Добра неискористена шанса на 22ката не знам кој играч беше, а гледам и замена, принудна најверојатно, и тука ли пак Депортиво ќе ги пратат повреди..
Саломао е 22-ка, си гази
Мислам дека не беше принудна измена, туку Ажозе беше лош во одбрана, па сега влага Саул кој е криво, а Гвардадо би требало да оди на левата бековска позиција. Голема рокада
Одлично играме, ама некако сме слаби во одбраната...
EDIT: Сепак Ажозе излегува поради повреда...
--- надополнето: Sep 11, 2011 7:33 PM ---
Правиме од готово вересија.
2-3 е сега со голот на рафиња или пак втор беше на Родри...
Играме лошо второ полувреме
--- надополнето: Sep 11, 2011 7:58 PM ---
Добро е, тепавме сепак
На крајот Барселона Б-Депортиво 2-3...
Како фуриозно почнавме мислев дека до десет ќе броиме. Прво судијата ни поништи гол, поради офсајд на Валерон, веќе следнара на асистенција на Гвардадо, Ласад го откри резултатот.
Одново на асистенција на Гвардадо. Ласад го зголеми резултатот на 2-0, а веднаш потоа со гол од пола терен (сигурно еден одс најубавите ќе биде за оваа сезона) Гвардадо зголеми на 3-0.
Родри кој беше убедливо најдобар поединец веднаш намали, искористувајќи ја збунетоста на Колото и Ажозе.
Е тогаш се случи непредвидена повреда. Ажозе се повреди, а Гвардадо мораше од позиција десно крило да оди на левата бековска.
Саул влезе на негово место.
Саломао имаше шанса да донесе восдтсво од 1-4, но беше себичен откако излезе сам пред гол и шутна, а можеше да додаде до Ласад. Во вториот дел Барса Б тргна на се или ништо.
Како и нивниот прв состав, така и они играат слична игра. нема да верувате колкава беше посесијата на топката на крајот на мечот.
Околу 75 % наспрема 25 бо корист на домаќините
Од 30-тата минута ја имаа топката и во цело второ полувреме. Беа безопасни долго време, а Депор се закануваше по контри. Тогаш и Ласад побара измена, и Олтра наместо да го стави Циско, во нападот го остави сам Пабло Алварез кој е десно крило
Барса Б почна сериозно да се заканува и имаа доста полушанси но ништо конкретно. На 15 минути до крај Родри се прошета низ нашата одбрана, а рафиња намали на 2-3...
И Колото побара измена поради повреда претходно, па Зе кастро го замени.
На повредите им немаше крај, пошто Пабло Алварез се жалеше до крајот на мечот, на некоја повреда на ногата али остана во игра...
Напаѓаа домаќините но ништо конкретно. На крајот во 94 минута Родри беше прекраток откако со клизач се фрли по една топка. Ако ја допреше сигурно ќе ирамнеше...
ОД грешките се учи...
Не потребно се затворивме по одличниот прв дел. Сепак победа си е победа, а оваа е многу важна бидејчи вториот тим на Барса е еден од подобрите во Сегунда.
Следно коло дома со Сабадел кој треба лесно да го совладаме