.

Повторно неблагодарна е споредбата, секое време си има свои моменти на добро и лошо.

Јас лично живеам 10 пати поквалитетно од моите родители кога биле на моја возраст. А и многу други ќе го потврдат тоа.
Дали е тоа заради развој на наука и технологија, дали е тоа заради промена на менталитет или заради промена на системот не знам, и не е ни битно.

Се слагам со тебе во делот дека не треба да се плука по СФРЈ, но не треба да се плука ни по сегашноста, оти неа ја живееме. Од романтични сеќавања на еден минат систем и време никој нема ќар.

Еве јас би поставил прашање што ако сите тука речеме да така е во СФРЈ се живееше подобро. Што со тој заклучок? Можеш ли да ми одговориш како таквиот заклучок тука на форумов, ќе придонесе за подобро утре?
 
Ако зееме да се споредиме со Албанија, Грција Бугарија тогаш и сега...
Немој ..жити се да почнуваш со споредви!
Ќе ме фати нервоза.:)

Ако како нулта година за споредба ја земеме 1990 година, кога почна целата калакурница во Европа ....што имавме... нашата стартна позиција беше неколкукратно подобра, имавне во просек далеку побогато население, поголеми искуства со пазарното стопанисување, помодернизирано производство, поголеми пазари..или со еден збор ..бевме со светлосни години пред нив.....
.... ШТО НАПРАВИВМЕ... Наместо таа далеку поповолна позиција да ја искористиме за да одиме напред (види..Словенија) овде преовладаа најниските човекови страсти, алчност и грабеж....наречени Бранкова ТРАНЗИЦИЈА со која го поебавме сето постигнато низ децениите пред неа и по која стигнавме на ова дереџе кај што сме денес.
Или со други зборови... никој не ни е крив, сами си ебавме мамата.
 
И сега можеш да купиш стан ако мизеруваш цел живот за него.
Мики, си пробал да заштедиш макар за учество? Секако, откако ќе платиш обезбедување пошто школите ни се хаос, па да платиш полицајци и камери...пошто пак школите ни се хаос. Па да платиш за поени и за година на факултет, па да платиш за секоја здравствена услуга и тоа неколкукратно повеќе од било кога...и така натаму.
Направи пресметка со средства со кои живее повеќето население (200-350 евра) колку да видиш дал е реално. И секако...за децата е потребно живеалиште на некои 20-25 години. За толку години треба да заштедиш годишно по 2-3 илјади евра. И земи предвид уште еден параметар...несигурното работно место. Генерално, разгледај наоколу дали е можно со податоците и размисли за барем стотина вакви примери.
Инаку знам дека е можно ама не е можно со обична плата (шоферска, лекарска, чуварска...) -разликата е огромна.

Беше напишано и погоре, земи си посади си во дворче патлчиџан, пиперки и не давај за храна, не корисит телефон, не користи автомобил, оди пешки или со автобус секаде и слично.
Што мислиш, колкави се трошоците дури и под услов да имаш место за садење од 50-100 квадрати квадрати и под услов да не го делиш со никого? Треба да донесеш ѓубре, да смрди низ населба, да те казнат. Треба да фрлиш остатоците од доматите, коровот, камењата...за кои треба да нарачаш камион од 1500 денари па нагоре, да платиш вода за секој втор трет ден вадење бавча. Тоа се однесува на куќа...а во стан?
Пробано Мики,сето тоа ем чување стока во град сум пробал. да заработиш минимум 50-60 илјади евра е нонсенс.
 
Да прашаш постар чоек баба,дедо ќе ти речи дека преубо се живеело. Да прашаш од помладиве татко ти , чичко ти , мајкати .... ќе ти речат дека ни малку не било убаво. Зошто?Оти цело време се живеело на кредити, сегде се задолжувале.Тито гледаше шо повеќе да ја прошири Србија,а за Македонија ни малку не го заболувало прстето.Сакам да кажам дека некои луѓе од другите сојузнички држави шо беа шо се вика за безпари одеа до австрија ваму таму да купат машини,а ние овде Македончинава сме се радувале картата тогаш била евтина за кај и да патуваш, со еден збор кажано ние само го јадевме филот од тортата.И то таа торта е земена на вересија.Зошто чим не сакале србиве толку многу не ни ја признаваат црквата,зошто ни ги променувале презимината?
 
