Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

pa ubavo e da si crna ovca, toa znaci deka ne se sovpagash so mnozinstvoto, toa znaci deka si nadprosecen... ne e kazano vo negativna smisla, ne se luti odma
Не се лутам, незнам зошто таков впечаток.:)
Инаку знаеш што е иронијата? Што мнозинството секогаш кога ќе се соочи со моите ставови, најчесто длабоко во себе признава дека е така и се согласува, но суетата не им дозволува да го признаат тоа јавно.
 
Јас сум атеиста.Израснат како Христијанин подоцна сватив дека сум атеист.Кога и да кажам дека сум Атеис јас сум секогаш осудуван од околината и пријателите, дури и од семејството.Понекогаш се обидувам да им објаснам зошто не верувам во Бог, но сите ме гледаат со неверување и потсмев.Затоа кога ке ги прашам зошто безусловно веруваат во Бог, секогаш исти одговор добивам.Ми тролаат дека така биле израснати, така ги научиле нивните родители, а несакаат да прифата друго мислење.
На почетокот се страмев да кажам дека сум атеис.Сега си имам свој свет и свои верувања и горд сум да приознаам дека сум Атеист, неплашејкисе што ке кажат другите

Фино. И браво за тебе. А кога би живеел малку подолго би добил и поинакви одговори. Јас не сум израснат како верник -- бев атеист до својата 18 година. И прифаќам мислења, ги почитувам иако не се согласувам со нив.
 
Од истата причина поради која верниците ги напаѓаат сатанистите.Се лежи во сквернавењето.
 
Од сега ќе морам селективно да ти реплицирам, бидејќи се обидуваш да ја сведеш дебатата на лични препукувања, нешто што не доликува на возрасен човек...:)
Јас се извинувам што ти препорачав покајание, можеби во вашата вера тоа и нема некое особено значење, можеби непокајаниот грев има поголема тежина од правата вера во Бога кај вас, а можеби и грешам.
Сепак темата е наездата на атеисти и нивните форумски судири со декларираните верници.

Имам еден сосема пријателски предлог: не ми реплицирај, особено не со натамошни лекции и совети за покајание. Ти благодарам.
 
Ова е цмиздрење... Не рекле it takes two to tango без причина. Нека престанат да пишуваат теистите, атеистите сигурно нема меѓу себе да се расправаат за религија.

Да се случуваа препукувања од типот некој верник оди пример на подфорум фудбал каде сака да дискутира за поразот на Интер против Палермо само за потоа да биде нападнат од некој атеист "како можеш да веруваш во бог мајке ти га набијем..." ќе разберев зошто се жалите.

Ама се друго е лелекање. Ова е форум, тука се водат дискусии. Кога некој ќе тропне глупост како вагина врз која израснал пенис или обоена енергија, нормално дека ќе биде исмеван!
 
Милитантниот атеизам е одбоен поради отсуството на толеранција. Што се однесува до борбата со нешто или некој што (според атеистите) не постои, веќе укажав во еден пост дека таквата упорност се граничи со схизофренија.
Не е тоа борба (упорност) против Бог, тоа е борба против делата кои се вршат во име на Бог.

Што се однесува до темата, во светите книги неверниците (атеистите) се осудени на смртни казни, тоа е толеранција?

Отсекогаш ми било смешно како тоа религиозните луѓе појма немаат какви се глупости се пишувани во светите книги.
 
Ова е цмиздрење... Не рекле it takes two to tango без причина. Нека престанат да пишуваат теистите, атеистите сигурно нема меѓу себе да се расправаат за религија.

Да се случуваа препукувања од типот некој верник оди пример на подфорум фудбал каде сака да дискутира за поразот на Интер против Палермо само за потоа да биде нападнат од некој атеист " како можеш да веруваш во бог мајке ти га набијем..." ќе разберев.

Ама се друго е лелекање. Ова е форум, тука се водат дискусии. Кога некој ќе тропне глупост како вагина врз која израснал пенис или обоена енергија, нормално ќе биде исмеван!

