Музеј Македонска Борба - предлози и впечатоци

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


Се отвори музејот македонска борба - искрено му порачувам на секој да го посети, сум бил во многу музеи и дoма и надвор но овој е е еден од најсолидните до сега - ме остави без зборови.

бидејки Историја е доста читана - предлози што би можело да се подобри
а кој бил нека пишеи опише како поминал, бидејки фотографирање е забрането

Прошетката низ минатото започнува со влез низ масивна дрвена врата лево од главниот влез. Најпрво ве пречекува восочната фигура на Дедо Иљо Малешевски. Темно е и студено. Првиот впечаток дека ѕидовите се сосема црни и депресивни веднаш исчезнува. Зад темните површини има големи ѕидни фотографии што се делумно осветлени и ~ даваат длабочина на просторијата
Толпа луѓе трпеливо чекаат ред да влезат во новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност, крај брегот на реката Вардар во центарот на Скопје. Едни чекаат, полни со очекувања од новата музејска поставка за историјата на Македонија во изминатите неколку века. Други излегуваат со чудни изрази на лицата. Некои возбудени, други сталожени. Репортерската екипа на „Дневник“ нетрпеливо чекаше да види што ги предизвикува овие реакции.

Масивната кована врата полека се отвора. Среде огромното фоаје е витрината во која претседателот Ѓорге Иванов пред неколку дена ја положи Декларацијата за независност на Република Македонија. Девет црвени столба кружно подредени ја држат високата купола изработена со витражно стакло. Преовладува сина боја, која со црвени, бели и портокалови стакленца формира убава розета.

Добредојде ни посака Бранислав Светозаревиќ, директорот на новиот Музеј. Вели дека не е дозволено фотографирање, ниту снимање на поставката. Засега, ексклузивитетот да ја видат и доживеат поставката им припаѓа на граѓаните на Македонија и на сите заинтересирани посетители. Но „Дневник“ доби ексклузивна можност да им ја раскаже поставката на читателите.

Уште во фоајето на Музејот се забележуваат големите платна на кои е насликана историјата на Македонија. Сликите се во големи формати и изгледаат импресивно. На мермерниот под, пак, се гледа стилизирано сонце со зраци на бесконечност. Директорот Светозаревиќ ни го објаснува сето ова:

- Тоа е симбол на желбата и на непокорот на македонскиот народ!

Амбиентална поставка

Десно од главниот влез се наоѓа голема конференциска сала и една помала, намената за предавања за студенти. Целиот простор во фоајето е искористен да се постават што повеќе масовни сцени што прикажуваат делови од македонската историја. Секое дело е објаснето на легенди изгравирани на месингани плочки.

- Ќе ги менуваме оти многу тешко се читаат. Убави се, но треба да служат и на намената - појаснува Светозаревиќ.

Сепак, обиколката с` уште не започнала. Прошетката низ минатото започнува со влез низ масивна дрвена врата, лево од главниот влез. Таму ве пречекува восочната фигура на Дедо Иљо Малешевски. Темно е и студено. Првиот впечаток дека ѕидовите се сосема црни полека се менува. Зад темните површини има големи ѕидни фотографии што се делумно осветлени и ~ даваат длабочина на просторијата. Во витрините се изложени документи, оружје (боздогани, кубури, пушки кременки, бојни секири). Тука се и фигурите на Румена и Сирма Војвода, Толе Паша. Среде просторијата има и неколку дрвја и препарирано јагне како цица од својата мајка. На ѕидовите висат големи слики на кои е претставено тоа време.

Вакви амбиенти се претставени низ сите 13 одделенија на Музејот. Од ајдутството и вооружениот отпор против османлиското владеење во Македонија, преку реформите во Османлиското Царство, востанијата, политичката и културно-просветната дејност, с` до македонската револуционерна организација од 1893 до 1903 година. Следуваат Илинденското востание, Македонија за време на младотурскиот режим, Балканските војни, Првата и Втората светска војна и Народноослободителната борба. Посебен дел е одвоен за жртвите на комунистичкиот режим.

