Не постои телескоп, ниту каков било друг инструмент што може да регистрира органски молекул во некој друг ѕвезден систем оддалечен илјадници светлосни години од нас.
Она што можеме да го регистрираме се електромагнетни бранови, космички шум, најчесто емитуван од ѕвездите, од пулсарите и сл.
Стотици приемници деноноќно го снимаат небото и го анализираат космичкиот шум надевајќи се дека ќе наидат на некоја интелигентна низа на информации (пример: низа од прости броеви во декаден систем) што на научниците би им било доказ дека тие информации се емитувани од некои интелигентни наши соседи во вселената.
Впрочем тоа го направивме и ние кога го пративме Војаџер 2 надвор од Сончевиот систем со еден куп интелигентни информации во него (златни дискови со дигитална снимка на бебе како плаче, здраво на повеќе јазици, некои популарни песни, слики од нашата планета и сл.)
За теистите тоа е сосема рабирливо, бидејќи тие веруваат дека информациите не настануваат случајно и дека мора некое интелигентно битие да ги креира и емитува.
Но прашањето е зошто атеистите трагаат по истото, ги имаат истите очекувања и истите критериуми? Зошто за нив интелигентната информација би значела интелигентен емитувач, кога согласно нивната вера, информациите можат да се создаваат и случајно?
п.с. Се надевам дека сега го укапиравте прашањето
Ако не, ве молам не избрзувајте со сарказмот, туку обидете се повторно да го прочитате прашањето и да одговорите. Ако не ви текнува одговор, поштедете ја темата од мирц муабети.