Медицина во Словенија
Дали има некој што студира или познава некој што студира медицина во Словенија (Љубљана)? На сестра ми и прават проблем со запишувањето на медицина. За да се запише на факултет и бараат виза за долгорочен престој, а таа виза се добива ако си веќе запишан студент (чвор ситуација). Овој проблем го имало само на медицинскиот факултет таму.
Има ли некој, посредно или непосредно, искуство со ова?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Однапред благодарам!
--- надополнето: Sep 14, 2011 9:58 AM ---
Ти препорачувам атомска и нуклеарна физика или евентуално термодинамика. Тоа се најпросперитетни смерови во физиката доколку утре сакаш да работиш нешто практично во врска со тоа. А доколку си ориентирана во наставна насока, тогаш е сеедно, одбери тоа што ти лежи на срце. Во Словенија има и факултет по астрономија.
Ако не си аплицирала до сега, мислам дека доцниш. Делувај итно, контактирај директно со факултетите.
Поздрав!