Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Heptagram,
Da, seushte e.
Si go propushtil da go prochitash mojot post vo "Koj e Bog",prochitaj i kazi kogo raga Toj?
Koj e Negov sin?
Па може да ставиш линк, ќе го прочитам... Да не барам по цела тема, ако не ти е тешко.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Постот каде што велиш дека детето е Бог?
Тоа требаше да го видам?

Ако детето е бог тогаш сите сме богови... Со растење не би требало да станеме не богови :) Добри или зли, сепак сме богови :)
А бидејќи создаваме како богови, според нашиот лик, немам проблем со твоето размислување, онака како што јас го разбирам...

П.С. И што е врската со Исус тука? :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Toj e tvoj sin telesen,a Tatko duhoven.
Ti si sinot Bozji.:)

Ushte ne veruvash deka Bog ima sin?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Значи
Toj e tvoj sin telesen,a Tatko duhoven.
Ti si sinot Bozji.:)

Ushte ne veruvash deka Bog ima sin?
Значи без вртење во круг. Бесконечна рекурзија го бутка системот. :)
Мојот син е мојот татко духовен.
Моментално синот го чита ова, и се чуди на овие Ошо извртени реченици.
Гностиците имаат исти такви реплики во стилот: Јас сум невестата и зетот, јас сум Таткото и Мајката, јас сум Жив оган иако сум мртов...Јас сум Ти и Јас не сум во тебе :)

Такви изјави има многу... но нема многу далеку да изодиме така :)

П.С. Еден Бог да владее над сите, не може :) Ниту пак крвното наследство да постои без избор. Демократија :)
П.П.С. И ако ова е пак некоја метафора, немој. Метафорите се за да се скрие нешто од другите, неупатените!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во тората се вели дека ќе дојде јудејски цар, кој ќе ги обедини под едно сите племиња, и ќе биде над сите други цареви, наследникот на Давид.
Конечно дознавме кој е твојот таинствен историски извор од каде што црпиш информации за твојот Исус - Тората.
Епа ајде да одиме по ред:
Каде во Тората се вели дека ќе дојде Јудејски цар кој ќе ги обедини под едно сите племиња и ќе биде над сите други цареви, наследникот на Давид?
Еве бидејќи не милуваш преводи на Тората (бидејќи нели никој од светските образовани преведувачи не ти е рамен) можеш и да ги напишеш цитатите на еврејски, само те молам напиши референца каде точно во тората се наоѓаат тие цитати (која книга, кое поглавје, кои стихови)

АКО и само ако велиме дека постои тој историски Исус, тој собира толпа околу него, поткован е добро во еврејските закони (подготвуван е за цар), и се прогласува за Цар (ок, го прогласуваат ајде, ќе им веруваме на редакторите овој пат). Откако по разни шетања ваму таму, дознава дека тешко дека ќе стане цар, сикарите не му се од голема полза и што? Ете го кај почнува да проповеда дека неговото царство не е од тука.
Каде во Тората пишува дека Исус собира топла околу него? Каде во Тората пишува дека се прогласува (или го прогласуваат) за цар?
Каде во Тората пишува дека по разни шетања ваму тами дознава дека тешко ќе стане цар и почнува да проповеда дека неговото царство не е од тука?
Каде во Тората?

Сигурно не е бесцелно редењето на цело родословие.
Каде во Тората е наредено целото родословие на Исус?
Каде во Тората?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Конечно дознавме кој е твојот таинствен историски извор од каде што црпиш информации за твојот Исус - Тората.
Епа ајде да одиме по ред:
Каде во Тората се вели дека ќе дојде Јудејски цар кој ќе ги обедини под едно сите племиња и ќе биде над сите други цареви, наследникот на Давид?
Еве бидејќи не милуваш преводи на Тората (бидејќи нели никој од светските образовани преведувачи не ти е рамен) можеш и да ги напишеш цитатите на еврејски, само те молам напиши референца каде точно во тората се наоѓаат тие цитати (која книга, кое поглавје, кои стихови)

Каде во Тората пишува дека Исус собира топла околу него? Каде во Тората пишува дека се прогласува (или го прогласуваат) за цар?
Каде во Тората пишува дека по разни шетања ваму тами дознава дека тешко ќе стане цар и почнува да проповеда дека неговото царство не е од тука?
Каде во Тората?
Каде во Тората е наредено целото родословие на Исус?
Каде во Тората?
Премногу КАДЕ Чорбаџи... Ќе седнеш и ќе си го испотиш газот, бидејќи патот кон Богот не е само тумачење и читање и верување на книги кои што се сомнителни.
Ќе ме извиниш, но нема да те поучувам за да потоа отфрлиш бидејќи „верата“ не ти дозволува ова или она. Немој со мене такви христијански финти: Покажи каде, а јас ќе ти мавнам 5-6 цитати од Новиот завет како е вистината.
Тоа, ти кажав, на оние таму на кои им треба пастир. Јас кажав доволно.

Не го извртувај муабетот Чорбаџи. Децата ќе наседнат, ние, не! Ти го читам умот христијански. Сите во една иста матрица животарите и размислувате. А природата бара варијации :)

Реков АКО, значи АКО Исус е историска личност и записите дури и редактирани подоцна од грчките препишувачи(МИСЛАМ НА НОВИОТ ЗАВЕТ), ете содржат некои валидни информации, и се поврзат со историјата на Рим и Јудеја(ако се најдат сличности нормално), тогаш од тие записи може многу лесно да се заклучи ОД КАДЕ ИСУС собира сикари, избегнува ликвидирања, откако цел еврејски народ го отфрла заради ова или она за легитимен цар, тој, забегува и проповеда (добро поткован во еврејските закони бидејќи бил од мал подготвуван за цар[каде е тој сите тие години пред да почне да проповеда?]) дека царството ете не е од тука... Ајде не е од тука. Нека си владее таму некаде, но само со евреи, ако го прифатат, а другите ќе чекаат виза за таму :)

Чорбаџи, еве ти еден пропуст во новиот завет, ако се гледа како историски документ тој загадочен исфилтриран документ, премногу препишуван и изобличуван:

Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
Ако Марија е посетена од „анѓелот“ Гаврил(ангелос кажавме таму некаде назад што е, оди да си прочиташ) и го прифаќа тоа дека ќе донесе цар на Израилот, зошто подоцна, во една сцена откако на Исус му кажале ете ги мајка ти и браќата и сестрите твои се надвор, а тој одговара дека негова мајка и негови браќа и сестри се оние кои го следат словото.
Ахам... дали не заклучуваме дека Марија не го следи словото? Зарем не заклучуваме дека браќата негови и сестри го напуштаат, бидејќи во него влегол бес? Да најдеме во новиот завет (како веродостоен историски документ демек) каде што се вели дека исус е надвор од себе (лудак?)?
А зарем Марија претходно не ни е кажано дека го прифаќа словото и е свесна што донесува на свет?
Зарем престолот на Давид не е еврејското царство? Зарем заповедта на Исус откако „воскреснал“ кон своите ученици ширете го зборот кај сите народи не значи низ сите племиња за да се обединат еднаш за секогаш?
Дали Исус е голем додека „седи“ на престолот на Давид или е бедник закован на крст?

Немој да ми толкуваш во духот на христијанските извртувања на се што не разбраа од евреите(нели тие беа неписмени, 1% знаеа да пишуваат, а рабините се тие кои се закон на земјата и го објаснуваат законот на небото на простите).
Немој ти се молам да мешаш Тората со бедни рисјански измислици и извртувања на целата вистина... „Ѓаволот“(и се што спаѓа под тој ваш симбол) ви ги замати сметките на сите, и целата невистина очајно со секакви цитати и секакви толкувања (а малку работа и резултати) се трудите да ја прикажете во ваше, лажно светло...

Продолжи ти да толкуваш и да ми кажуваш како новиот завет(без голем број апокрифни дела, отфрлени заради оваа или онаа причина) е историски валиден документ кој што нуди вистина за тој некој си Исус, можен син на Јуда Гамалиел, бунтовникот од 6 г., но знај дека мене ме иритираат измислици и ловци на бедни по дух за да си ја докажуваат верата. Но може за промена да си ја научиш верата и законите, и да се обединете во една црква. Тогаш, ќе разговараме на друг начин.
Вака, се обидувам да покажам пропусти на еден куп христијански учења, кои секој за себе си вели дека е вистинското!
Решете кој од вас е во право.
Па потоа ќе разговараме, за да знам каде што е згрешено, измислено извртено итн итн...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Heptagram, не побарав од тебе нова проповед, ниту да си одговараш на прашања кои сам си ги поставуваш за да се правиш паметен. Би можел многу лесно да ги разобличам твоите паушални (од ракав истресени) тврдења околу Исус погоре, но не сакам да ја дефокусирам дискусијата и да ти дозволам да го заобиколиш прашањето кое по 5ти пат ќе ти го поставам сега:

Кои се тие твои таинствени историски извори поверодостојни од новозаветните документи од каде што ги влечеш тие заклучоци за твојот Исус кој се разликува од христијанскиот Исус?
Очигледно ти претставуваш една поинаква слика за Исус, еден поинаков профил на Исус, со поинаков епилог и сл. Тоа е во ред, но мене (а верувам и други) ги интересира од каде, од кои извори ја црпиш таа слика за Исус? Дали таа слика е производ на твојата имагинација или можеби користиш некои нови археолошки откритија за кои ние не знаеме?
Остави ги новозаветните документи на страна. Кристално ни е јасно дека тие за тебе се неверодостојни, редактирани, фалсификувани, фабрикувани и сл. Батали го и ангелот и Марија. Зборувај за твојот Исус, за твоите таинствени извори.

Ако тврдиш дека Исус не постоел, тогаш тоа е контрадикторно на се она што го кажа за него, бидејќи непостоечка личност не може да биде наследник на Давид, не може да биде подготвуван за цар, непостоечка личност не може да тврди дека има царство кое не е од овој свет итн.

Значи среди си ги мислите и заземи јасен и концизен став. Веруваш или не веруваш дека постоел Исус (Јешуа)? Доколку веруваш дека можеби постоел (иако во поинаков профил од христијанскиот), тогаш приложи ги твоите извори од каде што ја црпиш твојата слика за Исус.
Чекаме...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
М

Како што велиш ти, таинствени мои извори... нека останат таинствени, немам потреба да ги разотктијам... Но и ти ги имаш пред очи.
Преставувам поинаква слика за историскиот Исус, не заборавај дека можеби е нешто друго тој Исус... не како што ми те учат.
Користам археолошки сознанија, дела за кои ти немаш пристап.
Ако тебе може некоја „овца“ да ти верува на тоа што ти го проповедаш како вистина, зошто моите излгања да не натераат некој истражувач да истражува од кажаното?

Ах, но јас не сакам да го оставам тоа настрана... Марија и Исус, Исус и Тома (близнакот) ... Зошто да го оставам тоа настрана? Не одговара на христијанскиот дух? Ве збунува? Па јас напишав еве еден случај... а ги има премногу...

Види Чорбаџи Ефенди... Јас реков ако Исус е историска личност тогаш, ајде да ги разгледаме тие твои веродостојни списи како историски факти, и ете, следува тоа што го напишав. Ако не е историска личност а сосема нешто друго, тука ќе си молчам, не е мое да зборувам за тоа.
Јас реков, ако е едно и ако е друго. Не реков јас дека Исус е историска личност, Чорбаџи :)
И нема да прочиташ од мене што јас знам дека е исус.

Верувам зборот користи го таму меѓу своите, не ми го продавај мене тоа :)

Ајде да те просветлам, оти гледам дека не сакаш да ме разбереш.
МОЈАТА слика за Исус, ако го гледаме како реален лик, историски (бидејќи нели бовиот завет е историска книга) доаѓа од баш тие новозаветни списи, затоа и дадов такви примери со промашувањата и двосмисленостите и неточните информации, како со Марија и Исус и тој пратеник кој што нема ништо духовно (ангелско) туку сосема материјално, човечко :)
А ако ми кажеш дека е нешто друго за вас христијаните, и ми објасниш што е тоа... можеби ќе биде ок :)

И не ми вели мене дека не ми е јасна мислата, тебе не ти е чиста размислата.:cautious:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
МОЈАТА слика за Исус, ако го гледаме како реален лик, историски (бидејќи нели бовиот завет е историска книга) доаѓа од баш тие новозаветни списи,
Ајдеее, прво велеше Тората, па откако те предизвикав да цитираш каде точно во Тората ги пишува фикциите што ги проповедаш за Исус, сега пак велиш од новозаветните списи - од истите тие списи чија историчност и веродостојност не ја признаваш и веруваш дека биле фабрикувани, менувани, дека било додавано, одземано и сл.
Зарем не е тоа контрадикторно?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Не Чорбаџи, јас убаво зборувам, концизно како што велиш ти, но ти бегаш накај тората и вашиот таканаречен Стар завет рисјански, бидејќи твојот нов завет, за кој велеше дека е историски документ (за христијани само изгледа) ако почнуваш да не го толкуваш туку да врзуваш два и два, ќе видиме дека АКО, значи ако Исус е историска личност, тој е само евреин, човек, потомок на Давид,тој долго очекуван цар кој што ќе го обедини израилот. Еден еврејски бог, еден цар на земјата. Совршенство. Пак ќе прашам: Каде вие се буткате со евретите, а христијани?

Ајде сега за списите, ПАК!
Извадивме море христијанину цитати од тие списи? Марија е посетена од анѓел или од гласник, смртник? Роденото дете, ќе биде цар на израилот или на цел свет? Што вели тој гласник? Синот во иднина, зошто не ја препознава мајка му како една што го подржува во намерата да стане цар?
Од кои племиња се следбениците на Исус? Ајде историчару, што ти вели црквата за нив?
Кој има секс со Марија невината? Историски документи ми велиш? Марија чија крвна лоза е? Зошто таа раѓа цар? Сигурно не е обична еврејка.
Мислам дека треба да видиш реални историски документи во животот, не верски памфлети.

Ех чорбаџи, јас не се замарам да признавам или не ваши списи, зарем јас ти велам да признаваш или не мои списи? Јас го давам Законот и заминувам, ваше е дали ќе прифатите или не, што имам јас со тоа? Јас овде ете, само вадам цитати и прашувам зошто има глупости по новиот завет. Се нервираш?
Велам дека исус не спасува никој, туку умира тажно и болно на крстот, како некрунисан цар на евреите. Зошто? Види таму по твоето писмо, кое велиш дека е веродостојно и историски точно и без промени, онака како што го запишале тие следбеници на исус во тоа време.. А и другите ќе истражуваат ако духот им го бара тоа :)
Ако ми кажеш дека ти го прифаќаш тоа писание, од божествениот исус ќе остане прашина, знаеш и самиот, затоа вртиш и вртиш. Ми вртиш дури накај тората и вашиот стар завет. Протестантска работа. Ќе те прашуваат се додека не кажеш е тоа не е проучено или не знам, и сета претходна вистина што им си ја бапнал во... очи, тие ја отфрлаат. Горделиви христијански ку... Ајде ќе останам културен, иако ме иритираш веќе со своето дрдорење како и секој пастор.

Вие сте како играорци кои го знаат „Тешкото“ напамет, го зборуваат и како мед да им тече од уста, но ако се фатат на оро, ќе се испокрашат и самите себе си, а и другите. Вашите слатки зборови пастиркси, се отров за духот за „овците“. Смирете се, не го уништувајте духот на човекот, нека истражува :)

Зарем вие ги заборавивте своите богови бидејќи предците ви беа слабаци и лакоми за сребро? :)
Тоа си е ваш проблем знаеш... но немој вашите слабости да ми ги презентираш како најголема доблест, како апсолутна вистина.

П.С. И како што кажав претходно, оди таму на христијански прашања и средете си ги мислите со православните, католиците, адвентистите, простестантите, сите фракции и дојди кажи ми дали сте се сложиле околу тој ваш „спасител“ Исус кој ве спасува од гревовите дури и мртов. Не ми досадувај со едно та исто. Ти и твојот дух никогаш нема да се дрзните да истражувате ако тоа не ви оди во прилог. Ќе отфрлите дури и пред да разберите. Повеќе ви лежи верувањето... штета.
„Воскреснувачките богови“ од минатото, да ги оставиме да скапуваат чорбаџи. Сега имаме нови знаења за светот :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Heptagram, ти сега можеш да плукаш и фрлаш камења по мене и новиот завет до сто едно и назад. Тоа е сосема разбирливо за некој што добил нокаут и излетал од рингот па сега вришти од публика. На рингот беше поканет да ги соочиме аргументите и да видиме кој верува во поверодостојни историски податоци за Исус. Јас ги отворив моите карти и кажав зошто верувам во нив. Ти непрестајно плукаш по моите карти и жилаво ги криеше твоите таинствени. Проба да блефираш дека имаш некоја добра карта (тора, новозаветни документи дрн дрн), но кога ги отвори не видовме ништо освен траги од своите плуканици. Мислеше дека ќе ја закриеш твојата аргументирана празнотија со долги проповеди каде што наместо да изнесеш аргументи, ти си правиш talk show пишувајќи надвор од темата и одговарајќи на прашања што сам си ги поставуваш. Опрај се додека е време.
 