„Све је исто само њега нема“ (n)

Во времето на СФРЈ луѓето подобро и посреќно живееја бидејќи беа “научени“ да се задоволуваат со малку. Кој не е задоволен со малку нема да биде задоволен и среќен и со многу.
Со денешна просечна плата ако живееш во истите услови како во СФРЈ ќе можеш да заштедиш и за скромна куќа или мал стан (ако беа реални цените на становите)
Како?
Откажи се од телефонот (интернет, мобилен ајпод мајпод не постоеа па не ги ни замислувај)
Откажи се од ЛЦД или плазмата во дневна и од останатите 2-3 телевизора што ги имаш по дома. Имаш само еден ЕИ Ниш или кончар ТВ што на собна антена едвај фаќа МРТ1 а МРТ2 ти е повеќе со снег отколку што гледаш слика.
Откажи се од сите разнораззни гаџети за забава (PC, PSX, DVD, ... бла бла)
Бољерот се грее еднаш неделно и се бањаат 4-ца од фамилија.
Климата замени ја со еден мал вентилатор, а за дополнитени грејни тела во зима немаш потреба бидејќи доволно е една соба да е стоплена, и така и така целото семејсво е на купче и се “забавува“ пред единствениот ТВ.
,
,
,
Имаш еден куп вакви работи со кои што луѓето од “тоа“ време воопшто не се “замарале“ и немале потреба од нив и биле среќни.
За прехрана купуваш само основно, леб и со леб, за да се помине денот а обавезно имаш мала бавчичка во која си одгледуваш малку зеленчук и имаш некое дврце со овошје кое што пола ќе го оберат комшиските деца ама ќе каснат и твоите деца од нивните овошки де. Не е тоа некој криминал. :) (Денес овошје и зеленчук “одгледуваат“ само тинекс, веро и останатите маркети)
Фрижидерот за длабоко во есен го полниш со една бишка која ја чувале баба и дедо на село. А децата освен 10 дена во Претор или Охрид (во субстандардни одморалишта) цело лето го поминуваат на село кај баба и дедо. Помагајки им односно одработувајки ја бишката и кантата сирење кои што ќе ти дадат на есен.
Е сеа ќе ми речете нема баба и дедо веќе во село. Па нема ама зошто нема? Бидејки е тешко и напорно а пустото на никој веќе не му се работи.
Со живеење во вакви мизерни услови со просечна денешна плата, за 20 години (на толку се даваа кредитите тогаш) ќе успееш да обезбедиш кров над глава.
Онака колку за споредба да потсетам дека во 80-те еден ТВ чинеше 4-6 просечни плати. За една година, со двоење пола плата на страна, се купуваше ТВ во боја. (за помладите да не се чудат да кажам дека предходно гледавме црно бели телевизори)
Денес со просечна плата можеш да земеш два обични ТВ а со плата ипол и екстра ЛЦД од 40 инчи. (просечна плата рачунам 20+К)
Според оваа компарација со цените на ТВ тогаш и сега испаѓа дека денес е поефтин животот а реално гледаме дека не тоа така. И кај е цаката? Што ни е проблемот?
Проблемот е што потрошувачкото општество денес те тера да поседуваш што повеќе, во основ непотребни работи, ама така ти е наметнато да мислиш дека без нив не се може и си животно зависен од нив. Ден без мобилен, интернет... незамисливо. Криза фаќа ако на пола саат снема струја или вода а за подолго да не праиме муабет. Елементарна непогода е.
Колку повеќе поседува човек толку е понесреќен. Најсреќно живееле луѓето во камено доба. Ништо немале а сите потреби им биле задоволени. Така е и оваа споредба на ТОА и ОВА време. Тгогаш колективно ограничени сите да немаат односно да имаат доволно за задоволување на нај ОСНОВНИТЕ потреби и денес каде сите сакаат се да имаат ама по можност некој друг да им го обезбеди.
Тогаш и тие што имале повеќе (директорите на јаки претпријатија) несмееле да покажат дека имаат повеќе и ги криеле парите како змијата нозете. Денес новопечените транзициски богаташи на големо се фалат и се перчат со богатсвото стекнато со кражба од обичните луѓе. Тоа нивно расфрлање со пари кај посиромашните оние што не се снашле (односно украле) предизвикува фрустрации и затоа има толку многу од постарата (на татко ми) генерација кои што сеуште “патат“ по тоа време.
Јас детството го поминав во тоа време и можам да кажам дека имав среќно и безгрижно детство. Немам некоја посебна потреба да се жалам од тоа време. Колку имавме со брат ми толку, доволно ни беше. Денес кога сум јас тој кој што треба да обезбеди за децата морам да се снаоѓам во денешниве услови и прилики и ни на крај памет не ми паѓа да кукам како тоа јас денес ја немам “сигурната“ работа на татко ми или дека се многу големи трошоците за живот денес. Во рамките на моте можности и способности пробувам да обезбедам пристоен живот за мене и за фамилијата. Среќата на детето не секогаш ја прави најновит модел на ајфон, ајпод или незнам што. Децата секогаш се учат прво од родителите. Ако родителот е по цел ден незадоволен и несреќен зошто тој ја нема модерната кола или било што и да поседува неговиот “успешен“ комшија и детето ќе биде несреќно зошто го нема модерниот мобилен од другарчето комшиче. Успешниот комшија може и да е криминалец, ама па кој тоа денес се замара со морал и етика. Битно ни е да поседуваме што повеќе и што помодерни материјални добра чиишто слуги подоцна ќе сме, кој тоа видел аир од чесност и доблесност.
Во тоа време некој рече дека 80% од луѓето биле среќни. Точно така но 80% од луѓето во продавницата ги имале истите работи во кошницата бидејќи само тоа и го имало во продавницата. Имале и можеле да го купат само она ограничено што смеело да го има во продавница. Денес “несреќата“ кај 80% од луѓето доаѓа од тоа што неможат да ја наполнат кошницата како некој пред нив што ја наполнил. Не дека тоа што го имаат во својата кошница не им е доволно туку затоа што не полна како кај другиот.