Би било цмиздрење кога дискусијата би била секогаш на соодветно ниво. Првичниот пост на темава содржи валидни забелешки на начинот на кој се води дискусија на форумот религија. А што се однесува до исмевањето, тоа одамна ги надмина таквите постови со обоени енергии и се претвори во форум за пљукање.
 
Фино. И браво за тебе. А кога би живеел малку подолго би добил и поинакви одговори. Јас не сум израснат како верник -- бев атеист до својата 18 година. И прифаќам мислења, ги почитувам иако не се согласувам со нив.
Баш така. Секој е слободен да избере дали ќе верува или нема да верува во нешто. Овој форум е за споделување мисли и гледишта кон работите за кои ќе се дикутира. Прашањето беше Зошто атеистие ги напаѓаат религиозните. Не значи ако си го кажеш мислењето и ако не се согласиш со некога по default го напаѓаш. Како и да е ако се согласи ме со се што ќе се каже овде тогаш „темите“ на форумот би биле кратки и досадни. Според мене, можеш многу да научиш ако го следиш мислењето на другите. Ако не друго нашите софорумџии, кој далеку се „поначитани“ од мене можат да ме упатат кон нешто за кое секогаш сум се интересирала но не сум била доволно предизвикана за да земам и да читам повеќе за тоа, но сега сум и затоа им се заблагодарувам
 
Не се лутам, незнам зошто таков впечаток.:)
Инаку знаеш што е иронијата? Што мнозинството секогаш кога ќе се соочи со моите ставови, најчесто длабоко во себе признава дека е така и се согласува, но суетата не им дозволува да го признаат тоа јавно.
ne e do suetata do stravot e, se plashat da bidat primeteni, se krijat megu drugite, se pretopuvaat vo drugite...
se plashat zatoa sto nivnite mozoci se isprani, go sledat samo toa sto im e nametnato, se plashat javno da iznesat svoe mislenje...
zatoa e preubavo da si crna ovca, ama pak ke recam deka ovcarite ni trebaat
 
Не е тоа борба (упорност) против Бог, тоа е борба против делата кои се вршат во име на Бог.

Што се однесува до темата, во светите книги неверниците (атеистите) се осудени на смртни казни, тоа е толеранција?

Отсекогаш ми било смешно како тоа религиозните луѓе појма немаат какви се глупости се пишувани во светите книги.

Сигурен си? Се убивте од постирање клипчиња и сликици со пљукачка содржина токму кон Оној во кого не верувате.
 
Колку само сте во заблуда вие теистите.Дискусија на форум немора да значи опседнатост со нешто во случајов религиите.
 
Би било цмиздрење кога дискусијата би била секогаш на соодветно ниво. Првичниот пост на темава содржи валидни забелешки на начинот на кој се води дискусија на форумот религија. А што се однесува до исмевањето, тоа одамна ги надмина таквите постови со обоени енергии и се претвори во форум за пљукање.
Јас сум прилично нов на форумов ама веќе се изначитав глупости за цел живот. Пробав да водам сериозна дискусија со Мики1, испадна верглање во празно и наместо да навредам се откажав. Пробав со друг, пробав со трет за да на крај прочитам обоени енергии и вештачки вагини. Од таму, ја сфаќам фрустрацијата и потребата за плукање кај некои атеисти.

А инаку, повеќето плукања се насочени кон "посебно бистри" постови како што имаше една некни, која тврдеше дека Алах се појавил во јајце кое таа го варела.
 
Сигурен си? Се убивте од постирање клипчиња и сликици со пљукачка содржина токму кон Оној во кого не верувате.
И ако не веруваме, тоа значи дека не смееме да дискутираме за тоа?
Нели е тоа поентата на под-форумов, да се дискутира (не)постоењето на Бог и да се дискутираат поедичните религии.
Јас имам право да пљукам врз идеја поради која цивилизацијата е уназадена илјадници години и биле, се и ќе бидат убивани стотици илјадници луѓе, имам право да плукам по идеја која е кансер на нашето општество.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom