Музеј Македонска Борба - предлози и впечатоци

Бидејќи темата е поплаки па ме интерсира дали оваа поллака е на место која ја прочитав испод статијата за музејот на дневник.

Иљо Малешевски присуствал на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, со кој се креирала Голема Бугарија со целата Македонија во нејзиниот состав, како бугарски претставник. Истиот бил награден од рускиот император за учеството во војната за ослободување на Бугарија (во документот стариот комита бил експлицитно опишан како Бугарин). По 1878 година Дедо Иљо Малешевски се иселил во слободното Кнежество Бугарија, каде добил државна пензија како херој од борбите за национално ослободување, а во 1885 независно од неговата длабока возраст се вклучил на бугарска страна во Српско-бугарската војна. Починал во Ќустендил, Бугарија, на 17 април 1898, и бил погребен со почести. Неговата куќа денес е негов музеј:

http://www.kyustendilmuseum.primasoft.bg/bg/mod.php?menu=3700&mod=userpage&page_id=163 * http://www.museumsbg.com/search/IlyoVoivodaHouseM-b.html

И сега ние треба овој да го славиме како наша историја? Ако сум интелегентен со музејот сакаат да не збилижат со бугарија и да ни докажат дека имаме заеничка историја?

Зоте дај бе првин иди во музејот па после коментирај и не тролај на темава, конкретно за повиканите има засебни нишки, тука го обработуваме музејот како целина конкретно иљо малешевски се борел и со Србите ПА ШТО? проучи го неговиот лик и не замарај.
што е со воие фази што ги поминуваш, пред една година беше прогрчки настроен сега просрбски аман веке ко повекекратна личност си мајката

има фигури и на Колишевски, Ранкович, Фрашери и портрети на руски и австриски цареви - ама нив некако никој не ги спомнува
 
Зоте , мене например не ме зближија .

Кустосот беше сосема на ниво , и кога дојдовме до фигурата на Михајлов сосема исправно го прикажа како искључително негативна личност и инструмент на бугарската политика.

Многу подобро би било прво да го посетиш музејот пред да даваш било какви квалификации.

Епа тогаш нели се побиваш сам себеси или музејот сам себеси се побива. како тогаш може музејот да се вика музеј на македонска борба? Тоа ми е контрадикторно а внатре историски личности на друга кауза и борци за друга држава. Нели тоа не случајно?
 
Само ќе ти се створи погрешен впечаток .....подобро игнорирај фотки и види ги експонатите во живо .
Восочните фигури се навистина реалистични како и сценографијата каде се поставени , за мене навистина импресивни беа уметничките прикази на историските настани . Би издвоил неколку ...Битката на Ножот ,Германос Каравангелис дава пари за главата на Лазар Поп Трајков, Битката на Мечкин Камен , Колона на партизани во зима итн.....

Се согласувам дека најдобро во живо се создава впечатокот.

Не се забранува фотографирање зошто штети, туку зошто се губи автентичноста на градбата, поточно, помалце ќе има заинтересирани да дојдат да видат кога ќе ги видат сликите, вака ќе речат баш да одам да видам како направиле.

Не се согласувам, бидејќи многумина имаат веќе погрешна претстава за тоа што претставува Музејот, а мала промотивна кампања може само да привлече нови и повеќе посетители и ќе претставува бесплатна реклама онгоинг.

Има луѓе во други градови, други држави, кои можеби откако би увиделе мал дел од внатрешноста на Музејот, би дошле специјално да го посетат и во живо.

А што се однесува на пример до погрешните претстави за Музејов, земи го на пример Зоте и неговите истомисленици, не биле во Музејот, а прва реакција негативна и лепат некакви идеолошки етикети.
Доколку не беше Јоаким да објасни, дека секоја личност е претставена соодветно на улогата која ја одиграла, добра или лоша, ќе се накотеа редица други кои ќе коментираа лаички.
--- надополнето: Sep 12, 2011 12:26 PM ---
Епа тогаш нели се побиваш сам себеси или музејот сам себеси се побива. како тогаш може музејот да се вика музеј на македонска борба? Тоа ми е контрадикторно а внатре историски личности на друга кауза и борци за друга држава. Нели тоа не случајно?

Ти беше објаснето, не се обидувај да протураш политичка пропаганда со вакви ефтини инсинуации зошто нема да има следна опомена.
 
Братот, знам дека не се согласуваш, и јас не се согласувам со ова ама и на ТВ кажаа дека затоа е забрането сликањето, да се зачува автентичноста. А тоа дека сликањето штетело, глупости се тоа.
 
Ќе испаднат снимки (видео) за брзо време без гајле + гратис ќе има објаснување од водичот за се ќе видите :D
 
кај ке направите бе фотки, групите се по 7 души, до водичот сте залепени цело време, врие обезбедување доле - ко гробот на александар да го чуваат.

100 денари е карта

Многу пристапна цена, тоа е за поздрав.

Македонцки пер, имаш андроиди, ајфони и останати курци палци кои доволно е да ги држиш у рука, спуштена удолу и да снимаш/сликаш.

Искључете звук на фотачот, шетајте и фотете.

Бтв, дали само во групи може да се влегува или индивидуално може да се шета?
 
Ќе испаднат снимки (видео) за брзо време без гајле + гратис ќе има објаснување од водичот за се ќе видите :D
како планираш во тие темници да сликаш??? ако успееш постирај, но впечатокот стопати послаб од тој во ѓиво и доста искривен

пример сликата со питу што осамна во весник - изгледаше ко питу да се надувал па не знае шо прај на мечкин камен - во живо е сосема друг впечатокот.
 