Бидете задоволни со тоа што го имате, не љубоморете на тој што има повеќе, ќе добите чир на дванестопалачно црев. :pipi:
Примерите со становите и топките не се во ред, ниту споредбите со Грција Бугарија од тие времиња.

И сега можеш да купиш стан ако мизеруваш цел живот за него.
Беше напишано и погоре, земи си посади си во дворче патлчиџан, пиперки и не давај за храна, не корисит телефон, не користи автомобил, оди пешки или со автобус секаде и слично.
Не претерувајте кога не знаете, далеку од тоа дека се мизерувало му поранешна Југославија. Прво некои тврдеа дека прекумерно се задолжувала Југославија, а кога видоа дека сега неспоредливо повеќе се задолжуваме се свртеа дека се живеело сиромашно. Се однесува и на другите дискутанти предходно, ме мрзи да ги барам назад.

Значи постојат економски показатели за да се види дали се мизерувало или не? Денес БДП по глава на жител во Македонија колку е?
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_GDP_(nominal)_per_capita
http://chnm.gmu.edu/1989/items/show/671
За Македонија 4 431 долари според ММФ за 2010 година, 10891 долари бил 1989 година, а 1980 година 11946 долари.

Значи пад на стандардот повеќе од дупло, во однос на 1980 скоро тродупло пад на стандардот... Потоа богатството во поранешната држава беше рамномерно распоредено, сега има богати (многу мал број) и сиромашни и некоја средна класа измеѓу која се намалува. Да не зборувам за сигурноста, без криминал,
да не барам стапки на убиства и други кривични дела, сигурно работно место, да не се повторувам со Lurtz за тоа како се доаѓало до стан, состојбите во здравството итн. Денес не дај боже да се разболеш...
 