Модерна опрема за набљудување

Музејот има околу 6.000 квадратни метри, а поставката се простира на

2.000 квадрати. Музејот засега има 12 вработени, од кои седуммина се водичи. Сите се дипломирани историчари и одлично зборуваат англиски јазик. Секој од нив е задолжен за група од пет до десет посетители. Една тура низ поставката трае од 50 до 55 минути.

- Приказната на Музејот може многу да се надополнува и да се раскажува. Завршува во холот, од каде што почнува. Посетителите се симнуваат по скалите во Музејот и доаѓаат пред витрината на холот каде што централно е изложена декларацијата за независност. Тоа е крајната цел на сета оваа борба и на приказната во Музејот - објаснува првиот човек на целиот комплекс.

Поради специфичните експонати, температурата во Музејот мора да биде меѓу 17 и 20 Целзиусови степени. Таа не смее да надмине 25 степени, ниту да се спушти под 5 степени. Има посебен систем за регулирање на температурата, влажноста на воздухот и на проветрувањето. Има системи за набљудување, камери, системи за следење и други безбедносни заштити.

Стотици граѓани го посетиле музејот викендов. Пристигнале и првите странци - Холанѓани, Шкоти и Германци.

- Сите тие беа воодушевени. Најмалку очекувале дека на Балканот може да има ваков музеј кој во поглед на технолошкиот и концепциски пристап е во рамки на најголемите светски музеи - вели Светозаревиќ.
Потресни сцени, феноменални портрети и етничка застапеност

Во Музејот амбиентално се претставени и неколку потресни сцени. Една од нив е бесењето на војводата Александар Турунџев. На бесилката виси неговото тело, а околу него веќе се насобрале десетици гаврани. До бесилката е поставена голема камбана.

Препознатливи се и фигурите на преродбениците Крсте Петков Мисирков и на Григор Прличев, а во истата просторија е сместен и Наим Фрашери, кој во истиот период дејствува и има влијание врз Албанците во западниот дел на Македонија.

Во Музејот е претставена и восочната фигура на Ванчо Михајлов, во моментот додека дава наредби за убиство, а тука се извршителите Мара Бунева и Величко Георгиев-Керин (Владо Черноземски). Поставката завршува со младински работни акции од едната, и работни акции на Голи Оток од другата страна. Претставени се фигурите на Петар Пирузе-Мајски, Брашнаров и Венко Марковски, а спроти нив фигурата на Александар Ранковиќ како симболика дека некој ги надгледува.

- Прикажано е с`. И херојството и предавството. Ако не ја прикажеме и таа страна од нашата историја, треба да објасниме зошто Македонија не е до Индија. Сме имале многу порази и трагедии, тоа е дел од нашата историја и ние мора да се соочиме со тоа - дециден е директорот Светозаревиќ.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
Музејот според кажувањата е фасцинантен...
и така после се, сите плукања и реметења на сметка на овој музеј,се безначајни.. плукачите сега само се множат по нула
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не билдајте мислења без релевантни информации за темава.

Кој бил, нека сподели впечатоци и ако успеал да ископа некоја фотка би било одлично! :)

Дали Музејов има веб сајт или во најава е?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
Не билдајте мислења без релевантни информации за темава.

Кој бил, нека сподели впечатоци и ако успеал да ископа некоја фотка би било одлично! :)

Дали Музејов има веб сајт или во најава е?
Забрането е фотографирање,најстрого
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Не билдајте мислења без релевантни информации за темава.

Кој бил, нека сподели впечатоци и ако успеал да ископа некоја фотка би било одлично! :)

Дали Музејов има веб сајт или во најава е?
веб страна не успеав да најдам, ти би се преселил во музејов, :)

холот е кружен со кружни скали, луксузно направен, тука чекаш кустос/водич по нашки, додека чекаш имаш МАСИВНИ слики по цел хол од сите периоди, одлично изработени слики, не сме имале и не сме виделе до сега такви...слики од вмро, ноб, младотурската револуција, мегувојните, многу јако.

првата поставка е ајдутството, влегуваш во темна просторија, се е затемнето освен поставките кој се акцентирани со светло, значи ти стануваш небаре невидлив, како да патувате низ времето незабележани...добро е.

секоја соба е амбиетална, во ајдустството те пречекуваат одлично изработени фигури на иљомалешевски, сирма војвода, масивен портрет на востанието и берово како гори (насловна дневник) во ѕидовите поставки на кубури и пушки, по некој документ и печатите од штабот. собата е како шума, нели ајдутите се криеле по шумите, со две три дрвца, јагниња, по некоја птица, а а позадината/ѕидовите се декорирани со вистински дрва застаклени во самиот ѕид, и нешто фототапети.има позадинска музикашто многу допринесува за доживувањето.

ке пишувам етапно за секој дел, немам време тука
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Знам дека е забрането фотнување, но забранетото е секогаш најслатко.

Јас кога би имал можност би напраил некои фотки со мобилен во стилот на Бонд, не бидете толку послушни пацери и тркнете до музејов.

Кој напраи фотка и првин ја закачи на темава, ќе го частам темно пиво и пржени тиквици у Торос! :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Знам дека е забрането фотнување, но забранетото е секогаш најслатко.

Јас кога би имал можност би напраил некои фотки со мобилен во стилот на Бонд, не бидете толку послушни пацери и тркнете до музејов.

Кој напраи фотка и првин ја закачи на темава, ќе го частам темно пиво и пржени тиквици у Торос! :)
договорено :)
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
кај ке направите бе фотки, групите се по 7 души, до водичот сте залепени цело време, врие обезбедување доле - ко гробот на александар да го чуваат.

100 денари е карта
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
како може и мара бунева и ванчо михајлов , да бидат во ист музеј со нашите херои , па тие двајцата се бугарофили душмани на македонскиот народ .
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Знам дека е забрането фотнување, но забранетото е секогаш најслатко.

Јас кога би имал можност би напраил некои фотки со мобилен во стилот на Бонд, не бидете толку послушни пацери и тркнете до музејов.

Кој напраи фотка и првин ја закачи на темава, ќе го частам темно пиво и пржени тиквици у Торос! :)
Само ќе ти се створи погрешен впечаток .....подобро игнорирај фотки и види ги експонатите во живо .
Восочните фигури се навистина реалистични како и сценографијата каде се поставени , за мене навистина импресивни беа уметничките прикази на историските настани . Би издвоил неколку ...Битката на Ножот ,Германос Каравангелис дава пари за главата на Лазар Поп Трајков, Битката на Мечкин Камен , Колона на партизани во зима итн.....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не се забранува фотографирање зошто штети, туку зошто се губи автентичноста на градбата, поточно, помалце ќе има заинтересирани да дојдат да видат кога ќе ги видат сликите, вака ќе речат баш да одам да видам како направиле.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Бидејќи темата е поплаки па ме интерсира дали оваа поллака е на место која ја прочитав испод статијата за музејот на дневник.

Иљо Малешевски присуствал на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, со кој се креирала Голема Бугарија со целата Македонија во нејзиниот состав, како бугарски претставник. Истиот бил награден од рускиот император за учеството во војната за ослободување на Бугарија (во документот стариот комита бил експлицитно опишан како Бугарин). По 1878 година Дедо Иљо Малешевски се иселил во слободното Кнежество Бугарија, каде добил државна пензија како херој од борбите за национално ослободување, а во 1885 независно од неговата длабока возраст се вклучил на бугарска страна во Српско-бугарската војна. Починал во Ќустендил, Бугарија, на 17 април 1898, и бил погребен со почести. Неговата куќа денес е негов музеј:

http://www.kyustendilmuseum.primasoft.bg/bg/mod.php?menu=3700&mod=userpage&page_id=163 * http://www.museumsbg.com/search/IlyoVoivodaHouseM-b.html


И сега ние треба овој да го славиме како наша историја? Ако сум интелегентен со музејот сакаат да не збилижат со бугарија и да ни докажат дека имаме заеничка историја?
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Зоте , мене например не ме зближија .

Кустосот беше сосема на ниво , и кога дојдовме до фигурата на Михајлов сосема исправно го прикажа како искључително негативна личност и инструмент на бугарската политика.

Многу подобро би било прво да го посетиш музејот пред да даваш било какви квалификации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom