Како и религиозните фанатици, така и атеистичките фанатици мораат да го наметнат своето мислење како правилното. Во целост и едните и другите што ја шират својата пропаганда се несигурни во своите убедувања и сметаат дека ако повеќе луѓе мислат како нив им го зголемува самоубедувањето дека се во право. Голем дел се коплексаши кои преку вреѓања пробуваат да се направат самите себе да се чуствуваат подобро ради недостасоците што ги имаат во животот, пример човекот со постот над мене.Moже ли некој ве молам да ме просветли зошто атеистите се толку желни цело време да ги исмејуваат или да ги негираат верувањата на другите луѓе. Дали е тоа можеби затоа што неверувањето остава празнина која треба да биде исполнета со антипатија кон нешто? Помогнете ми да разберам.
Не сум религиозен и искрено мислам дека сериозноста и посветеноста што некои луѓе ја вложуваат во религиозни активности е бесмислена. Сепак, успевам да ги оставам овие религиозни фанатици на мир... Всушност не се ни трудам да трошам време или напор за нив. Seriously, I couldn't care less. Воопшто не чувствувам потреба да ги напаѓам верските убедувања кои што се разликуваат од моите.Чудно... претпоставувам дека може да се каже дека страдам од болест наречена ТОЛЕРАНЦИЈА.
За ова кратко време во кое што сум на форумов, забележав дека има еден куп атеисти кои се чини дека секој ден водат “Крстоносни војни“ против сите што се религиозни. Тема по тема, пост по пост... осудуваат, исмеваат и се обидуваат да ја негираат верата на другите. Едноставно не можат да се држат настрана. Како фанови на атеизмот зборуваат за нешта кои воопшто не се однесуваат на нив, и во тој процес тие едноставно паѓаат како празни лушпи од човечки суштества кои немаат ништо што ќе ги води во животот освен омразата. Едноставно живеат за да мразат...
Ако не веруваат во постоење на Бог, зошто се занимаваат со религијата? Чудно ми е тоа што поминуваат толку време пишувајќи и зборувајќи за нешто што тврдат дека е имагинарно и дека не постои...
Вие што мислите?
За болдот, другар не страдаш од болест наречена толеранција, страдаш од болест наречена предрасуди, успеа во 2 последователни реченици да се контрираш.
Патем нема ништо лошо во тоа да се образоваш, да учиш, читаш и влегуваш во дискусии за работи кои иако не веруваш во нив сакаш да откриеш повеќе или да размениш мислење со некој што има спротивен став кон твојот само тоа генерализирање и вреѓање (од двете страни) ја уништува дискусијата.