Да прашаш постар чоек баба,дедо ќе ти речи дека преубо се живеело. Да прашаш од помладиве татко ти , чичко ти , мајкати .... ќе ти речат дека ни малку не било убаво. Зошто?Оти цело време се живеело на кредити, сегде се задолжувале.Тито гледаше шо повеќе да ја прошири Србија,а за Македонија ни малку не го заболувало прстето.Сакам да кажам дека некои луѓе од другите сојузнички држави шо беа шо се вика за безпари одеа до австрија ваму таму да купат машини,а ние овде Македончинава сме се радувале картата тогаш била евтина за кај и да патуваш, со еден збор кажано ние само го јадевме филот од тортата.И то таа торта е земена на вересија.Зошто чим не сакале србиве толку многу не ни ја признаваат црквата,зошто ни ги променувале презимината?
Сите држави во светот се задолжувале, ние не сме исклучок... со една напомена. Најмал долг Југославија имала во периодот на владеење на Тито.
А тој долг на Македонија изнесувал сегашни 610 милиони евра (од пруги, патишта, згради, цели населби во Скопје, туристичките дестинации...). Сегашниот долг изнесува околу 4.5-5 милијарди евра па вие удрете есап чиј долг кој колку ќе го исплаќа и во што се вложени толку пари
 
Нишај врата земај плата!!!
Сакале работеле, сакале не работеле сите земале плата. А сега приватно и треба да запнеш да работиш, зошто ако приватниот нема корист од тебе ќе ти стигне отказ по кратка постапка.
 
Не претерувајте кога не знаете, далеку од тоа дека се мизерувало му поранешна Југославија. Прво некои тврдеа дека прекумерно се задолжувала Југославија, а кога видоа дека сега неспоредливо повеќе се задолжуваме се свртеа дека се живеело сиромашно. Се однесува и на другите дискутанти предходно, ме мрзи да ги барам назад.

Значи постојат економски показатели за да се види дали се мизерувало или не? Денес БДП по глава на жител во Македонија колку е?
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_GDP_(nominal)_per_capita
http://chnm.gmu.edu/1989/items/show/671
За Македонија 4 431 долари според ММФ за 2010 година, 10891 долари бил 1989 година, а 1980 година 11946 долари.

Значи пад на стандардот повеќе од дупло, во однос на 1980 скоро тродупло пад на стандардот... Потоа богатството во поранешната држава беше рамномерно распоредено, сега има богати (многу мал број) и сиромашни и некоја средна класа измеѓу која се намалува. Да не зборувам за сигурноста, без криминал,
да не барам стапки на убиства и други кривични дела, сигурно работно место, да не се повторувам со Lurtz за тоа како се доаѓало до стан, состојбите во здравството итн. Денес не дај боже да се разболеш...

Се тоа во ред е пријателе. АМА Е МИНАТО.

Мојата поента е друга. Секој медал има две страни. Имало и добри и лоши страни и во тоа општество, исто како и во сегашново.

Целев на следново: Подобро да се фокусираат луѓето да го подобрат животот во иднина отколу да имаме романтични сеќавања за убавото минато.

Сметам дека треба да живееме за иднината, а не за минатото.

ДОколку е само обичен разговор на форум за вака насловена тема тогаш ОК - ти си во право и Лурц е во право, можеби на вагата ќе превагне СФРЈ дека нудела подобри услови за живот за грото од населението.

