Се почна со стартот на Цуцули (се гледа во снимката, играчот од Охрид прв стигнува до топката, а овој закасни и го гази, јак жолт, ама не црвен), и судијата кој тотално беше изгубен му додели црвен поради жестоката реакција на гостинските играчи, во која предњачеше капитенот (десетката), и со тоа непотребно ја подгреваше атмосферата (дури и гостинскиот тренер тоа го има потенцирано во интервјуто после натпреварот), а во второто полувреме потоа да компензира за Шкендија, и да направи попара од фудбал.
Потоа на полувремето се случи тој инцидент, но беа спречени одма од полицијата и обезбедувањето (дури тој гостински резервен играч повеќе беше турнат отколку удрен), и потоа продолжи со брканица со полицијата.
Што има да се казни тука клубот, кога веднаш реагираа да се смири ситуацијата? Нека се казнат тие што влегоа на терен во полувремето (по некоја пријава, да се опаметат другите да не се осмелат веке да стапнат на зелениот терен, бидејќи стварно го заслужуваат тоа), а вие сите не општинска лига , туку и правец друга држава ни пожелувате.
Се сеќавате лани Металург кога буквално пред камери беа истепани гостинските играчи на Напредок, немаше ни казна без публика ни надвор 100 км, но кога станува збор за Шкендија, сите јуришат да докажат дека треба драконски казни.
Вратете се назад неколку месеци во форумот, и кажете кој од вас побара казна за Металург, а таму освен „тепачите„ од обезбедувањето, директно учествуваа и играчите.
Ама Шкендија е трн во око, и мора да се казни, а сигурен сум дека ФФМ сигруно ќе примени „прописни казни„ само за Шкендија. (за другите не се осмелува, да не збориме Скопје лани како ги пречекуваше гостите).
Да некогаш, и ние заслужуваме да бидеме казнети, бидејќи се преминуват границите безпотребно, но во овој случај, овој непотребен инцидент, бргу се стави под контрола, и ставрно нема потреба од сатанизација на се што е поврзано со Шкендија и Тетово.