Moже ли некој ве молам да ме просветли зошто атеистите се толку желни цело време да ги исмејуваат или да ги негираат верувањата на другите луѓе. Дали е тоа можеби затоа што неверувањето остава празнина која треба да биде исполнета со антипатија кон нешто? Помогнете ми да разберам.
Не сум религиозен и искрено мислам дека сериозноста и посветеноста што некои луѓе ја вложуваат во религиозни активности е бесмислена. Сепак, успевам да ги оставам овие религиозни фанатици на мир... Всушност не се ни трудам да трошам време или напор за нив. Seriously, I couldn't care less. Воопшто не чувствувам потреба да ги напаѓам верските убедувања кои што се разликуваат од моите.Чудно... претпоставувам дека може да се каже дека страдам од болест наречена ТОЛЕРАНЦИЈА.
За ова кратко време во кое што сум на форумов, забележав дека има еден куп атеисти кои се чини дека секој ден водат “Крстоносни војни“ против сите што се религиозни. Тема по тема, пост по пост... осудуваат, исмеваат и се обидуваат да ја негираат верата на другите. Едноставно не можат да се држат настрана. Како фанови на атеизмот зборуваат за нешта кои воопшто не се однесуваат на нив, и во тој процес тие едноставно паѓаат како празни лушпи од човечки суштества кои немаат ништо што ќе ги води во животот освен омразата. Едноставно живеат за да мразат...
Ако не веруваат во постоење на Бог, зошто се занимаваат со религијата? Чудно ми е тоа што поминуваат толку време пишувајќи и зборувајќи за нешто што тврдат дека е имагинарно и дека не постои...
Вие што мислите?