Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
додека во Македонија Албанците ги уживаат сите права, во Албанија им ги ускратуваат истите на Македонците
ПОПИС ВО АЛБАНИЈА
Илјада долари глоба ако се изјасниш за Македонец, а немаш извод - Македонците не ги запишувале
Десетина дена по декларацијата на малцинствата за одложување на пописот во Албанија, албанските власти се уште молчат. Кај западниот сосед и натаму продолжува јавната дебата за попишувањето на малцинствата. Албанските медиуми потсетуваат дека доколку некој се изрази поинаку од Албанец, а притоа нема потврда од матичната книга на родените ќе заработи казна од илјада долари. Пример беше албанската телевизија Клан, која завчера ги објави повиците на партијата на Грците, етничките Грци и Власи да не се плашат и слободно да се изјаснат на пописот, но авторот потсети и на казнените одредби.
За Македонците во Албанија ваквите позиции на медиумите, претставуваат своевиден психолошки притисок организран од албанската држава.
- Вчера сите најгледани албански медиуми пренесуваа иста вест, дека граѓаните ќе бидат казнети доколку лажат за својата етничка припадност. Тоа е една игра во која албанските власти се правдаат пред меѓународниот фактор дека нема да ги казнуваат малцинствата, но од друга страна преку медиумите се врши психолошки притисок, доколку малцинствата се изјаснат за неалбанци, изјави Васил Стерјовски од партијата Македонска алијанса во Албанија.
Пописите во Албанија и Македонија ќе се одвиваат безмалку паралелно. И кај нас Демократската партија на Албанците побара одложување на пописот за во јули идната година. Лидерот на партијата Мендух Тачи смета дека се погрешни барањата на македонското малцинство за одложување на пописот.
- Мислам дека е погрешен пристапот. Ако Македонците и ако партиите на Македонците мислат да ги решаваат проблемите со Албанците чепкајки се по Албанија тоа е погрешен пат, изјави вчера Тачи.
Иако албанската држава гарантираше дека нема да се казнуваат Македонците, сепак Македонската алијанса, заедно со другите малцинства, ќе го оспорат албанскиот закон за попис пред Уставниот суд. В четврток, претставници од партијата ќе се сретнат и со амбасадорот на Европската унија во Албанија.