Знаеш дека тој историски евреин(ако постоел) го заковаа на крст бидејќи беше напорен и досаден, а тоа го однесе до работ да биде лудак? Го заковаа и бидејќи цар сакал да се стори?
Знаеш дека христијаните ги фрлаа на лавови оти беа досадни и напорни и велеа на сите филозофски школи дека се расипани, подли и дека ќе горат? :)

Смени се ти Чорбаџи, јас сум стар за тоа, а и ти си секако една фракција од една големо недоразбирање. Разоткриени се вашите кованици, но наместо вие да ги надградите ашите познавања и да се поправите, други дознаваат и заминуваат од вашите бладања... Најмногу атеисти стануваат луѓе кои ќе го прочитаат тој нов завет кој што е целиот извртен, нелогичен, самиот содржи контрадикторни информации за некој си евреин... Историскиот документ станал comic book :)

Аман бре Чорбаџи и ти и твоите карти, и мерење пениси кој ги познава подобро на памает вашите кованици... Јас ова јас она... со дискредитирање на моето знаење, Исус нема да дојде :) Ринг? Што зборуваш море? Ти ептен си бил забеган :)
Ок, јас одстапувам... или ќе треба да се опијам и да правиме муабет, бидејќи и лудиот бега од пијаниот :)
Замисли, јас како нехристијанин какви познавања имам за твоите верувања... Ти Чорбаџија, дали си запознаен со други, туѓи верувања? Ги презираш? Ти најде да зборуваш за рингови, ограничен во своите илузии... освен за библија, друго и не познаваш ниту пак ќе запозанеш. Нормално тебе тоа ти е доволно. Таквите се доволни само на лавовите.
Јас всушност не можам ни да кажам дали ти знаеш нешто или не... премногу ги мешаш верувањето со знаење... Забегана работа.
Верување и знаење сепак се сосема различни работи. Во ринг со забеган секако ќе загубам :)
Сега, како добар рисјанин, ќе заминеш, и ќе ги провериш сите учења на христијаните, и види со кои не се сложуваш и зошто, бидејќи и тие се твои браќа и сестри во христа, и треба да ги љубиш а не да се докажуваш со нив и да им велиш дека грешат :). Прво од домот ќе си почнеш со разбирањето на светот, па ќе дојдеш до кај мене.
Јас, секако не се сложувам со христијанските (сите фракции) идеите за Исус и неговите учења, ако ги некогаш учел како што е запишано во кованицата наречена од вас новиот завет.
И додека има луѓе како мене, а ги има премногу и се повеќе, и во иднина некој друг ќе виси на крст ако блада и ги осудува другите.
Денес можеме и молњата да ја затвориме во шише :)

п.с. Еве да смениш да не гледаш само протестантски телевизии и емисии:
http://www.ted.com/talks/dan_dennett_on_our_consciousness.html
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ти плукај колку сакаш против мене, прави си ток шоу, а јас педантно ќе ја разобличувам твојата темелна аргументирана празнотија: говорење за историјата без историски извори :)

Знаеш дека тој историски евреин(ако постоел) го заковаа на крст бидејќи беше напорен и досаден, а тоа го однесе до работ да биде лудак? Го заковаа и бидејќи цар сакал да се стори?
Од каде знаеш дека го заковале на крст? Од каде знаеш дека сакал цар да се стори? Од каде ти се овие информации? Врапчето ти кажа или на сон ти се сони?

Знаеш дека христијаните ги фрлаа на лавови оти беа досадни и напорни и велеа на сите филозофски школи дека се расипани, подли и дека ќе горат? :)
1. Прво ме интересира од каде знаеш дека христијаните ги фрлале на лавови? Од каде ти се тие историски податоци? Врапчето ти кажа или на сон ти се сони?

2. Кој и како ги излажал сите тие христијани (современици на апостолите) дека Исус воскреснал па овие и животите си ги дале за таа лага?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom