Книгата на Законот, и да не се појавеше во пишувана форма, и да бдие достапна за секој, пак ќе бевме ова што сме денес. Многу работи луѓето не знаат... и така е подобро. Од инает ќе направат грешка, и ќе страдаат. такви се луѓето понекогаш.
Книгата е небитна, напишав веќе дека светот се менува во правец како што вели Законот, без разлика дали ти си ја прочитал, или пак разбрал таа книга. Книгата постои само заради една причина.
Друго, насекаде се вели ( и ти велиш) дека книгата ја напишал Кроули. Книгата ја запишал, не ја пишува Кроули. Ова е уште подискутабилно и одиме во сферата на верување или не како е настанато тоа дело.
Обичните луѓе ќе се свртат кон верување, јас би се свртел кон веројатноста и познавањето на работите напишани во таа книга (и синџирот на настани до пишувањето на книгата) и дали се дело на Кроули или не. Значи потребно е „замарање“ со темата за да се донесе некаков заклучок.
Зад запишувањето на таа книга велат пак дека стои жена. Која пак е спомената во Законот неколку пати. Жената на новото време.
Кроули, ако си му ги читал исповедите, што пишуваат критичарите за него, е само поштар. и премногу осамен и тажен човек. Не знам што толку се замарате со него. Тој дојде, напиша, објасни што можеше и колку можеше и си замина чекајќи подобро време. Никој не го следи Кроули како идеолог на некакво движење. Кроули во сите книги вели декан е сака следвбеници. Тоа го прават „другите“. Nеупатените, според мене.
Трето, не кажав јас дека Кроули е некаков духовен идеолог на било кое движење. Ти некако не ме разбираш. Сепак би требало да се запознаеш со други телемити и нивни размисли. Не само Кроули е бил телемит и иницијант.
Телемата е „духовниот“ водач, ако ме разбираш што сакам да ти кажам. Телемата ја има кај секој човек. Нели... и не бара верување, бара само едно: РАБОТА!
И велиш дека жената ја изгубила моќта... Па не би рекол така за сите жени... Како што хипиците ја зафркнаа работата со дрогите и силување на Законот ( и зезнаа многумина по патот со што дозволија војната да се пренесе и кај неиницираните ), исто така и жените неуки и неподготвени почнаа да грабаат и да ја силуваат својата „добиена“ слобода, мислејќи дека Законот ги ослободува од последици.
Но денес, барем јас, познавам жени (и тоа какви жени) кои го тресат светот од север кон југ и од исток кон запад. Сеуште има закоравени жени во чиј ум стои всаденото дека таа е сенка во сенката на мажот, но, полека полека и последните битки се добиваат. Црните сеуште наоѓаат начин жената да добива фиктивна лажна слобода и еманципација. Исто како што вие се радувате на единствена демократија што ја имате и која ви трае само еден ден: Кога слободно по ваш избор ги бирате оние кои ќе владеат со вас на време кое тие самите со закон си го даваат.
И да, жената, вистинската жена знае потсвесно дека: Секој маж и секоја жена е Ѕвезда
И дека секој број е бесконечен, нема разлика.
Четврто, историјата на таа Книга(која создава проблеми) и идеите и законот кој што е запишан во неа, за која ти велиш дека нема врска со промените во светот, е стара со векови.
Ако почнеме да разглобуваме, тука ќе навлеземе во историјата на тајни и полутајни редови ( за кои ти би реков, what the fuck are those Orders? и нормално тоа е добро што е така и јас немам намера да кажувам она што не е мое да го кажам). Кои го менувале и го менуваат светот( некои ќе кажат кои се тие пак да менуваат ), и ќе докажуваме постоење на разни објави на слични закони, на сличен начин како и Книгата на Законот, меѓу интелектуалци во тие времиња, кои секако се чувале многу повеќе во тајност, за да не доаѓа до вакви разговори да докажуваме валидност на Закон, кој што секако ги надминува човечките размисли и го тера умот да вели: А ова што значи?. Но ете, некој решил еден ваков закон(кој што не ни морал да биде запишан според мене) да биде даден на секој. Зошто? Не знам. Изгледа е дадено овој пат индивидуата сама да одлучи дали ќе го прифати законот или не. Без силување и заплашувања.
За христијанството и неговото умирање, да дадам едно мое видување:
мора да умре „телото“, духот на тоа учење е сеуште нечепнат и далеку од луѓе кои може да му нанесат конечни смртни удари како што милуваш ти да кажеш.
Едно учење има во светот, зарем не гледаш документарци?
И прашуваш кој е Леви? Никој и ништо за тебе, многу и се за оние кои си ја вршат работата и го менуваат светот.
П.С. Прашав, колку светот не живее по Законот? Може да направиш споредба? Од психолошко-материјален поглед, не мора духовно-магиски