Но пак ќе прашам што фајде од ваквиот заклучок?
 
zboruvame za kriterium za reper...;) kako inaku bi znaele da go definirame podobroto...vo odnos na sto podobro ili poloso, zemeno kako celina vo odnos na momentniot stepen razvoj na proizvodnite sredstva i opstestveni odnosi..sporedeni so togasniot.:vozbud:
 
Јас би рекол дека е тоа субјективна работа;)

Како и да е одиме напред, јас сум бил отсекогаш непоправлив оптимист и верувам дека на Македонија конечно ќе и тргне како држава, а ушт еповеќе дека МОЈОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ЌЕ ДОЖИВЕЕ КОНЕЧНО УБАВИ МОМЕНТИ ВО НЕГОВОТО БИТИСУВАЊЕ НА ОВА ПАРЧЕ ЗЕМЈА:

Може тоа ќе се случи за 20 ина години, и нашите деца ќе нема да бидат оспеднати со "подоброто" минато, туку ќе ја живеат убавата сегашност и иднина.
 
Може тоа ќе се случи за 20 ина години, и нашите деца ќе нема да бидат оспеднати со "подоброто" минато, туку ќе ја живеат убавата сегашност и иднина.
40 godini trancizija, beda i mizerija... ne zvuci premnogu optimisticki.
 
40 godini trancizija, beda i mizerija... ne zvuci premnogu optimisticki.
Епа подобриот живот нема да дојде утре сигурно. За да го достигнеме нивото на ГДП од 1990 ќе ни требаат најмалку 15 години, под услов растот на ГДП да не е под 5% годишно. За тие 5% треба работа и иницијативност од сите. Тоа не се постигнува со редовно тажење по минатото. Мислам дека тоа сакаше да го каже Мики.
 
Според овие информации најмалку уште 20...за да стигнеме на ниво на 1989. Според поранешни написи за да ја стигнеме Хрватска ќе ни требаа повисок бдп и околу 40 години :confused: држава која беше разорена, војуваше :confused::confused:
Груевски - Уште 20 години ќе трпиме последици од лошата транзиција
Ако продолжиме вака, ЕУ ќе ја стигнеме за 80 години
Дваесет јалови години
Јаловоста на овие дваесет години најдобро доаѓа до израз кога ќе се спореди со првите дваесет години на асномска Македонија, 1945-1965. На пример, растот на општествениот бруто производ во периодот 1991-2011 го достигна, приближно, производот што го имавме во - 1989 година. За разлика, пак, од тој депресивен лет во место, општествениот раст во социјалистичка Македонија цели 20 години во периодот 1945-1965 растеше помеѓу 10 и 15 проценти на годишно ниво. Позабрзано дури и од денешното стопанско чудо, Кина! Македонија во тој период од наполна, речиси феудална заостанатост успеа да го достигне нивото на пристојна развиеност. Притоа цело време градејќи ги и своите клучни национални и културни институции.
Самостојна Македонија, пак, да потсетиме, во почетниот период 1991-1995 доживеа стопански пад од триесетина проценти. Како впрочем и сите други постсоцијалистички земји во тоа време. [1] Во периодот 1996-2000 земјата конечно почна бавно да се развива, сè до драматичниот пад 2001 година. Од 2002 до 2008 одново доживеавме благ раст (вкупно за тие седум години околу 25%, на нивото на две социјалистички години подем), за во 2009 и 2010 пак да се движиме во минус. Земјата има најголем број сиромашни (31%) и најголем број невработени (над 32%) во Европа. Земјата е двојно позаостаната дури и од најсиромашните членки на ЕУ, а три до четири пати е позаостаната од европскиот просек.

За жал, Македонија сè уште не успеала да го достигне нивото на индустриското производство од 1989, последната година пред падот на комунизмот. Економистите се едногласни дека за го достигне Македонија она ниво на економски развој пред распадот на Југославија треба да имаме висок пораст на бруто-општествениот производ. Според податоците од Народната банка, објавени за вториот квартал од годината, стапката на пораст ни е 5 проценти. Економистите сметаат дека со стапка од 8 проценти ќе ни требаат дваесетина години за да го достигнеме нивото од крајот на деведесеттите.
--- надополнето: Sep 16, 2011 12:32 PM ---
Во Македонија 1 милион долари инвестиции дневно, во Србија 7 милиони :cuc:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom