„Све је исто само њега нема“
Во времето на СФРЈ луѓето подобро и посреќно живееја бидејќи беа “научени“ да се задоволуваат со малку. Кој не е задоволен со малку нема да биде задоволен и среќен и со многу.
Со денешна просечна плата ако живееш во истите услови како во СФРЈ ќе можеш да заштедиш и за скромна куќа или мал стан (ако беа реални цените на становите)
Како?
Откажи се од телефонот (интернет, мобилен ајпод мајпод не постоеа па не ги ни замислувај)
Откажи се од ЛЦД или плазмата во дневна и од останатите 2-3 телевизора што ги имаш по дома. Имаш само еден ЕИ Ниш или кончар ТВ што на собна антена едвај фаќа МРТ1 а МРТ2 ти е повеќе со снег отколку што гледаш слика.
Откажи се од сите разнораззни гаџети за забава (PC, PSX, DVD, ... бла бла)
Бољерот се грее еднаш неделно и се бањаат 4-ца од фамилија.
Климата замени ја со еден мал вентилатор, а за дополнитени грејни тела во зима немаш потреба бидејќи доволно е една соба да е стоплена, и така и така целото семејсво е на купче и се “забавува“ пред единствениот ТВ.
,
,
,
Имаш еден куп вакви работи со кои што луѓето од “тоа“ време воопшто не се “замарале“ и немале потреба од нив и биле среќни.
За прехрана купуваш само основно, леб и со леб, за да се помине денот а обавезно имаш мала бавчичка во која си одгледуваш малку зеленчук и имаш некое дврце со овошје кое што пола ќе го оберат комшиските деца ама ќе каснат и твоите деца од нивните овошки де. Не е тоа некој криминал.

(Денес овошје и зеленчук “одгледуваат“ само тинекс, веро и останатите маркети)
Фрижидерот за длабоко во есен го полниш со една бишка која ја чувале баба и дедо на село. А децата освен 10 дена во Претор или Охрид (во субстандардни одморалишта) цело лето го поминуваат на село кај баба и дедо. Помагајки им односно одработувајки ја бишката и кантата сирење кои што ќе ти дадат на есен.
Е сеа ќе ми речете нема баба и дедо веќе во село. Па нема ама зошто нема? Бидејки е тешко и напорно а пустото на никој веќе не му се работи.
Со живеење во вакви мизерни услови со просечна денешна плата, за 20 години (на толку се даваа кредитите тогаш) ќе успееш да обезбедиш кров над глава.
Онака колку за споредба да потсетам дека во 80-те еден ТВ чинеше 4-6 просечни плати. За една година, со двоење пола плата на страна, се купуваше ТВ во боја. (за помладите да не се чудат да кажам дека предходно гледавме црно бели телевизори)
Денес со просечна плата можеш да земеш два обични ТВ а со плата ипол и екстра ЛЦД од 40 инчи. (просечна плата рачунам 20+К)
Според оваа компарација со цените на ТВ тогаш и сега испаѓа дека денес е поефтин животот а реално гледаме дека не тоа така. И кај е цаката? Што ни е проблемот?
Проблемот е што потрошувачкото општество денес те тера да поседуваш што повеќе, во основ непотребни работи, ама така ти е наметнато да мислиш дека без нив не се може и си животно зависен од нив. Ден без мобилен, интернет... незамисливо. Криза фаќа ако на пола саат снема струја или вода а за подолго да не праиме муабет. Елементарна непогода е.
Колку повеќе поседува човек толку е понесреќен. Најсреќно живееле луѓето во камено доба. Ништо немале а сите потреби им биле задоволени. Така е и оваа споредба на ТОА и ОВА време. Тгогаш колективно ограничени сите да немаат односно да имаат доволно за задоволување на нај ОСНОВНИТЕ потреби и денес каде сите сакаат се да имаат ама по можност некој друг да им го обезбеди.
Тогаш и тие што имале повеќе (директорите на јаки претпријатија) несмееле да покажат дека имаат повеќе и ги криеле парите како змијата нозете. Денес новопечените транзициски богаташи на големо се фалат и се перчат со богатсвото стекнато со кражба од обичните луѓе. Тоа нивно расфрлање со пари кај посиромашните оние што не се снашле (односно украле) предизвикува фрустрации и затоа има толку многу од постарата (на татко ми) генерација кои што сеуште “патат“ по тоа време.
Јас детството го поминав во тоа време и можам да кажам дека имав среќно и безгрижно детство. Немам некоја посебна потреба да се жалам од тоа време. Колку имавме со брат ми толку, доволно ни беше. Денес кога сум јас тој кој што треба да обезбеди за децата морам да се снаоѓам во денешниве услови и прилики и ни на крај памет не ми паѓа да кукам како тоа јас денес ја немам “сигурната“ работа на татко ми или дека се многу големи трошоците за живот денес. Во рамките на моте можности и способности пробувам да обезбедам пристоен живот за мене и за фамилијата. Среќата на детето не секогаш ја прави најновит модел на ајфон, ајпод или незнам што. Децата секогаш се учат прво од родителите. Ако родителот е по цел ден незадоволен и несреќен зошто тој ја нема модерната кола или било што и да поседува неговиот “успешен“ комшија и детето ќе биде несреќно зошто го нема модерниот мобилен од другарчето комшиче. Успешниот комшија може и да е криминалец, ама па кој тоа денес се замара со морал и етика. Битно ни е да поседуваме што повеќе и што помодерни материјални добра чиишто слуги подоцна ќе сме, кој тоа видел аир од чесност и доблесност.
Во тоа време некој рече дека 80% од луѓето биле среќни. Точно така но 80% од луѓето во продавницата ги имале истите работи во кошницата бидејќи само тоа и го имало во продавницата. Имале и можеле да го купат само она ограничено што смеело да го има во продавница. Денес “несреќата“ кај 80% од луѓето доаѓа од тоа што неможат да ја наполнат кошницата како некој пред нив што ја наполнил. Не дека тоа што го имаат во својата кошница не им е доволно туку затоа што не полна како кај другиот.
Бидете задоволни со тоа што го имате, не љубоморете на тој што има повеќе, ќе добите чир на дванестопалачно црев.