Не сум бил во музејот, ама искрено одозгоре куполата направена како македонското знаме некако не ми се совпаѓа со целата градба. Инаку ќе одам да го видам, оти стварно ме заинтересира по муабетиве. Ако вреди тоа што е направено, тогаш ок.. симнувам капа. ;)
 
додека не добиеме фотки

втор дел - формирање на организацијата. организацијата е формирана од интелектуалци низ македонските и европските градови.

собите изобилуваат со староградски амбиент, мебел, столици маси свекници чајници, портрети, многу фигури од основачите и дејците во староградска облека, пред се во одела - СО ОВА СЕ ПОБИВА долгогодишната искривена перцепција на селски буни и неугледни војводи - пријатно се изненадив.

документи на полиците, состаноци и средби А ТИ КАКО ДА СИ МЕГУ НИВ ти иде муабет да направиш, штета штета што не можеш да седнеш и да се сликаш со револуционерите, фигурите се исклучително квалитетни. во позадината градски звуци на коњи луге и кочии, говор и кисли на нашите револуционери - организацијата е формирана

најголем впечаток - Мисирков на маса како ја пишува за Македонцките работи - оргинален примерок и основањето на ВМРО претпоставувам, состанок, на кој се дискутира, пие чај и други детали...интересно
--- надополнето: Sep 12, 2011 12:51 PM ---
го фатија Дончо...

оваа епизода може и сте ја гледале како помали на МТВ, факањето на Дончо штипјанчето со бомбите скриени во оризови вреки, оваа масивна сцена е прикажана во преодниот мал дел, како ходниче. Турците пред неговото апсење воопшто не биле свесни за постоењето на организацијата и нејзиното функционирање.

собата е црна, со темносиви ѕидови, гаден прљав затворски под, кој изгледа како да е мрсен и нечист, Дончо во направена келија виси окован во прангии а низ нозете му минуваат стаорци...Дончо не предал никого на турците и не го издалпостоењето на организацијата и покрај големите мачења.
 
Сум бил како дете во музеи на народно ослободителна војна надвор до македонија и нигде не сум видел во таква просторија да има и усташи и партизани или четници и партизани а ушт епомалку гемранци ил ихитлер и партизани па овој као негативен лик да биде преставен. Се беше со мотиви само на партизани и се величаше нивната борба против фашистите. И името си одговараше нов.

Ак овеќе сакаме да направием музеј на македонска борба ќе ставаме ликови ко исе бореле за македонија од сите периоди и ќе ги опишуваме тие битки и настани. Не сватливо е како може предавниците и душманите на макеоднскиот народ да бидат во ист музеј со хероите. Но македониај и се е можно :D
 
Епа тогаш нели се побиваш сам себеси или музејот сам себеси се побива. како тогаш може музејот да се вика музеј на македонска борба? Тоа ми е контрадикторно а внатре историски личности на друга кауза и борци за друга држава. Нели тоа не случајно?

Како се побивам сам себеси , ако музејот се вика музеј на македонската борба треба ли да се знае против кого била таа или тој непријател бил имагинарен . И не една сите каузи се прикажани и грко-андартската преку Каравангелис и српско-колонизаторската преку Прелиќ ......

Зоте , тргнав да пишувам подолга реплика , ама добив впечаток како да коментираме за тема филм кој јас сум го гледал (барем еднаш) а ти не си (ни еднаш) и сепак спориш со мене дека не е добар.:rolleyes:
--- надополнето: Sep 12, 2011 1:12 PM ---
Многу пристапна цена, тоа е за поздрав.

Македонцки пер, имаш андроиди, ајфони и останати курци палци кои доволно е да ги држиш у рука, спуштена удолу и да снимаш/сликаш.

Искључете звук на фотачот, шетајте и фотете.

Бтв, дали само во групи може да се влегува или индивидуално може да се шета?

Индивидуално шетање не е дозволено , се оди во групи од по 5-6 заедно со кустос . Пред мојата група имаше туристи од Шведска .

Јас барем кога бев сите од групата моравме да ги оставиме стварите во холот кај што се продаваа билетите . Сликање веројатно во Бонд стил ама и тоа изгледа тешко , сигурно и групите се снимаат додека се движат .
 
Зоте дај бе првин иди во музејот па после коментирај и не тролај на темава, конкретно за повиканите има засебни нишки, тука го обработуваме музејот како целина конкретно иљо малешевски се борел и со Србите ПА ШТО? проучи го неговиот лик и не замарај.
што е со воие фази што ги поминуваш, пред една година беше прогрчки настроен сега просрбски аман веке ко повекекратна личност си мајката

има фигури и на Колишевски, Ранкович, Фрашери и портрети на руски и австриски цареви - ама нив некако никој не ги спомнува
Кој како дава пари, за него...
И дај аман веќе остајте го Зотево, не му реплицирајте ич. Ко пролив е досаден, на секоја тема само да се серело. Лајно што смрди не се чепка.
 
Музеј Македонска Борба
Оти мислам дека првично муабетот беше музејот да носи име "Музеј на ВМРО и за жртвите од комунизамот".?

Македонцки, знам дека си горд премногу па прашањево ќе ти боде очи, ама искрено, очекувам одговор на прашањето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom