- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.546
Баш така. Секој е слободен да избере дали ќе верува или нема да верува во нешто. Овој форум е за споделување мисли и гледишта кон работите за кои ќе се дикутира. Прашањето беше Зошто атеистие ги напаѓаат религиозните. Не значи ако си го кажеш мислењето и ако не се согласиш со некога по default го напаѓаш. Како и да е ако се согласи ме со се што ќе се каже овде тогаш „темите“ на форумот би биле кратки и досадни. Според мене, можеш многу да научиш ако го следиш мислењето на другите. Ако не друго нашите софорумџии, кој далеку се „поначитани“ од мене можат да ме упатат кон нешто за кое секогаш сум се интересирала но не сум била доволно предизвикана за да земам и да читам повеќе за тоа, но сега сум и затоа им се заблагодарувам
Мојата првична забелешка беше за милитантниот атеизам и отсуството на толеранција. Имам малку подолго форумско искуство од тебе и сум учествувал во дискусии на форумов, многу од атеистите ги сметам за свои форумски пријатели, така што те молам, не ми држи лекции за форумски протокол.