- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.326
- Поени од реакции
- 15.581
Затоа и јас не го критикувам Гасперини.Да ја чита може ќе научи нешто.
Грешката не е негова, на Морати и Бранка е. Имаше други слободни тренери. Тие знаеја дека Гасперини ќе ја форсира оваа формација.
Ај, белким од сето ова ќе излезе еден нов Интер. Цената ќе ја платиме, тоа е сигурно.
Исто како да купиш точак и да очекуваш да те однесе до Австралија. Као прво, точакот не знае ни да плива
Секој што прати фудбал знае која тактика ја форсира Гасперини, ако веќе си го ангажирал дај му 102,3% поддршка во тоа што го прави, а не само по неколку пријателски натпревари да сугерираш дека тренерот треба да внимава што прави, или по еден пораз да му даваш ултиматум, било за тактиката било за резултатите.
Грешки милион, али има две грешки што ги повторуваме последниве години, а тоа е носење на фудбалери на 31ви август и лоши подготвителни натпревари, односно сите натпревари ги играат со комбиниран состав, каде што обично треба барем последните 3 натпревари да се одиграат со оној состав кој што би бил почетен, барем 90% од играчите, нели.
Ако сега Гасперини изјавува дека играчите биле изморени, што да каже Бенитез за лани? Финале ЛШ, финале Куп на Италија, Скудето, после недела дена од се тоа беше Светското првенство, па одма после тоа почнаа подготовките а потоа и до крај не се донесе ниедно засилување иако било сугерирано да се донесат 3-4 играчи минимум.
Не го земајте ова дека го бранам Бенитез, фактите се тие, може до утре троламе дека сме биле шампионски тим, еве до кај стасавме со тој „шампионски“ став, до таму да примаме по 5 гола на натпревар од еден никаков Палермо. И не дека нема да се подобриме, далеку од тоа, али зашто постојано истите грешки? Зашто?
Зашто да се носат тренери на кои што по првиот тренинг местото им виси во воздух и може во секој момент да бидат отпуштени. Зашто да се купуваат играчи на 31ви август?(на ова го знам одговорот) Зашто одредени играчи се над тренерот? Зашто одредени играчи имаат загарантирано место во тимот и покрај нивните очајни изданија, нешто како што се случува во аматерските лиги или кај нас каде што татко ти е пријател со тренерот или има пари па игра синчето?...